ЕСЕ: За 84 отсто здравствените работници корупцијата е делумно или многу распространета во секторот во кој работат
1Алиу: Брзата помош во Скопје ќе стане посебна институција, пристигнуваат 100 нови амбулантски возила
2ЕСЕ: За 84 отсто здравствените работници корупцијата е делумно или многу распространета во секторот во кој работат
МакедонијаСобранието ја зајакнува соработката со Европскиот парламент преку размена на искуства Собранието ја зајакнува соработката со Европскиот парламент преку размена на искуства за демократски надзор, транспарентност и отчетност.Генералниот секретар Марина Димовска предводи Делегација на службата на Собранието, во состав Бобан Стојаноски, заменик на генералниот секретар, Елена Доцевска Божиновска, државен советник за политички систем, Сања Богатиновска, раководител на сектор за работни тела на Собранието од областа на политичкиот систем, Данчо Јаневски, раководител на сектор за работни тела на Собранието од областа на финансискиот и економскиот систем и јавните дејности, Трендалина Синани Таири, раководител на одделение за нормативно-правни работи, Марија Стефанова, раководител на одделение за мултилатерална соработка и меѓународни парламентарни собранија и Татјана Здравеска, советник на комисијата за одбрана и безбедност, која учествува на дводневна размена на искуства во Европскиот парламент во Брисел на 9-10 јуни 2026 година, фокусирана на демократски надзор, транспарентност, отчетност и најдобри парламентарни практики. Размената е организирана од одделот за поддршка на демократијата и координација на изборите на Европскиот парламент, а програмата овозможува споредбени искуства и експертиза помеѓу администрациите на Европскиот парламент и Собранието. Во воведните обраќања на Марта Удина, раководител на Одделот за парламентарна поддршка и градење капацитети во Европскиот парламент, и Марина Димовска, генерален секретар на Собранието, беше нагласена важноста на зајакнувањето на парламентарните институции, со фокус на транспарентноста и подобрувањето на демократското управување како дел од процесот на интеграција во Европската Унија. Во текот на програмата, учесниците имаа размена со високи функционери, експерти и пратенци на Европскиот парламент за широк спектар на теми, вклучувајќи парламентарни процедури, транспарентност на законодавството, јавен пристап до документи, управување со групи на интереси, стандарди за етика и интегритет, односи со медиумите, борба против дезинформации, заштита на лични податоци, управување со судир на интереси и механизми за одговорност во рамките на парламентарните администрации. Делегацијата, исто така, размени мислења со членови на Европскиот парламент кои се активно вклучени во односите со Северна Македонија и Западен Балкан, вклучувајќи го Томас Вајц, постојан известувач за Македонија, Лукас Мандл, ко-претседавач на Групата за поддршка на демократијата и координација на изборите за Западен Балкан и Андреас Шидер, поранешен претседател на Делегацијата во Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Македонија. Исто така, програмата опфати и неколку билатерални средби помеѓу генералниот секретар на Собранието Марина Димовска и високи функционери на Европскиот парламент, вклучувајќи го Алесандро Ќјокети, генерален секретар на Европскиот парламент, и Пјетро Дучи, генерален директор за надворешни политики на Унијата, со фокус на административната соработка, институционалниот развој и идните иницијативи за градење капацитети. Програмата вклучува размена на искуства, кои ја потврдуваат заедничката посветеност на двете институции за зајакнување на демократските институции, со фокус на транспарентноста и отчетноста и поддршка на континуираниот напредок на Република Северна Македонија на нејзиниот европски пат.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНов Закон за обновливи извори: Реформа што ја менува енергетската иднина на Македонија Реформа што ја менува енергетската иднина на Македонија – енергетски заедници, поголема заштита за граѓаните и силна поддршка за инвестициитеУсвоен новиот Закон за користење на енергијата од обновливи извори , со што Македонија направи еден од најзначајните реформски чекори во енергетиката во последните децении. За првпат обновливите извори на енергија се уредуваат со посебен закон (Lex specialis), со кој се воспоставува современа, европски усогласена и предвидлива правна рамка за развој на чистата енергија. Со донесувањето на Законот, државата испраќа јасна порака дека обновливите извори на енергија стануваат еден од клучните столбови на националната енергетска политика, со цел зајакнување на енергетската безбедност, намалување на зависноста од увоз на енергија, отворање нов инвестициски циклус и забрзување на зелената транзиција. Со Законот во националното законодавство се транспонираат најновите европски правила, вклучително и Директивата за промоција на користењето на енергија од обновливи извори, чија хармонизација и донесување претставуваат дел од Реформската агенда. Во рамките на процесот на енергетска транзиција се предвидуваат мерки и активности насочени кон диверзификација на економскиот модел преку развој заснован на знаење и поефикасно користење на ресурсите, поттикнување на инвестиции, развој на зелена и паметна инфраструктура, чиста енергија и развој на вештини, како и постепено намалување на зависноста од фосилни горива. Новото законско решение има цел да ја зајакне сигурноста во снабдувањето со енергија, да овозможи исполнување на обврските преземени со ратификацијата на Договорот од Париз, да придонесе кон постигнување на националните задолжителни цели за учеството на енергијата произведена од обновливи извори во бруто финалната потрошувачка на енергија, како и да обезбеди усогласеност со националните стратешки и плански документи од областа на енергетиката, вклучително и Интегрираниот национален план за енергија и клима. Законот е структуриран во 16 глави со кои се уредуваат надлежностите на институциите, националните цели за обновлива енергија, мерките за поддршка, гаранциите за потекло, статусот на потрошувач-производител, енергетските заедници, користењето на обновливите извори во секторите греење, ладење и транспорт, прекуграничната соработка, лиценцирањето и надзорот. Меѓу најзначајните новини е воведувањето на современиот европски механизам двонасочен договор за пазарно порамнување на разликата (Two-way Contract for Difference). Овој модел обезбедува финансиска предвидливост за инвеститорите, гарантира минимален приход за производителите, а истовремено овозможува ограничување на прекумерните добивки во услови на високи пазарни цени, со што се создава дополнителна заштита за граѓаните и стопанството. Законот воспоставува транспарентен, недискриминаторен и конкурентен систем за доделување мерки за поддршка преку повластена тарифа и пазарна премија, овозможувајќи поефикасно користење на обновливите ресурси, привлекување нови инвестиции, поттикнување на претприемништвото, отворање нови работни места и воведување современи технологии. Законот првпат ги уредува и механизмите за нето-мерење (Net metering) и нето-пресметка (Net billing), со што се создаваат услови домаќинствата, компаниите и институциите активно да произведуваат, користат и управуваат со електрична енергија од обновливи извори. За првпат се воспоставува и јасна правна рамка за формирање и функционирање на граѓанските енергетски заедници, преку кои граѓаните, општините и компаниите ќе можат доброволно да се здружуваат за заедничко производство, складирање, потрошувачка и продажба на електрична енергија, како и за реализација на локални енергетски проекти што ќе носат директни економски, еколошки и социјални придобивки. Законот дополнително ја зајакнува националната рамка за гаранции за потекло на електричната енергија произведена од обновливи извори. Со неговото донесување се создаваат услови националниот оператор на пазарот на електрична енергија МЕМО ДООЕЛ да стане полноправна членка на европската Асоцијација на издавачки тела (AIB) и да се приклучи кон AIB HUB – европската мрежа за прекугранична трговија со гаранции за потекло. Со тоа македонските производители на зелена енергија ќе добијат можност нивните гаранции за потекло да бидат признаени и тргувани на европскиот пазар, што претставува значаен чекор кон поголема конкурентност и интеграција во европскиот енергетски систем. Воедно, по стапувањето во сила на Законот, ќе започнат активностите за воспоставување аукциска платформа за тргување со гаранции за потекло, со што системот ќе стане целосно функционален. Законот се очекува да се обезбеди: 1. долгорочно намалување на зависноста од увоз на енергија и енергенти; 2. зголемување на уделот на ОИЕ во бруто финалната потрошувачка на енергија; 3. зголемување на сигурноста во снабдувањето со енергија на крајните потрошувачи; 4. диверзификација на производството на енергија; 5. постигнување на климатските и енергетски цели за определени периоди од Интегрираниот национален план за енергија и клима; 6. намалување на употребата на фосилни горива и емисиите на стакленички гасови и зголемување на искористеноста на ОИЕ заради заштита на животната средина и ублажување на климатските промени; 7. доделување на мерките на поддршка за инвестиции за производство на енергија од обновливи извори на транспарентен, недискриминаторен, конкурентен, економичен и ефикасен начин, усогласени со стратешко-планските документи од областа на енергетиката; 8. развој на претприемништвото и создавање нови работни места поврзани со производството на енергија од ОИЕ; 9. поддршка на развојот и користењето на нови технологии и поттикнување на потрошувачите за поголемо користење и производство на енергија од обновливи извори за сопствени потреби. Со усвојувањето на Законот за обновливи извори на енергија, Македонија воспоставува современа законска рамка која создава поголема правна сигурност за инвеститорите, нови можности за граѓаните и компаниите, поефикасни институционални процедури и целосно усогласување со европските политики во областа на обновливата енергија. Темел врз кој ќе се гради новата македонска енергетика – почиста, поконкурентна, поодржлива и посигурна за граѓаните, стопанството и идните генерации. Министерство за енергетика, рударство и минерални суровиниТагови: Министерство за енергетика Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУЈП одржа шест работилници за е-фактура со големите даночни обврзнициУправата за јавни приходи во текот на месец јуни одржа шест работилници за системот е-Фактура на кои учествуваа околу 90 компании кои ги администрира Дирекцијата за големи даночни обврзници.Работилниците беа организирани со цел компаниите да се запознаат со функционалностите на системот, процесот на негово користење и придобивките што ги носи дигитализацијата на фактурирањето. Големите даночни обврзници ја прифатија поканата на УЈП активно да се вклучат во тестирањето на системот е-Фактура и во соработка со даночните агенти на УЈП да придонесат за негово понатамошно унапредување и успешно имплементирање. На работилниците беше извршена практична презентација на системот е-Фактура, при што беше демонстриран целиот процес на изготвување електронска фактура преку веб-апликацијата – од нејзино креирање до конечна обработка и испраќање. Дополнително беа прикажани и останатите функционалности на системот, вклучително издавање, прием, прифаќање, одбивање, сторнирање и преземање електронски фактури. Претставниците на УЈП посебен акцент ставија на даночните индикатори, кои ќе претставуваат составен елемент на електронските фактури и ќе служат како основа за правилно утврдување на даночниот третман на прометот. Даночните индикатори се дефинирани согласно одредбите од Законот за данок на додадена вредност и овозможуваат јасно означување дали прометот е оданочив со општа или повластена даночна стапка, дали е ослободен од ДДВ со или без право на одбивка на претходен данок, дали не е предмет на оданочување со ДДВ или пак подлежи на примена на механизмот за пренесување на даночната обврска (Reverse Charge). Тест-фазата континуирано се надградува со нови функционалности. Во моментот се достапни 12 даночни индикатори и повеќе типови документи, а развојот на системот продолжува со воведување дополнителни типови документи и функционалности согласно динамиката на проектот. Преку директна комуникација со стручните тимови на УЈП, учесниците имаа можност да добијат одговори на прашањата поврзани со имплементацијата, техничките аспекти и тестирањето на системот. Присутните компании покажаа подготвеност активно да се вклучат во тест-периодот и преку практична примена на системот да придонесат со свои предлози, забелешки и сугестии за негово понатамошно унапредување. Управата за јавни приходи ги повикува сите даночни обврзници да го искористат тест-периодот и активно да ги тестираат функционалностите на системот е-Фактура. Повратните информации од корисниците ќе имаат значајна улога во понатамошниот развој и оптимизација на системот, со цел негово успешно, ефикасно и навремено воведување, како и обезбедување на современо, едноставно и сигурно електронско фактурирањеТагови: УЈП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаМерц шокиран од шесткратното убиство во германскиот град ШтадеГерманскиот канцелар Фридрих Мерц изрази сочувство откако шест возрасни лица вчера беа застрелани во установа за социјална помош за млади во северниот град Штаде.„Веста од Штаде е длабоко шокантна“, напиша Мерц на Икс, додавајќи дека многу луѓе „кои сакале да им помогнат и да ги заштитат другите биле убиени или повредени“. Полицијата соопшти дека шест вработени во установата за социјална помош за млади биле убиени во вчерашниот напад. Прелиминарните наоди сугерираат дека мотивот веројатно бил спор за старателство, наведуваат истражителите. Осомничениот напаѓач, 45-годишен маж роден во Германија со турско потекло, бил уапсен подоцна попладнето додека бегал, соопшти полицијата.Тагови: Германија Фридрих Мерц Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook