Собранието ја констатираше оставката на премиерот Зоран Заев и на Владата

Собранието на Република Македонија денеска на седницата за пратенички прашања ја констатира оставката на премиерот Зоран Заев.

Собранието на Република Македонија денеска на седницата за пратенички прашања ја констатира оставката на премиерот Зоран Заев. Оставката беше констатирана без премиерот Заев усно да ја образложи. Оставката на премиерот повлекува оставка и на целата Влада.

Оставката на премерската функција Заев ја поднесе вчера до претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Во доставената оставка Заев наведе дека ваквата одлука ја презел како логичен чекор кој произлегува од исходот на локалните избори и како израз на преземената одговорност за изборните резултати.

На премиерската функција Заев беше од 31 мај 2017 година, а втор премиерски мандат освои на изборите на 15 јули минатата година.

Со констатирањето на оставката почнуваат да течат уставните рокови за избор на нова Влада.

Уставот на Република Северна Македонија и собранискиот Деловник ја регулираат постапката во случај на оставка на претседателот на Владата.

Во членот 93 од Уставот е наведено дека „Оставката на претседателот на Владата, неговата смрт или трајната спреченост да ја врши функцијата, повлекуваат оставка на Владата. Владата која поднела оставка или на која мандатот и престанал, останува на должност до изборот на нова Влада".

Во член 219 од Деловникот на Собранието, пак, стои дека „Владата, претседателот на Владата или член на Владата можат да поднесат оставка. Оставката на Владата или на претседателот на Владата, се поднесува до претседателот на Собранието во писмена форма и може да се образложи... Оставката на Владата или на претседателот на Владата, претседателот на Собранието веднаш ја доставува до пратениците и до претседателот на Републиката".

Во член 220 понатаму се вели дека „Собранието на првата наредна седница, без претрес, констатира дека на претседателот на Владата, на Владата или на член на Владата, мандатот им престанува на денот на одржувањето на седницата".

Потоа, според член 90 од Уставот, претседателот на државата е должен во рок од десет дена да го довери мандатот за состав на Влада на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието. Мандаторот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата.

Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

По констатирањето на оставката, се очекува парламентарното мнозинство за мандатар да го предложи новиот лидер на СДСМ и актуелен заменик министер за финансии Димитар Ковачевски.

По добиениот мандат Ковачевски во првата половина на следниот месец до Собранието би требало да ги достави програмата и предлогот за состав на новиот владин кабинет, по што би уследил избор на неговата влада на собраниска седница.

Видео: Новинар го удира Трамп со микрофон во лице, многумина ја коментираат неговата реакција

На социјалните мрежи вирално стана видео на кое се гледа како американскиот претседател Доналд Трамп го удира репортерка со микрофон во лицето за време на прес-конференција.

Инцидентот се случи додека Трамп одговараше на прашања на новинарите за време на кратката прес-конференција во заедничката база Ендрјус во Мериленд. Беше прашан за ситуацијата во Газа, кога микрофон, одеднаш влезе во кадарот и го удри право во лицето.

Трамп за момент вкочането ја погледна новинарката, кревајќи ги веѓите, но брзо се смири и вниманието од прашањето го пренасочи кон шега.

"Таа вечерва стана телевизиска ѕвезда. Само што стана голема ѕвезда, нели? Дали го видовте тоа?" Трамп коментираше пред камерите, прекинувајќи го својот одговор на сериозно прашање.

Вучиќ: Сакам да го изразам моето задоволство што се одржа голем протест без жртви

Обраќање на српскиот претседател Александар Вучиќ по денешните масовни протести.

Во името на сите граѓани на Србија и како претседател на Србија сакам да го изразам моето задоволство што се одржа голем протест, со негативна енергија, гнев и гнев кон властите во Србија, без да има жртви или сериозни повредени“, рече Вучиќ.

Вучиќ изјави дека се повредени околу 56 лица, но никој не е тешко повреден, а повредениот на плоштадот Никола Пашиќ не е во животна опасност.

Вкупно 44 лица се во Ургентниот центар, 11 во Клиничката болница Звездара“, рече Вучиќ.

„Исто така, сакам да кажам дека се срамни обвинувањата дека некој употребил звучен топ, прикажувајќи војници и членови на „Кобра“ како тоа што го држат да е звучен топ - рече тој.

Претседателот на Србија нагласи дека сите лица кои учествувале во уништувањето ќе бидат приведени и ќе одговараат за криминални дела.

-Горд сум на фактот што 99 отсто од студентските блокатори не сакаа инциденти, рече Вучиќ.

Пленковиќ отпуштен од болница по операција на срцето, в понеделник се враќа на работа

Хрватската влада соопшти дека премиерот од понеделник ќе се врати на редовните активности, пренесува Вечерњи лист.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ попладнево, околу 17 часот, беше отпуштен од Клиничкиот болнички центар во Загреб (КБЦ) , каде што синоќа беше примен на лекување заради повремено нарушување на срцевиот ритам (аритмија) и каде имаше хируршка интервенција.

Хрватската влада соопшти дека премиерот од понеделник ќе се врати на редовните активности, пренесува Вечерњи лист.

„Постапката на која беше подложен на Пленковиќ синоќа беше планирана порано и помина добро, а по излегувањето од болница си замина дома и во понеделник ќе се врати на редовните обврски и партиски активности“, посочуваат од хрватската Влада.

Според програмата, во понеделник хрватскиот премиер и лидер на ХДЗ треба да ги посети обновените згради во Загреб, кои беа уништени во земјотресот пред пет години, и да присуствува на комеморацијата за претседателот на Врховниот суд Радован Доброниќ, а потоа и на состанокот на ХДЗ на округот Вараждин и на комеморацијата на 35-годишнината од основањето на ХДЗ.

притисни ентер