Иранската фудбалска асоцијација: ФИФА го откажа доделувањето билети за иранските навивачи за групната фаза
2Иранската фудбалска асоцијација: ФИФА го откажа доделувањето билети за иранските навивачи за групната фаза
МакедонијаСобранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен ФетаиСобранието во рамки на денешната 104.седница ја констатира оставката на вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи.Вицепремиерот Фетаи поднесе оставка на 1 јуни, за што соопшти преку социјалните мрежи. Во објавата на Фејсбук, Фетаи посочи дека од функцијата заминува со крената глава и чиста совест. -Ова е добро смислена одлука, донесена со уверување дека во моменталните околности е најправедниот и најдостоинствениот чекор. Во текот на овие две години имав чест и привилегија да ѝ служам на земјата, придонесувајќи за реформи насочени кон зајакнување на одговорноста, транспарентноста и владеењето на правото. Им благодарам на сите што веруваа во мене, ме поддржуваа и соработуваа на ова патување. Дали сум целосно задоволен со постигнатото? Секако дека не. Секогаш има место за повеќе и за подобро. Но, дали работев со најголема посветеност да поставам цврсти темели на кои може да се гради понатаму? Без двоумење, да, наведува Фетаи. Во оставката, тој изразува благодарност за укажаната доверба да ја врши функцијата вицепремиер за добро владеење, но додава дека во сегашните околности, повеќе не постојат неопходните услови за функцијата да ја извршува со потребната ефикасност и од тие причини се повлекува од должноста. На денешната седница, Собранието ја утврди потребата по скратена постапка да бидат донесени повеќе законски измени и дополнувања, меѓу кои законите за управување со конфискуван имот, електронски комуникации, судовите, Судски совет на Република Македонија, технолошко-индустриските развојни зони, индустриските зелени зони, енергетската ефикасност, шумите, земјоделското земјиште, градењето и урбанистичкото планирање.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација на очиглед на институциите? 18:08Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација? 15:14Тошковски: Во план се законски измени за управување со електричните тротинети11:18Маленко: Груевски за Унгарија не избега од дома, туку од Охрид15:00
Сиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50
Култура5. издание на фестивалот„Преку езерото“ од 8-15 јули во Дојран, Струмица и ГевгелијаПеттото издание на фестивалот на балкански и медитерански филм „Преку езерото“ ќе се одржи од 8-15 јули во Дојран, Струмица и Гевгелија. На денешната прес конференција за деталите, програмата, гостите и новитетите информираа директорот на фестивалот, Јани Бојаџи, селекторот, Златко Гелески и извршниот директор, Дејан Милошевски. -Оваа година по петти пат фестивалот на балкански и медитерански филм „Преку езерото“ останува доследен на тоа да е фестивал на филмови од тој регион и да не се шириме надвор од тој архипелаг, кој има мошне значајно место во светот на кинематографијата. Оваа година за прв пат фестивалот го регионализираме и од 8-15 јули ќе се одржи во три града: Дојран, Гевгелија и Струмица. Поместувањето на терминот на фестивалот се должи на тоа што сакаме да им овозможиме на студентите и учениците кои сеуште не се заминати на одмор да можат да дојдат во Дојран, Гевгелија и Струмица и да уживаат во филмската магија. Проекциите на филмовите од главната селекција ќе се одржува во Дојран, во прекрасна атмосфера на отворено, во Амфитеатарот кој гледа точно преку езерото, а останатите програми, како краткометражната, студентската програма и кинематографијата во фокус ќе се одржат во Струмица. Годинава за прв пат имаме кинематографија во фокус и тоа ќе биде современата иранската кинематографија- еден ирански филм ќе биде во селекција и ќе имаме светска премиера на „Преку езерото“ и ме радува што сме препознаени како значаен фестивал на кој се одржуваат светски премиери, рече Јани Бојаџи, директор на фестивалот. Бојаџи информираше и за работилницата на која се развиваат и финансираат снимање на дипломски студентски краткометражни филмови. -Оваа работилница ја реализираме по трет пат, веќе се снимени пет краткометражни играни филмови на студенти од македонските универзитети. Од минатогодишната работилница имаме два филма и тие ќе имаат светска премиера на фестивалот во Дојран, соопшти Бојаџи и им се заблагодари на сите актери кои им излегле во пресрет на студентите и снимале без надомест. Новина годинава е соработката со Креативна Европа и организирање на работилница на актуелна тема „Вештачката интелегенција и современата кинематографија“. -Сите сме свесни дека голем дел од кинематографијата ќе биде создавана со алатките на вештачката интелегенција. Јас, како универзитетски професор го поттикнувам тоа и сметам дека не можеме да пливаме наспроти брановите и мора да се движиме заедно со развојот на технологијата затоа што филмот е применета уметност- не можете да направите филм ако не примените технологија. Таа се развива и сите умни колеги порано или подоцна ќе сфатат дека борбата против технологијата е безмислена. Таа работилница ќе ја водат два медија деска од соседството- веќе е потврден медија дескот од Бугарија од каде ќе имаме предавач, а во преговори сме и со медија дескот од Србија од каде чекаме потврда за нивниот предавач, информираше Бојаџи. Селекторот на филмската програма, Златко Гелески рече дека се посветил на сите лица, односно сите култури и филмови кои ги опфаќа Балканот и Медитеранот. -Главната селекција ќе брои шест филмови, поголем дел се филмови од Балканот, но за останатите сакав да допрам до најдалечните точки на Медитеранот, за да се понуди диверзитет. Можам со сигурност да потврдам дека ниту еден филм не наликува на било кој од селекцијата. И токму тоа беше убавината на селекцијата. Предвидуваме гости од сите филмови на фестивалот, бидејќи токму гостите се тие што го прават фестивалот, а културната разновидност е токму она што го прави посебен „Преку езерото“. Во селекцијата на краткометражни филмови ќе има 15 филмови од кои половина се филмови од странство, а другата половина се македонски краткометражни филмови. Значи од 40, 20 филмови ќе бидат македонски. Од друга страна во студентската програма се поместени 12 филмови од студентите на Универзитетот во Тетово, ЕСРА и ФДУ, информираше Гелески и дополни дека фестивалот и годинава ја има програмата за деца. Дејан Милошевски, извршен директор на фестивалот информираше за претпрограмата и програмата на фестивалот. -На 10, 11 и 12 јули ќе се одржи работилницата за развој на сценарија под менторство на Александар Русјаков и секој што сака да биде дел од неа може да аплицира на веб страната на фестивалот, рече Милошевски кој истакна дека очекуваат над 100 гости годинава и подготвени се капацитетите во Дојран за достоен пречек.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотПапата Лав посети затворот во Барселона!Затвореничка: Благодарна сум, никој не се сеќава на насПапата Лав, силен застапник за правата на затворениците, денес за прв пат посети шпански затвор, повикувајќи ги затворениците да се искупат за своите злосторства и да водат подобар живот. Лав го посети Затворот „Бријанс 1“, изграден во 1991 година која е на околу 40 километри од Барселона, и во него има околу 1.000 затвореници. Зборувајќи со затворениците во затвор во близина на Барселона, папата рече дека историјата на една личност „не ја одредува иднината, туку нуди можност да ги промениме нашите одлуки и избори“. „Ова е можност што се случува еднаш во животот. Воопшто не можев да спијам“, рече Монтсе Бенавенте, затвореничка која разговараше со папата за нејзините борби со верата и штетата што нејзините постапки му ја нанеле на нејзиното семејство. Лав последен пат го посети затворот во април, кога беше во Екваторијална Гвинеја како дел од турнејата низ четири земји низ Африка. Лав, првиот папа од Соединетите Американски Држави, е во еднонеделна посета на Шпанија, каде што предупреди дека интензивираните конфликти го турнале светот во длабока криза и повика на подобар третман на мигрантите. За време на престојот во Шпанија Папата ќе ја инаугурира најновата кула на Саграда Фамилија, модернистичката базилика дизајнирана од Антони Гауди, која стана највисоката црква во светот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КошаркаКошаркарската федерација на Македонија и Комерцијална банка ја продолжија соработкатаКошаркарската федерација на Македонија изразува искрена благодарност до Комерцијална банка АД Скопје за одлуката да ја продолжи соработката и поддршката на машката сениорска А репрезентација на Македонија.Продолжувањето на ова партнерство претставува значајна потврда за довербата што Комерцијална банка ја има во македонската кошарка и во националниот тим, кој со гордост ја претставува нашата држава на меѓународната сцена. Поддршката на нашата најдобра репрезентација е од особено значење во остварувањето на поставените спортски цели и обезбедувањето на најдобри можни услови за подготовка и настап на македонските репрезентативци. Во име на Кошаркарската федерација на Македонија, стручниот штаб и сите репрезентативци, упатуваме искрена благодарност до раководството на Комерцијална банка АД Скопје за препознавањето на важноста од континуирана поддршка на националниот тим. Уверени сме дека и во периодот што следува, заеднички ќе продолжиме да работиме во интерес на македонската кошарка и ќе се стремиме кон нови успеси кои ќе донесат радост и гордост за сите љубители на спортот во нашата земја. Ви благодариме за довербата и поддршката! Кошаркарска федерација на МакедонијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter