31 година од атентатот врз Глигоров- останува мистеријата околу овој сложен политичко безбедносен случај
231 година од атентатот врз Глигоров- останува мистеријата околу овој сложен политичко безбедносен случај
3Државен пречек на посмртните останки на Цар Самоил во Софија, примопредавање беше извршено во Византискиот музеј во Солун
МакедонијаСобранието именува претседател и членови на Државната комисија за жалби по јавни набавкиСобранието во рамките на денешната работа по дневниот ред на 47. седница го именува Бујар Сулејмани, дипломиран правник со положен правосуден испит од тетовското село Ларце, за претседател на Државната комисија за жалби по јавни набавки.За членови на Државната комисија за жалби по јавни набавки се именувани: Наташа Јовановска Милошевиќ, дипломиран правник од Скопје, Маја Малахова, дипломиран правник со положен правосуден испит од Скопје, Савка Нејковска Тасева, дипломиран правник со положен правосуден испит од Скопје, Вене Тасев, дипломиран правник со положен правосуден испит од Скопје, Јован Трпевски, дипломиран правник со положен правосуден испит од Скопје и Адил Емини, дипломиран по бизнис администрација од село Желино. Пратениците во рамки на денешната седница ја завршија расправата по Предлог одлуката за именување на членови на Програмскиот совет на Македонската радио – телевизија. Гласањето по точката, како што рече, претседателот на Собранието Африм Гаши, ќе биде дополнително кога ќе се создадат услови за тоа. За членови на Програмскиот совет на МРТВ се предлагаат: Лазо Трпков, специјалист политиколог од Скопје, Давор Пашоски, магистер по европски студии за интеграција од Скопје, Марјан Велевски, дипломиран новинар од Скопје, Миле Грозданоски, дипломиран по историја на книжевност од Скопје, Ивана Ефремовски, дипломиран новинар од Скопје, Билјана Бабиќ, дипломиран новинар од Скопје, Владимир Палашевски, дипломиран политиколог од Скопје, Маја Седрак, магистер по музички науки од Скопје, Бурим Рамадани, дипломиран музичар-теоретирач педагог од Куманово, Патриот Лумани, дипломиран новинар од Франгово - Струга, Музбајдин Ќамили, дипломиран актер од Тетово, Беким Лачи, дипломиран професор од Скопје и Томислав Кежаровски, дипломиран правник и политиколог од Скопје. Во општата расправа за Предлог одлуката пратеникот Амар Мециновиќ од Левица, рече дека оваа точка е ретка како еклипса и последен пат изборот на програмскиот совет на МРТ пред пратениците бил пред 11 години и дека ќе го поддржат гласањето. -Се имаме просто откажано од оваа институција и како да не правиме ништо, но сметам дека е добро да се донесе нов програмски совет и членови, затоа што не знам кој мандат трае 14 години, што е едно фараонско владеење. Ја поздравуваме насоката на промена на програмскиот совет, но сметаме дека мора негде да се почне, изјави Мециновиќ. Образовната програма на МРТВ по 60 години, според Мециновиќ, е убиена и 80 проценти е ко-продукциски проекти. -Дали е нормално Метео на МТВ да биде во ко-продукција? Овде нас јавниот сервис ни го имаат окупирано ко-продукции. Тоа не е ништо друго, него криминал. Тоа е вулгарен криминал и испумпување пари од јавниот сервис. Има индиции дека преку МТВ се купуваат филмски камери и опрема за во живо и потоа тие одат во приватни ко-продукции. Тоа е еден зачаран круг... Нешто мора да се преземе и програмскиот совет на МРТВ не смее да биде дел од овие криминални шеми, изјави Мециновиќ. На ова реплицираше Бобан Карапејовски од ЗНАМ, кој рече дека предложените луѓе во новиот состав на Програмскиот совет на МРТВ се лица со кредибилитет и долгогодишно работно искуство. Согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, членовите на Програмскиот совет на МРТВ ги именува и разрешува Собранието, врз основа на претходно спроведен јавен конкурс и организирана јавна расправа за кандидатите. Членовите мора да бидат македонски државјани со високо образование, да имаат најмалку осум години работно искуство во струката и во јавноста да се истакнале во областа на комуникологијата, новинарството, информатиката, културата, економијата или правото, од значење за Програмскиот совет. На огласот објавен на 12 март годинава беа пријавени вкупно 39 кандидати, од кои Собраниската комисија за избори и именување утврди дека 24 ги исполнуваат условите и на 14 април одржа јавна расправа по која 13 беа избрани за предлог кандидати за членови на Програмскиот совет. Претходно, Собранието повеќе од еден час го утврдуваше дневниот ред на 47. седница на која има вкупно 14 точки од кои дури 12 се по скратена постапка заради што претседателот на Собранието Гаши ги задолжи матичните комисии и Законодавно-правната комисија да расправаат по предлог законите. По изгласувањето на одлуката за именување на претседател и членови на Државната комисија за жалби по јавни набавки беше прекината седницата, а нејзиното продолжение дополнително ќе биде закажано.Тагови: Собранието Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБројни шкотски навивачи низ улиците на Скопје пред вечерашниот фудбалски дуелШкотските навивачи веќе ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска?Килтови, знамиња, песна и навивачка еуфорија веќе е присутна во главниот град, пооради натпреварот вечерва ќе има и посебен сообраќаен режим, на арената Тодор Проески се очекува да присуствуваат околу 4000 шкотски навивачи, познати како Тартар арми. За нив е резервирана источната трибина на националната арена „Тодор Проески“. Еве дел од атмосферата во Скопје. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Македонија31 година од атентатот врз Глигоров- останува мистеријата околу овој сложен политичко безбедносен случајНа 3 октомври 1995 година во 9.50 часот Скопје го потресе силна експлозија. Мета на нападот беше првиот македонски претседател Киро Глигоров. Во моментот на поминување на службениот автомобил на претседателот Глигоров на улица „Македонија“ во близина на хотелот „Бристол“ експлодирал парикиран автомобил „ситроен ами 8“, 20 килограмскиот експлозив бил активиран со далечинско управување. Претседателот Глигоров преживеа, загина неговиот возач Александар Спировски, минувачот Христо Христоманов, а тешко повреден беше и телохранителот Илчо Теовски. Обемната истрага и со учество на меѓународно експрети не го даде одговорот кој бил сторителот и нарачателот? Авторот на книгата „Скопскиот атентат“ Зоран Доревски, кој во времето на атенатот бил главен инспектор во управата за обезбедување на личности и објекти преку анализа на светски атентати, докази од атентатот во Скопје објаснува дека во тогшната млада држава Македонија била удар и на надоврешната политика. „Би можел да кажам и кој е тој некој меѓутоа, но јас не можам со сигурност да потврдам, бидејќи за ниту еден атентат не постои писмен документ каде некој наредува направете го тоа и тоа“- д-р Зоран Доревски автор на книгата Скопски атентат „Атентатот се случува во момент кога Македонија треба да пристапи кон ОБСЕ, кога се потпишува програмата за партнерство за мир, што значи НАТО доаѓа во државата, кога се потпишуваат договори со светска банка и монетарен фонд што значи економска стабилизација и средување на финансиско- економски аспект на државата и во момент кога Македонија ја напушта орбитата на Белград“, потенцира во анализата Доревски. Авторот Доревски посебен акцнет става на случувањата по атентатот и го споредува со други специфични атентати како на Кенеди, кога биле елиминирани и замолчени над 100 сведоци. Во неговото истражување објаснува колку луѓе загинале по обидот за елиминарање на Глигоров. „Јас најдов осум лица кои загинуваат во првите две години по атентатот. Најголемиот дел од нив во 1998 година кога доаѓа обновување на втората истрага на јавниот обвинител Ставре Џиков и новата власт која покренува истрага за атентатот. Мислам дека успеав да кажам зошто овие лица биле замолчани и кои биле нивните сознанија, вели Доревски. Во истрагата биле проверени околу 30 илјади возила и 15 илјади објекти, над 180 луѓе идентификувани. До денеска истрагата не покажа кој бил нарачателот на атентатот. Претседателот Глигоров имаше тешки повреди на главата. Тој почина на 1 јануари 2012 година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканДржавен пречек на посмртните останки на Цар Самоил во Софија, примопредавање беше извршено во Византискиот музеј во Солун Со државни почести денеска Бугарија ги пречека посмртните останки на Цар Самоил. Со воен авион останките беа пренесени од Солун во Софија и поставени на плоштадот „Кнез Александар Први“ каде беше одржана церемонија на која се обрати бугарскиот државен врв. Од таму беа пренесени во базиликата „Света Софија“ каде имаше присуство на бројни граѓани. Претходно, во Музејот на византиската култура во Солун, официјално беше извршено предавањето на посмртните останки од Грција. Бугарскиот премиер Румен Радев порача дека со враќањето се исполнува, како што рече, морална обврска, додека грчкиот премиер Киријакос Мицотакис зборуваше за историскиот долг на Атина кон Софија и потенцираше дека Грција добива назад 48 црковни реликвии со големо духовно и историско значење. -Нашите сонародници и идните генерации заслужуваат и треба да им оддаваат почит на своите предци. Овие шест децении, нашите политичари, дипломати, научници и државници работеа напорно за да стигнеме до денешниот ден. Херојскиот и величествен цар Самоил, кој не можел да ја поднесе глетката на своите војници, е пример за секој Бугарин. Ако во минатото цар Самоил нè разделувал, денес нè обединува. Денес тој го прави нашето стратешко партнерство уште посилно, а врските меѓу двата народа – поцврсти.- Румен Радев – Премиер на Р. Бугарија -Враќањето на важен црковен предмет ги претвора и тешките историски моменти во нови можности за комуникација. Атина ја исполнува својата историска должност, враќајќи ѝ ги на Софија посмртните останки на цар Самоил, кои во 1964 година ги открил професорот Моцопулос во базиликата „Свети Ахил“. Тие со децении биле чувани од грчката влада, а сега му се враќаат на бугарскиот народ, за да им се оддаде почит на начин што вие ќе го сметате за најсоодветен. – Киријакос Мицотакис – Премиер на Р. Грција На новинарско прашање околу чинот на пренесуваењ на останките на Самоил во Софија, премиерот Христијан Мицкоски се наврати на Бледскиот догово и пренесувањето на моштите на Гоце Делчев во Скопје. -Што се однесува до пренесување на мошти јас би се вратил наназад неколку децении кога моштите на македонскиот великан Делчев како резултат на тој Бледски договор се донесени во Скопје и нешто што треба нас како Македонци да не прави горди, зашто моштите на тој великан којшто бил во свое време пред времето, симболизираат многу за македонскиот идентитет и штета шт малкумина денеска го споменуваат Бледскиот договор и сето она коешто таму е договорено, а тоа не етолку одмана, пред неколку децении после капитулацијата на фашистичка Бугарија после Втората светска војна којшто ја окупирала територијата на денешна Македонија. – Христијан Мицкоски – Претседател на Влада Во однос пак на дилемите кои се отворија и во дел од научните кругови во Софија има сомнежи дали од Грција навистина сепак стигнале останките на цар Самоил. -Единственото нешто кое претстои според мене да се направи а не било направено претходно, е ДНК анализа на коските кои ќе бидат вратени во Бугарија и која ќе потврди или нема да потврди, она што е трагично во случајот, она кое сите го знаеме а тоа е дека таму е погребано семејството на царот и дел од неговото семејство. Јас разбрав дека станува збор за детски скелет што означува колку е неподготвена целата таа операција. – Проф. Милко Палангурски - Историчар Останките на Цар Самоил биле откриени во базиликата „Свети Ахил“ на островот Ахил во Малото Преспанско Езеро, при археолошките ископувања на грчкиот професор Николаос Моцопулос во 1964 година а во последните години се наоѓаа во Музејот на византиската култура во Солун.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16