Собранието го донесе Закон за задолжување кај Меѓународната банка за обнова и развој

Според предлагачот на законот, Министерството за финансии, заемот има за цел спречување, откривање и одговор на заканата од коронавирусот COVID-19.

Со 52 гласа „за", 17 „против" и ниту еден воздржан, Собранието вечерва го донесе Закон за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за итно справување со Ковид-19.

Според предлагачот на законот, Министерството за финансии, заемот има за цел спречување, откривање и одговор на заканата од коронавирусот COVID-19, како и зајакнување на националните системи за подготвеност на јавното здравство во државата.

Вкупната вредност на проектот изнесува 90 милиони евра.

За пратениците од опозицијата, со овој заем земјата ќе се втурне во ново задолжување на товар на граѓаните и не е јасно за што точно ќе се потрошат парите.

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Даниела Христова се задржа на делот од Проектот, со кој се предвидени средства за нови вработувања во здравството, но, според неа, младите лекари заминуваат во Германија, а Владата треба да размислува како да ги задржи оние кои веќе се вработени.

– Сте предвиделе средства за обука на медицински персонал. По осум месеци присуство на Ковид-19, јас мислам дека на медицинските лица не им треба обука, туку одмор и пред сè, мотивација и награда. Потребно им е некој во државата да почне да мисли на нив, рече Христова.

Нејзиниот сопартиец Игор Здравковски забележа дека ваков заем земале 100 држави, меѓу кои 38 африкански земји, поранешни советски републики, земји од централна Америка и голем дел од држави од југоисточна Азија.

– Се ставаме во куп со овие држави, а се стремиме кон ЕУ, не гледам која е нашата европска перспектива, рече Здарвсковски, кој додаде дека од регионот заем земале само Косово, Србија, Албанија и БиХ.

На забелешката на неколку пратеници од опозицијата дека не е јасно за што точно ќе се трошат парите и зошто се предвидени 10 милиони евра за Фондот за здравство, дали тоа е да се покрие дупката направена од претходниот негов директор, заменик министерот за финансии Димитар Ковачевски објасни дека распределбата на парите ќе се прави од Единицата за имплементација, која ќе функционира во рамките на Министерството за труд и социјална политика.

Тој потенцира дека таа Единица ќе работи според принципите и системот на Светска банка, а потоа сето она што ќе се набави ќе подлежи на ревизија.

– Сите набавки кои ќе бидат направени на материјални добра, за градежни работи и друго ќе поминат низ процедурите на Светска банка, рече Ковачевски. /МИА

Само пет водечки кандидати за претседател на ЕК потврдија учество на дебатата на 23 мај

Само петмина од водечките кандидати за иден претседател на Европската комисија го потврдија учеството на дебатата во Европскиот парламент во Брисел, закажана за 23 мај.

На дебатата ќе учествуваат Урсула фон дер Лајен (Европска народна партија, ЕПП), Никола Шмит (социјалисти и демократи), Валтер Баер (европска левица), Сандро Гоци („Обнови ја Европа“), Тери Рајнке („Зелени“). На дебатата на 29 април во Мастрихт учествуваа осум кандидати, а од нив повторно ќе се појават само двајца - Фон дер Лајен и Шмит. Тогаш во трката се вклучија и претставници на Европското христијанско политичко движење, Европската слободна алијанса и групата „Идентитет и демократија“.

Предвидено е учесниците да одговараат на прашања од присутните на лице место и во претставништвата на ЕП во земјите на ЕУ, како и поставени онлајн. Главните теми ќе бидат прецизирани на 16 мај, се додава во соопштението.

По дебатата во Мастрихт, гледачите прв го прогласија кандидатот на „зелените“ Бас Ејкут, а втора Урсула фон дер Лајен (ЕПП).

Касемиро и Фернандеш би можеле да ја продолжат кариерата во Саудиска Арабија

Клубови од првенството на Саудиска Арабија покажуваат интерес за играчите на Манчестер јунајтед, Касемиро и Бруно Фернандеш, пишува „The Telegraph“.

Според британскиот медиум, претставниците на Касемиро веќе започнале преговори со клубовите од саудиската Про лига. Во Манчестер се подготвени да ја завршат зделката на почетокот на летниот преоден рок. Покрај тоа, клубот нема да инсистира на заминување на Бразилецот доколку тој изрази желба да продолжи да игра за „црвените ѓаволи“.

Во случајот со Фернандеш, раководството на Манчестер јунајтед е подготвено да преговара само доколку добие исклучителна понуда. Клубот го смета Португалецот за најважен играч на теренот.

Оваа сезона во Премиер лигата, 32-годишниот Касемиро настапи на 23 натпревари, на кои постигна еден гол и имаше две асистенции. Актуелниот договор на Бразилецот е со важност до летото 2026 година.

Дваесет и деветгодишниот Фернандеш има одиграно 33 натпревари во англиското првенство, на кои успеа да постигне десет гола и седум асистенции. Договорот на Португалецот со „црвените ѓаволи“ е до крајот на сезоната 2025/26.

ВРЕДИ: Изборните манипулации на ДУИ потврдени од ДИК

Вчера со одлука на Државната изборна комисија уште еднаш се докажа дека Европскиот фронт предводен од Демократската унија за интеграција нема капацитет и кредибилитет да спроведе слободни, фер и демократски избори. 

Државната изборна комисија постапувајќи врз основа на приговорите на Коалицијата ВЛЕН поднесени за некои избирачки места во 6-та изборна единица, како и постапувајќи според одредбите од Изборниот законик, одлучи да ги отвори гласачките кутии за 7 избирачки места, при што во 4 од нив се констатирани неправилност и тоа: во избирачко место 2101, село Ларце, општина Желино, констатирано е дека во гласачката кутија има 1 глас повеќе во корист на Европскиот фронт од гласачите кои го искористиле своето право на глас, во Избирачко Место 0387Гостивар и избирачко место 1953 Тетово имаше корекција на изборниот резултат бидејќи во овие избирачки места се пребројувале неважечките гласови и се броеле како гласови на Европскиот фронт.

Таканаречениот Европски фронт, злоупотребувајќи ги сите механизми на владењето, незаконски ја нарушил и искривилволјата на граѓанинот, спроведувајќи го „бугарскиот воз“ како што се случаите веќе потврдени со одлука на ДИК во Ликово и Ларце, како и броењето на неважечки гласови во корист на Фронтот и ДУИ. Замислете со 7 отворени гласачки кутии, во 4 биле откриени неправилности и кражба на гласови. Со ова јасно се докажува зошто ДУИ денес е во паника. Тие се во паника не само што ќе си заминат во опозиција, туку и ќе одговараат за злоупотребите и кршењето на законите, но и затоа што вчера, со отварање накутиите, се докажа дека преку злоупотреба на механизмите на власт, закани, уцени, притисоци и бугарскиот воз, се обиделе да ја нарушат волјата на народот и изборниот резултат.

Албанците на 8 мај ја добија слободата и денеска дишат слободно. ДУИ оди во опозиција и со користење на државниот апарат повеќе нема да може директно да влијае на изборниот резултат. Време е за одговорност, за влада која ќе се бори против криминалот и корупцијата, ќе гарантира забрзан економски развој и европска интеграција.Нарушувачите на волјата на народот и изборниот резултат,ќе сносат одговорност и ќе одговараат пред органите на правдата.

притисни ентер