Собранието домаќин на регионална конференција за фемицид - Канал 5

Собранието домаќин на регионална конференција за фемицид

Денеска во Собранието се одржува регионална конференција за фемицид во Југоисточна Европа. Фемицидот претставува најтешка манифестација на родово насилство.

Собранието домаќин на регионална конференција за фемицид

Регионалната конференција има три клучни цели: Да ги претстави напорите преземени од страна на разни власти за борба против фемицидот; да развие збир на препораки за подобрување на пристапот до и квалитетот на мултисекторските услуги за жртвите на родово базирано насилство; зајакнување на локалните парламенти, вклучувајќи преку нивните тела за родова еднаквост и функции за надзор, како врска која недостасува меѓу законодавството, институционалната имплементација, податоците и спречувањето.

Конференцијата, во улога на модераторка, ја отвори Ева Јованова, национална специјалистка за родови прашања, Мисија на ОБСЕ во Скопје. Таа им посака добредојде на присутните и ги запозна со агендата, по што збор ѝ даде на потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска.

Во своето обраќање, потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска, ја истакна законодавната улога на парламентот, но и неговата одговорност во справувањето со фемицидот преку надзорната и буџетската функција. Таа посочи дека Собранието треба да ја следи работата на надлежните институции и да обезбеди соодветни финансиски средства за борба против фемицидот.Според Бендевска, превенцијата од фемицид зависи од капацитетот и ефикасноста на институциите. Таа нагласи дека институциите имаат обврска да бидат координирани и да преземаат соодветни и навремени мерки во секој одделен случај.

Генералниот секретар на ОБСЕ, Феридун Н. Синирлиоглу, преку видеопорака истакна дека фемицидот претставува една од најтешките повреди на човековите права, што, како што посочи, го потврдуваат и загрижувачките бројки. Тој нагласи дека борбата против насилството врз жените е клучен приоритет на ОБСЕ, но истовремено и заедничка обврска на сите држави во светот.

Амбасадорот Килијан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, во своето обраќање истакна дека борбата против насилството врз жените е една од петте приоритетни области на ОБСЕ. Тој нагласи дека е потребна решителност и конкретно дејствување за подобрување на состојбите, како и зајакнување на институциите за да можат навремено да го препознаат и превенираат насилството. Притоа, тој ја истакна потребата институциите да работат координирано и поединечно во рамки на своите надлежности, а донесените закони доследно да се спроведуваат во пракса.

„Доколку имаме политичко внимание, фемицидот може да се спречи навреме, но ако го немаме, жените плаќаат со својот живот“, порача Лара Скарпита, виша советничка за родови прашања и шефица на Програмата за родови прашања во Секретаријатот на ОБСЕ. Таа нагласи дека доколку половина од населението не е заштитено, доведена е во прашање безбедноста на сите граѓани. Скарпита ја истакна и важноста на подигнувањето на свеста преку образованието, како и потребата од регионална соработка во справувањето со фемицидот.

Конференцијата продолжи со панел-дискусија, модерирана од Марија Белевони, виша офицерка за владеење на правото и човекови права, Мисија на ОБСЕ во Скопје, а на која земаа учество Ангелина Запоројан – Пиргари, потпретседателка на Групата експерти за акција против насилство врз жените и семејното насилство – ГРЕВИО, Совет на Европа ; Елмаја Бавчиќ, советничка за родова еднаквост, Секретаријат на ОБСЕ; Саша Фаругиа, помошник-директорка, Комисија за родово базирано насилство и семејно насилство, Малта; Ана Кордеј, ВД генерална директора на Директоратот за кривично право при Министерството за правда, јавна администрација и дигитална трансформација на Република Хрватска; Билјана Пејовиќ, шефица на Оддел за прашања поврзани со родовата еднаквост во Министерството за човекови и малцински права, Црна Гора; Мигена Ареси, специјалистка во Директоратот за родова еднаквост, Министерство за здравство и социјална заштита, Албанијa.

Во фокусот на дискусијата беа улогата на парламентите во зајакнувањето на законодавните рамки и препознавањето на фемицидот во законодавството, унапредувањето на парламентарниот надзор, како и регионалната соработка за подобро препознавање на родово базираните мотиви, усогласување на собирањето податоци за фемицид и поддршка на превенција заснована на докази.

Во продолжение, вториот дел од конференцијата беше посветен на оперативните аспекти, со вклучување на практичари од кривично-правниот систем и претставници на други релевантни институции, со цел развивање заеднички методологии, технички стандарди и практични алатки за истражување на родово базираните убиства, собирање и анализа на податоци за фемицид и спроведување мултидисциплинарни прегледи на случаи.

Во рамки на оваа сесија свои обраќања имаа Жаклина Пешевска, пратеничка и претседателка на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите во Собранието на Република Македонија; Мартина Семензато, пратеничка и претседателка на Анкетната комисија на италијанскиот парламент за фемицид и родово базирано насилство, која учествуваше онлајн; и Ангелина Шарановиќ, секретарка на Одборот за родова еднаквост во Собранието на Црна Гора.

Пратеничката Пешевска во своето обраќање се осврна на работата на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите во однос на прашањата поврзани со фемицидот и родово базираното насилство. Таа истакна дека информациите и искуствата од терен се од особено значење за унапредување на законската регулатива, како и за спроведување на надзорни расправи посветени на фемицидот и родово базираното насилство. Притоа, ја нагласи и одличната соработка меѓу пратениците во справувањето со овие сериозни општествени прашања.

Пешевска се осврна и на измените на Кривичниот законик насочени кон подобрување на заштитата на жените, како и на потребата од континуирана и ефикасна соработка меѓу надлежните институции. Како уште една значајна алатка за унапредување на заштитата на жените од фемицид и родово базирано насилство, таа го посочи и родовото буџетирање, кое овозможува соодветно планирање и распределба на средства за политики и мерки во оваа област.

Ангелина Шарановиќ се осврна на законската регулатива и работата на Собранието на Црна Гора во областа на заштитата од фемицид. Како пример за добра практика, таа го истакна Женскиот парламент, кој преку својата надзорна улога придонесува кон идентификување на предизвиците и унапредување на механизмите за заштита на жените.

Шарановиќ нагласи дека за ефикасно спроведување на законските обврски е важно да се утврдат јасни рокови и одговорности, да постои координирана работа меѓу клучните институции, како и да се обезбедат соодветни финансиски средства за спроведување на законите и мерките во оваа област.

Последниот дел од денешниот ден беше посветен на темата: Од податоци до превенција – механизми за следење фемициди. Говорници во овој дел, кој го модерираше Елмаја Бавчиќ, советничка за родова еднаквост од Секретаријат на ОБСЕ, беа: Дубравка Шимоновиќ, поранешна специјална известувачка на ОН за насилство врз жени и девојчиња; Јошко Мандиќ, советник, Агенција за родова еднаквост, Босна и Херцеговина; Косана Бекер, ФемПлатз, Србија; Елена Димушевска, Национална мрежа против насилство врз жените; Диана Жупаноска, национална офицерка за владеење на правото и човекови права, Мисија на ОБСЕ во Скопје.

Говорниците се навратија назад во минатото, справувањето со предизвиците, нефункционалноста на системите и потребата од нивно зајакнување во оваа област во насока на заштита и поддршка на жртвите и процесуирање на сторителите. Како проблем беа посочени квалификацијата на делото и околностите, но и непријавувањето на насилството. Стана збор и за методологијата за следење случаи на фемицид и обиди за фемицид, при што беше истакнато дека нема точна бројка на убиени жени во земјава, 30 % од сторителите се со психичко растројство и 30 % од убиствата настануваат по напуштањето на партнерот. Беше упатен апел за засилено промовирање на бесплатната СОС-линија за жртви на насилство и спроведување кампањи за зголемена свесност за пријавување насилство пред тоа да стане фатално.

Беше спомената „Фемицид воч“ (Femicide Watch), национална, регионална или глобална иницијатива за мониторинг од 2015 година, чија цел е да собира, анализира и објавува податоци за родово базираните убиства на жени и девојчиња. Главната цел е креирање политики за превенција базирани на докази преку следење на системските обрасци, правните одговори и стапките на гонење на сторителите. Државите се повикуваат да објавуваат ажурирани податоци за фемицид секоја година на 25 ноември – Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените.

Исто така, стана збор за искуствата во работата на Мултисекторското работно тело за следење на случаите на фемицид и обид за фемицид, како национално тело во нашата земја, формирано во рамките на иницијативата за Опсерваторија за фемициди. Ова тело обединува претставници од институции и граѓански организации за подобрување на институционалниот одговор и работи на откривање пропусти во системот и предлага мерки за спречување на родово базирано насилство.

Резиме на дискусијата дадоа Лејла Мамут, национална програмска офицерка за родови прашања, Мисија на ОБСЕ во БиХ и Жанета Попоска, национална офицерка за владеење на правото и човекови права, Мисија на ОБСЕ во Скопје.

Регионалната конференција за фемицид во Југоисточна Европа продолжува утре, кога треба да заврши со заклучоци, препораки и следни чекори.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Германски тајкун призна дека учествувал во соборувањето на Себастијан Курц: Успешно го соборивме

Поранешниот извршен директор на германската финансиска и технолошка компанија „Вајркард“, Јан Марсалек, кој е во бегство од 2020 година и е баран на меѓународно ниво, тврди дека имал улога во политичкиот пад на поранешниот австриски канцелар.

Германски тајкун призна дека учествувал во соборувањето на Себастијан Курц: Успешно го соборивме

Поранешниот извршен директор на германската финансиска и технолошка компанија „Вајркард“, Јан Марсалек, кој е во бегство од 2020 година и е баран на меѓународно ниво, тврди дека имал улога во политичкиот пад на поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц, според истражните документи добиени од мрежата на глобални репортери „Аксел Спрингер“.

Во порака од 22 октомври 2021 година, упатена до Орлин Русев, кој предводеше шпионска група во Велика Британија поврзана со руското разузнавање, Марсалек изјави дека тие „успешно го собориле“ Курц, благодарение на запленувањето на мобилниот телефон на еден од неговите блиски соработници, објавува „Билд“.

Курц ја објави својата оставка од функцијата австриски канцелар само 13 дена пред да ја испрати пораката. Според истражните документи, Марсалек тврдел дека запленувањето на телефонот овозможило пристап до пораки што го компромитирале тогашниот австриски лидер.

Меѓу другото, станува збор за телефонот на Томас Шмид, поранешен висок функционер во австриското Министерство за финансии и близок соработник на Курц, кој беше запленет од австриските истражители во ноември 2019 година.

Податоците пронајдени на телефонот, вклучувајќи ги и претходно избришаните пораки, станаа важен доказ во истрагите за корупција, политички назначувања и користење државни пари за финансирање на политички поволни истражувања и медиумски содржини.

На 6 октомври 2021 година, австриските истражители ја пребараа канцеларијата на канцеларот, Министерството за финансии и седиштето на Австриската народна партија (ÖVP), а Курц ја објави својата оставка три дена подоцна.

Тајунот Марсалек напиша во истата преписка дека преостанатите пораки од телефонот политички го „убиле канцеларот“, но истражните документи не даваат независни докази дека тој всушност го организирал запленувањето на уредот.

Особено е нејасно дали Марсалек со терминот „ние“ мислел на компанијата Wirecard или на руската разузнавачка служба за која е осомничен дека работи, објавува Bild.

Марсалек е во бегство од јуни 2020 година, кога беше откриено дека околу 1,9 милијарди евра недостасуваат од билансите на компанијата по финансискиот колапс на Wirecard. Покрај финансиските измами, европските власти го истражуваат под сомнение за шпионажа за Русија.

Русев, на кого Марсалек му ги испратил контроверзните пораки под кодното име „Руперт Тих“, подоцна беше осуден во Велика Британија на десет години и осум месеци затвор за активности поврзани со руска шпионска мрежа.

Поранешниот австриски канцелар не сакаше да коментира за најновите наоди. Неговата придружба рече дека Курц отсекогаш верувал дека обвиненијата против него се политички мотивирани и дека бил шокиран кога дознал за можните врски на случајот со Русија.

Британскиот пратеник Греам Дауни рече дека наодите се загрижувачки, предупредувајќи на поширок модел на руски обиди да влијаат на политичките процеси и да ги дестабилизираат демократиите во Европа.

Истрагата продолжува, а британските истражители им доставија на австриските колеги дел од комуникациите запленети за време на апсењата на членовите на шпионската мрежа. Австриските власти, исто така, истражуваат дали лица од нивните разузнавачки структури му пренесувале информации на Марсалек, а индиректно на Русија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се урна преполна трибина во Норвешка- еден навивач заврши во болница, натпреварот е прекинат

Натпревар од норвешката лига помеѓу Тромсе и Боде Глимт беше прекинат по 40 минути игра поради сериозен инцидент на стадионот Алфхајм, каде што дел од гостинската трибина се урна под тежината на навивачите. 

Се урна преполна трибина во Норвешка- еден навивач заврши во болница, натпреварот е прекинат

Едно лице е однесено во болница.Според норвешките медиуми, до пет лица паднале откако се урнала конструкцијата, а хоспитализираниот навивач бил свесен, потврди Симен Педерсен, службеник за односи со медиумите на Боде Глимт, објави Ројтерс.

Инцидентот се случил зад еден од головите, додека гостинските навивачи скокале и пееле. Еден очевидец, Андрине Моен, изјави за локалниот весник VG дека подот одеднаш се урнал и редот пред неа се преполовил. Според неа, најмалку две лица паднале низ подот на трибината, но не е познато од која висина паднале или колку луѓе биле вклучени во инцидентот.

Полицијата започна истрага и е одлучено дека оштетената трибина повеќе нема да се користи. Гостинските навивачи прво биле евакуирани, а потоа преместени на страничните трибини на стадионот.

Натпреварот продолжи во 16 часот, а Боде/Глимт успеаја да се вратат на фудбалските обврски и да поведат непосредно пред крајот на првото полувреме. Ола Бринхилдсен постигна гол во втората минута од судиското продолжение (45+2).

До крајот, Бринхилдсен го зголеми резултатот на 2-0 во 73-тата минута.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заврши ли времето на Нетанјаху- Ајзенкот е новиот мандатар за состав на владата на Израел

Израелскиот претседател Исак Херцог ја започна прес-конференцијата со изјава дека одржал консултации со претставници на сите партии, по израелските избори кои резултираа со политичка блокада.

Заврши ли времето на Нетанјаху- Ајзенкот е новиот мандатар за состав на владата на Израел

Тој ги опиша разговорите како „тешки и длабоки“, објави Скај Њуз.

„Стана јасно дека сите граѓани на Израел, без оглед на нивните ставови, начини на живот или верувања, имаат еднаков глас, независно од тоа од која страна или партија доаѓаат“, вели тој.

„Основното прашање е: кој има најголеми шанси да формира влада?

„Затоа, во својство на претседател, одлучив мандатот за формирање влада да му го доделам на претседателот на партијата ‚Јашар‘, Гади Ајзенкот.“

За контекст: Како што веќе известувавме, Бенјамин Нетанјаху се бори да остане на функцијата, откако неговата верско-националистичка коалиција го загуби мнозинството на изборите одржани на 27 октомври.

Опозицискиот кандидат Ајзенкот, поранешен началник на Генералштабот, настапи како главен ривал, предводејќи блок од партии кои имаат за цел да го сменат израелскиот премиер со најдолг стаж на власт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер