Собир на женска младинска репрезентација - Канал 5

Собир на женска младинска репрезентација

Женската ракометна репрезентација на Македонија до 19 години, по првиот собир кој го одработи минатиот викенд во Скопје, в сабота и недела (04 и 05 март 2017) ги продолжува подготовките за настап во квалификациите за ЕП 2017.

Собир на женска младинска репрезентација
Собирот ќе се одржи во СРЦ Кале во Скопје, а ВД селекторот на репрезентацијата, Борче Марковски, ги повика следните ракометарки: Амра Иљаз, Јована Мицевска, Слободанка Кицевска, Пена Граматова, Анастасија Николовска, Анастасија Спировска, Марија Гајиќ, Васка Глигоријадис, Ана Станикевска, Мери Арсениевска, Леонида Гичевска, Ива Божиновска, Сашка Филиповска, Сара Стефановска, Ана Иванова, Марија Гугуљанова, Моника Георгиевска, Милица Николиќ, Михаела Камческа, Јована Владева, Ања Велкова.

Квалификацискиот турнир за пласман на ЕП 2017 во Словенија ќе се одржи во Скопје во периодот од 17 до 19 март 2017 година. Натпреварите ќе се играат во СРЦ „Кале“.
Македонија се наоѓа во група со Унгарија, Молдавија и Фарски Острови. Двете најдобро пласирани репрезентации од групата ќе се пласираат на континенталниот собир во Словенија што ќе се игра во периодот од 26 јули до 6 август 2017 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Растот на индустријата е статистичка илузија - економијата е во стагнација

Организираната криминална група ВМРО и Мицкоски со голема помпа соопштуваат дека индустриското производство пораснало за 7,6% во април 2026 година.

СДСМ: Растот на индустријата е статистичка илузија - економијата е во стагнација

Ова е класичен пример на статистичка манипулација и селективно прикажување на податоци.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првите четири месеци од 2026 година индустриското производство пораснало за само 0,2%. Ова е практично стагнација.

Едномесечниот раст од 7,6% е резултат на ниска база од претходната година и не ја отсликува реалната и одржлива динамика во индустријата.

Уште поалармантно е тоа што целокупниот економски раст во истиот период е минимален, а инвестициите се намалени за десетици проценти.

Кредитната линија од 230 милиони евра што ја споменува Владата не е доказ за успех - тоа е ново задолжување кое ќе го плаќаат граѓаните.

Организираната криминална група ВМРО сака да создаде слика на економски напредок, но реалноста е сосема поинаква:

• Индустријата стагнира.

• Инвестициите се во слободен пад.

• Младите масовно заминуваат.

• Буџетот е пред колапс.

• Економскиот раст е меѓу најниските во регионот.

Наместо да признаат дека нивната економска политика не дава резултати, тие земаат еден месец со повисок раст и го претставуваат како доказ за „успех“.

Ова е иста онаа тактика што ја користат и за долговите и за реформите, и за европскиот пат - лажен маркетинг наместо реални резултати - трета економија во Европа.

Граѓаните не живеат од статистички трикови. Тие живеат од плати, од работни места и од перспектива. А во сите овие области, по две години власт на Мицкоски, состојбата е полоша, а не подобра.

Организираната криминална група ВМРО може да продолжи да фалсификува успех преку селективни бројки. Реалноста на теренот е сосема поинаква - и граѓаните тоа најдобро го знаат.

Доволно е граѓаните да погледнат во своите паричници и фрижидери за да видат како изгледа таа наводна „трета економија во Европа“. А според најавите на министерката за финансии, наскоро Европската Унија ќе биде пред банкрот, додека Македонија ќе стане прва економија во Европа.

Вакви ветувања денес можеме да слушнеме само уште од Вучиќ. Тешко е да се процени кој предничи во овие тврдења, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Загина основачот на гигант за производство на видеоигри при пад на авион во Франција

Клод Гилемот, еден од основачите на Ubisoft, светски познатата компанија за видео игри што стои зад серијата Assassin's Creed, загина во авионска несреќа во западна Франција, потврдија локалните власти.

Загина основачот на гигант за производство на видеоигри при пад на авион во Франција

Клод Гилемот, еден од основачите на Ubisoft, светски познатата компанија за видео игри што стои зад серијата Assassin's Creed, загина во авионска несреќа во западна Франција, потврдија локалните власти во саботата, објави ABC News.

Детали за несреќата

Според изјавата на градоначалникот Франк Луврие, несреќата се случила во петокот вечерта кога авион со двоен мотор Cessna 421 се урна во близина на аеродромот Ла Боул на атлантскиот брег. Заедно со Гилемот, во авионот имало и инструктор за летање, кој исто така загинал.

Градоначалникот истакна дека двајцата биле лиценцирани и искусни пилоти. Службеник на аеродромот, кој зборуваше под услов да остане анонимен поради внатрешните правила, за Асошиејтед прес изјави дека авионот се урнал во поле кратко пред слетувањето. Покрената е истрага за причините за несреќата.

Создавачот на гејмерскиот гигант

Компанијата Ubisoft ја потврди веста за смртта на Гилемот, но засега без дополнителни коментари. Клод Гилемот го основал Ubisoft со четири браќа во 1986 година. Со текот на времето, компанијата станала еден од гигантите во индустријата за видео игри, а освен по исклучително популарната серија Assassin's Creed, позната е и по наслови како Just Dance и франшизите Rayman и Tom Clancy.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Индустриското производство со раст од 7,6% за една година, ова се резултатите на сериозните економски политики на Владата

Официјалните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека индустриското производство во 2026 година бележи раст од 7,6% во однос на 2025 година.

ВМРО-ДПМНЕ: Индустриското производство со раст од 7,6% за една година, ова се резултатите на сериозните економски политики на Владата

Официјалните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека индустриското производство во 2026 година бележи раст од 7,6% во однос на 2025 година, при што целокупната економска активност останува во позитивна зона, со раст од 0,2%.

Ова е резултатот на економските политики на Владата, насочени кон конкретна и реална поддршка на домашните компании. Преку оваа поддршка расте производството, се зголемува индустрискиот промет, се поттикнува економската активност и континуирано се отвораат нови работни места ширум земјата.

Носител на овој раст е преработувачката индустрија, секторот кој создава најголема додадена вредност и претставува главен двигател на економскиот развој и на извозот. Домашните компании имаат капацитет да растат, да вработуваат и да освојуваат нови пазари, кога им се обезбедени соодветни услови за работа.

Клучна алатка зад овие резултати е кредитната линија од 230 милиони евра, која Владата ја обезбеди како силна финансиска поддршка за стопанството. Овие средства веќе се во нови инвестиции, нова опрема, поголемо производство и проширени капацитети кај домашните претпријатија, што е конкретен доказ дека мерките на Владата директно се префрлаат во реалниот сектор и даваат опипливи резултати.

Зад овие бројки, кои не се само статистика, стојат отворени работни места, зголемени плати и компании кои растат. Тоа е потврда дека насоката е вистинска и дека македонската економија чекори кон поголема стабилност и конкурентност.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со ваквата поддршка на домашната економија, на македонските компании и на македонските работници, бидејќи токму на овој начин се обезбедува повисок животен стандард, повисоки плати и посилна економија за сите граѓани, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер