Семброски, вработен во Локхид Мартин и ветеран на американското воздухопловство, свирел неколку акорди за гледачите за време на 10-минутното јавување во живо на четворица членови на тимот на Инспирацијата4, додека летаа над Европа со 28.000 километри на час.
SpaceX, приватна ракетна компанија во сопственост на технолошкиот магнат и шеф на Тесла, Илон Маск, објави дека очекува екипажот да се врати на Земјата во сабота. Слетувањето било закажано за 19 часот на брегот на Флорида, соопшти компанијата.
Астронаутите ги поминаа повеќето од првите 48 часа во разговор од вселената, вклучително и телефонски повици со семејството, пријателите и поддржувачите како Маск и холивудската sвезда Том Круз.
Тие во петокот снимија и контакт со њујоршката берза.
Орбиталниот изглед на екипажот Crew Dragon се појави во живо на каналот SpaceX на YouTube, кој го снабдува леталото, го лансира од Флорида и го управува од базата на компанијата лоцирана во предградието на Лос Анџелес.
Милијардерот Џаред Исакман му платил на Маск непозната сума за летот - списанието „Тајм“ објави дека изнесува 200 милиони долари - за она што се претвори во инаугуративен астро -туристички лет.
Геонаучникот и поранешен кандидат на НАСА, Сиан Проктор (51) го покажа своето уметничко дело - цртеж нацртан со фломастери, на кој е прикажан екипажот на капсулата што ја носи од земјата вистински змеј.
Хејли Арцено (29), помошник лекар во Св. Jуда во Тенеси, каде што како дете била лекувана од рак, воодушевена е од изведувањето пируети низ кабината за да им прикаже на гледачите впечаток на микрогравитација.
Обидот да се прикажат спектакуларни погледи на Земјата над набљудувачката купола на капсулата беше се` повеќе разочарувачки кога леталото се спушташе кон сопствената сенка на Земјата, иако Проктор рече дека може да ја види поларната светлина на темното небо подолу. Но, тоа не се гледало добро за гледачите.
Мисијата Inspiration4 полета во средата од вселенскиот центар Кенеди во Кејп Каневерал со ракета Falcon 9 Space X. За три часа, екипажот на капсулата достигна орбитална висина од 585 километри - повисока од Меѓународната вселенска станица или вселенскиот телескоп Хабл.
Лансирањето на Space X означува чекор пред конкурентите Virgin Galactica и Blue Origin, кои нудат ракетни летови за клиенти кои се подготвени да платат мало богатство.