Со својот ангелски глас ја воодушеви публиката на шоуто „Јас имам талент“ (видео) - Канал 5

Со својот ангелски глас ја воодушеви публиката на шоуто „Јас имам талент“ (видео)

Луси Кеј секојдневно била малтретирана од страна на своите врсници на училиште, дури во еден момент од својот живот размислувала да изврши самоубиство. Спасот го пронашла во пеењето.

Со својот ангелски глас ја воодушеви публиката на шоуто „Јас имам талент“ (видео)
Луси Кеј е 24 годишна девојка по потекло од Нотингем во Велика Британија. Таа се пријавила на познатото телевизиско шоу „Јас имам талент“ за да покаже што умее. Нејзиниот талент е пеењето, а тажната приказна кој се чувствува во гласот на оваа девојка сигурно нема да ве остави рамнодушни.

Имено, таа од Нотингем се преселила во Глазгов за да студира музика, но и за да побегне од лошите луѓе кои цел живот ја малтретирале.

Нејзините родители се развеле додека била уште многу мала, што влијаело на нејзината самодоверба. Ситуацијата на училиште не била ништо подобра. Луси секојдневно била малтретирана од страна на своите врсници, а во еден момент од својот живот размислувала и да си го одземе животот. Нејзината мајка не знаела како да и помогне.

Оваа млада девојка спасот го пронашла во пеењето. Нејзината мајка знаела дека мора нешто да преземе, за да не ја изгуби својата ќерка, па ја прашала со што би сакала да се занимава. Луси одговорила дека би сакала да пее.

„Има проблеми со самодовербата. Но кога ќе почне да пее како да се транспортира на некое друго место. Потребна и е самодоверба. Знам дека е посилна отколку што таа самата мисли“ – изјави нејзината мајка.

Луси со својот ангелски глас го воодушеви жирито во британската емисија „Јас имам талент“ и ја крена публиката на нозе.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанев: По пријавата за семејно насилство биле преземени полициски мерки за заштита на Билјана од Богданци

Директорот на бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, ја презентираше хронологијата на постапувањето на полицијата .

Јанев: По пријавата за семејно насилство биле преземени полициски мерки за заштита на Билјана од Богданци

Директорот на бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, ја презентираше хронологијата на постапувањето на полицијата во случајот со трагичната смрт на 17-годишната Билјана и нејзиното 21-годишно момче во Богданци.

Тој истакна дека МВР соодветно реагирало на пријавата и дека по случајот било постапувано институционално.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Извештајот на Европската комисија пристигна во Владата, Рокас му го врачи на премиерот Мицкоски

И евроамбасадорот Рокас и премиерот Мицкоски гледаат напредок во годинешниот извештај на Европската комисија, за чии наоди попладнево двајцата дадоа свои оценки.. 

Извештајот на Европската комисија пристигна во Владата, Рокас му го врачи на премиерот Мицкоски

Годинешниот извештај на Европската Комисија за Македонија е подобар од оној лани - во ниту една област не е забележано уназадување, оценува премиерот Христијан Мицкоски по денешното официјално врачување на Извештајот од страна на евроамбасадорот во земјава – Михалис Рокас. Мицкоски истакна дека земјава е меѓу најдобрите кандидатки во спроведувањето на реформите, што го потврди и Рокас, меѓутоа, како што посочи евроамбасадорот, потребно е порешителна акција во борбата против корупцијата и обезбедување на независно судство.

„Тој е подобар од претходната година, кажав и за недостатоците, дел од тие недостатоци веќе се отклонети, во меѓувреме многу од законите се донесоа а дополнително веќе се подготвени двата клучни закони од владеење на правото – тоа се казнениот закон и законот за кривична постапка. “

„Извештајот покажува дека не е постигнат напредок во спречувањето и борбата со корупција. Ова бара посилни институции, ефективни гонења и истраги како и опипливи резултати во справувањето со корупција на високо ниво. Судската независност мора да биде заштитена, со заштита на судиите и обвинителите од притисоци и обезбедување на соодветни ресурси. // Една година подоцна, да гледаме напредок и тоа е јасно. Ова треба да го гледаме како една годишна вежба и фактот дека земјава веќе достигнала едно добро ниво на подготвеност.“

Рокас подвлече дека ЕУ е подготвена да ги отвори преговорите за земјава штом бидат донесени уставните измени, додека Мицкоски пак порача дека на македонскиот евроинтегративен пат му е потребна предвидливост и јасни правила.

„Ние немаме недостиг на реформи, туку преостанати политички услови. Одлуката на претходната влада, кога по пат на политички егзибиционизам влегоа во авантура која што сега е политички критериум за нас за да почнеме со процесот на преговори.“

Тоа што Македонија не доби патоказ како останатите четири земји фаворитки се должи на неотворените преговарачки поглавја поради недонесувањето на уставните измени, а не поради неисполнување на обврските од реформската агенда – поjaсни евроамбасадорот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Торнадо уништи аеродром- тешко се оштетени терминалот и пистата, има повредени (ВИДЕО)

Аеродромот Чапеко во бразилската држава Санта Катарина е затворен на неодредено време откако торнадо го погоди подрачјето.

Торнадо уништи аеродром- тешко се оштетени терминалот и пистата, има повредени (ВИДЕО)

Концесионерот Вое Ксап ги суспендираше сите полетувања и слетувања поради сериозни оштетувања на терминалот и пистата. Новите снимки од воздух ја покажуваат големината на штетата, објавува CNN Brasil.

Внатрешната структура на патничкиот терминал се урна под налетите на ветер, а оштетени се и хангари и главната зграда. Пожарникарите ги расчистуваат урнатините. Снимките од дрон ги покажуваат уништените покриви на неколку згради, од кои една паднала врз мал авион.

Вое Ксап им рекол на патниците да не доаѓаат на аеродромот.

„Техничките тимови се на терен, вршат детална проверка на инфраструктурата и преземаат сите потребни мерки за нормализирање на сообраќајот што е можно поскоро“, се вели во официјалното соопштение.

Полетувањето е прекинато во последен момент

Летот 4274 на Азул се подготвувал за полетување токму во моментот кога торнадото го погодило подрачјето. Пилотот и копилотот морале да ја прекинат постапката за полетување.

Моментот кога бурата помина беше снимен во видео споделено со CNN Brazil од Порталот Чапеко. Видеото го прикажува авионот на пистата непосредно пред ненадејната промена на времето. Видливоста брзо се намалува, а во позадина се слуша гласен шум.

Во комуникација со контролната кула, екипажот пријавил дека ја прекинуваат операцијата:

„Ние сме на пистата, не можеме ништо да видиме. [...] Стоиме, авионот многу се тресе, се движи... [...] Застанавме на пистата, авионот се движи, не можеме... радио... [...] Чекаме да се смири, а потоа можеме да се вратиме на местото за полетување. [...] Ќе се вратиме на влезот на местото за полетување [...] Ќе процениме дали можеме да влеземе.“

Две торнада и обемни штети во Санта Катарина

Цивилната заштита на државата Санта Катарина потврди дека две торнада се формирале за време на силната бура на западот од земјата, едното во Чапеко, а другото во Санксереј.

Бразилската држава се бори со обилни дождови, силни ветрови и град од неделата. Невремето досега погоди 58 општини, оштетувајќи 1.438 домови. Четири општини прогласија вонредна состојба.

Метеоролошката станица на Секретаријатот за заштита и цивилна заштита (SDC/SC) регистрираше налети на ветер од 93 километри на час. Станица на Националниот метеоролошки институт (INMET) во друг дел од градот измери налети на ветер до 126 километри на час. До 19 часот беа регистрирани 200 интервенции поврзани со невремето.

Вкупно 24 лица беа повредени, а 47.000 луѓе ги почувствуваа последиците од невремето. Оштетени се 86 училишта и 20 здравствени установи.

Еден смртен случај е потврден во градот Рио Негрињо, каде што се урна бензинска пумпа. Според противпожарната служба, повеќе од 200 пожарникари низ целата држава работат на санирање на штетите.

Дождот ќе продолжи да паѓа на северот од државата од раните утрински часови во четврток, а се очекува времето да се смири попладне.

Се очекува нов студен фронт да пристигне во петок навечер, што би можело да донесе повеќе бури. Нестабилното време би можело да продолжи и во текот на викендот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер