Со спреј пишувале по прегладнета поларна мечка (ВИДЕО) - Канал 5

Со спреј пишувале по прегладнета поларна мечка (ВИДЕО)

На руските социјални мрежи се појави фотографија од поларна мечка , на чиј грб некој напишал  „Т-34“ во црн спреј.

Со спреј пишувале по прегладнета поларна мечка (ВИДЕО)

Експертите предупредуваат дека тоа може да влијае на способноста на ова животно да се претопи со околината при лов на храна.

Во тек е истрага за да се утврди точно каде е снимено видеото во арктичкиот дел на Русија, пренесува BBC.

Инаку , тенкот Т-34, што се пшретпоставува дека значи напишаното, одигра важна улога во победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија во Втората светска војна.

Видеото е објавено на Фејсбук од Сергеј Кавриј, член на непрофитниот Светски природен фонд (WWF), а потоа го споделија локалните медиуми.

Каври коментира дека видеото е споделено преку WhatsApp меѓу членовите домородната група на автономниот округ Чукотка, сместен на крајниот североисток на Руската Федерација, без научниците да го следат дивиот свет во областа за да обележат мечка.

„Не ги знам деталите или во кој регион или област е направено ова видео. Ако армијата го сторила тоа, тогаш ова е еден вид перверзно непочитување на историјата“, рече Кавриј.

Анатолиј Кохнев, научник на Институтот за биолошки проблеми на северот, рече дека мечката била веројатно насилно успиена пред да биде исшкртана, бидејќи „буквите се униформни и со иста големина“.

Тој додаде дека може да поминат неколку недели пред да се избрише оваа ознака, што може да му создаде проблеми на ова животно, кое се потпира на белината на своето крзно при лов на плен во арктичкиот снег и мраз.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Западен Нил ја зема единаесетата жртва – почина 66 годишна жена од Росоман

Западно нилската треска ја зема и единаесетта жртва. Почина 66 годишна жена од Росоман, која подолго време била хоспитализарана и имала и други заболуавња.

Западен Нил ја зема единаесетата жртва – почина 66 годишна жена од Росоман

Епидемијата со Западен Нил стивнува и веќе трете недела нема нови хоспитализирани пациенти, посочи директорот на инфективна Фадил Цана.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Наунов: Вистината се утврдува со докази, а не според потребите на одбраната

Со изведување докази предложени од одбраната денеска во судницата во „Идризово“ при продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Наунов: Вистината се утврдува со докази, а не според потребите на одбраната

Сведочеше вешто лице кое посочи дека од градежен аспект објектот на дискотеката не претрпел реконструкција ниту пренамена, туку се работело исклучиво за внатрешно ентериерно уредување. Родителите на жртвите од Пулс реагираа и порача дека судскиот процес не се води само за градежни конструкции, туку за безбедноста, одговорноста и загубените човечки животи.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со факели и огномет пречекан Груби кој излезе од куќен притвор

Со факели, петарди, огномет и музика, како на голема прослава, синоќа во скопски Чаир стотина лица го пречекаа поранешниот вицепремиер Артан Груби, откако му беше укинат куќниот притвор. 

Со факели и огномет пречекан Груби кој излезе од куќен притвор

Во друштво на пријатели и соработници, Груби се поздравуваше со присутните, додека се палеа факели и чадни бомби. Снимките од прославата брзо се проширија на социјалните мрежи.

Одбраната на Груби , на кого му се суди за злоупотреби во „Лотарија“ во соопштение до јавноста се оградува за синоќешното славење во Чаир.

-Собирот беше спонтан, пред домот на Артан Груби, без говори, без пораки, и без политички одбележија. Укинувањето на мерката претставува одлука на надлежните органи во рамките на законски предвидените постапки. Во името на нашиот штитеник, им се извинуваме на сите граѓани кои може да биле вознемирени синоќа од неколкуминутниот спонтан настан, што би можел да создаде погрешна слика во јавноста. Почитувањето на институциите, судските постапки и владеењето на правото е од суштинско значење, нагласува одбраната на Груби.

Но, иако Груби од вчера може да се брани од слобода, обвинението против него останува. Од Кривичниот суд соопштија дека куќниот притвор му е укинат по сила на законот, по истекувањето на максималниот рок од 60 дена од поднесувањето на обвинителниот предлог. Судот исто така не ја прифати ниту понудената гаранција од над 335 илјади евра за враќање на пасошот

Груби е второобвинет во случајот „Државна лотарија“, во кој Обвинителството го товари за злоупотреба на службената положба и овластувањата. Според обвинението, со спорни одлуки и постапки поврзани со набавката на видеолотариски терминали, на државната компанија ѝ била причинета штета од околу 9,7 милиони евра.

Во предметот се обвинети вкупно осум лица, меѓу кои и поранешниот директор Перпарим Бајрами кој по бегство од органите исто така се врати во Македонија. Груби пред судот се изјасни дека не се чувствува виновен, но и и натаму има забрана да го напушта Скопје, обврска да се јавува во судот и забрана за контакти со определени лица.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер