Со „Скопска иницијатива“ и платформата „Твоја држава, твоја шанса“ СДСМ отвора ново поглавје за иднината на Македонија - Канал 5

Со „Скопска иницијатива“ и платформата „Твоја држава, твоја шанса“ СДСМ отвора ново поглавје за иднината на Македонија

СДСМ започнува нова етапа на политичко дејствување, заснована на вредностите на социјалдемократијата, борбата за подобар животен стадард, борба против корупцијата и за европската иднина.

Со „Скопска иницијатива“ и платформата „Твоја држава, твоја шанса“ СДСМ отвора ново поглавје за иднината на Македонија

Со усвојувањето на програмската платформа „Твоја држава, твоја шанса“, СДСМ ја претстави својата визија за модерна, напредна, праведна и европска Македонија – држава во која трудот се вреднува, институциите работат за граѓаните, а младите ја гледаат својата иднина дома.

СДСМ е на страната на младите, на работниците, пензионерите, земјоделците и сите граѓани кои чесно живеат од својот труд.

Во оваа насока „Твоја држава, твоја шанса“ нуди конкретен одговор на најголемите предизвици со кои денес се соочуваат граѓаните: високите цени, ниските плати, иселувањето на младите, корупцијата и слабите институции.

СДСМ се обврзува на политики што ќе обезбедат раст на платите, заштита на работничките права, правично оданочување, силна борба против корупцијата, независно судство, достапно здравство и квалитетно образование.

Преку „Скопската иницијатива“, СДСМ ја потврди својата улога како обединувачки фактор на поширокото прогресивно движење во регионот и Европа, кое се спротивставува на корупцијата, авторитарноста и антиевропските политики.

Европа не е апстрактна политичка цел, туку подобар живот дома, повисоки плати, владеење на правото и повеќе шанси за секој човек.

Македонија не смее да остане заглавена во национализам, популизам и политички манипулации кои ја оддалечуваат од европската иднина. Наместо поделби, СДСМ нуди визија за обединување околу државните интереси, економски развој и европски вредности преку поширок Фронт за вистина и правда.

Скопје, 08.06.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зидан се поблиску до клупата на Франција

Светската фудбалска легенда, Зинедин Зидан ќе го преземе кормилото на француската репрезентација од Дидие Дешан. 

Зидан се поблиску до клупата на Франција

За ова веќе неколку месеци се шпекулира и зборува во спортските медиуми ширум светот.

По слабото издание и пораз на триколорите во мундијалското полуфинале против Шпанија, се поблиску е денот од се приближуваме кога, и формално, легендарниот ас ќе седне на клупата на Франција.

Познатиот италијански фудбалски инсајдер Фабрицио Романо вели дека Зидан ќе ја преземе тренерската функција со потпишување на договорот овој месец и ќе го замени својот поранешен соиграч од славните денови, Дешан.

- Зинедин Зидан ќе биде новиот селектор на Франција, за тоа немаше сомнеж уште од ноември, кога беше донесена јасна одлука. Зидан веќе го состави својот стручен штаб, а официјалното потпишување на документите ќе следи овој месец. Тој ќе ја предводи Франција во Лигата на нации, на Европското првенство во 2028 година и на Светското првенство во 2030 година - вели Романо.

Со Зидан како играч започна ерата на доминација на француската репрезентација.

Тимот беше светски првак во 1998 година, две години подоцна и европски првак, а „триколорите“, со Зидан во составот, играа и во финалето во 2006 година, во славниот дуел против Италија.

Од 1998 година наваму, Франција четири пати играла во финалето на Светското првенство.

Во меѓувреме, популарниот Зизу се докажа и на клупско ниво за време на годините на доминација со Реал, со кој освои речиси сè што може да се освои, и тоа во повеќе наврати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: Канада е одговорна за пожарите кои им нанесуваат штета на САД, ќе им наплатиме преку царини

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ја сметаат Канада за одговорна за пожарите што ги загадуваат американските градови и најави дека по тој повод ќе го повика канадскиот премиер Марк Карни.

Трамп: Канада е одговорна за пожарите кои им нанесуваат штета на САД, ќе им наплатиме преку царини

Тој исто така додаде дека „трошоците од тоа загадување без одложување мора да бидат вклучени во царините“ кои Канада моментално ги плаќа во трговијата со САД.

„Ја сметаме Канада за одговорна за неадекватно одржување на нејзините шуми и грмушки, поради што загадениот и нездрав воздух, чиј квалитет е опасен и целосно неприфатлив, струи во сад без никаква потреба!“, напиша Трамп на социјалната мрежа трут соушл.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рекорден награден фонд: Колку ќе заработи светскиот фудбалски шампион

Колку ќе заработи шампионот на 23 -тотоСветското првенство во Северна Америка?

Рекорден награден фонд: Колку ќе заработи светскиот фудбалски шампион

Наградниот фонд на ФИФА за 2026 година е без преседан во историјата на турнирот.

Оној што ќе го крене трофејот на стадионот „Метлајф“ на 19 јули во Њи Џерси, не само што ќе ја освои најголемата награда во фудбалот, туку и ќе ја обезбеди најголемата поединечна исплата во историјата на Светското првенство.

Наградниот фонд на ФИФА за 2026 година е без преседан во историјата на турнирот, што е директна последица на проширувањето на 48 екипи и на рекордни 104 натпревари, како и на приходите од преноси и спонзорства што произлегуваат од тоа.

За колкава сума станува збор и како се распределуваат средствата, пишува „Спортинг њуз“ (Sporting News).

Шампионот ќе добие 50 милиони долари само врз основа на наградите за постигнатиот успех. Во оваа сума не се вклучени другите приходи, па така вкупната исплата за шампионот надминува 60 милиони долари, пред да се земат предвид евентуалните дополнителни бонуси што би можел да ги исплати нивниот сојуз.

Тие 50 милиони долари претставуваат 8 милиони долари повеќе од сумата што ја заработи Аргентина со освојувањето на титулата во Катар во 2022 година.

За ова Светско првенство, ФИФА ќе распредели вкупен награден фонд од 871 милион долари – во споредба со 440 милиони долари на турнирот во 2022 година – што претставува зголемување од приближно 65%.

На секоја од 48-те квалификувани екипи ѝ е загарантиран минимален износ од 12,5 милиони долари, без оглед на резултатите; овој износ се состои од 10 милиони долари како надомест за квалификување и 2,5 милиони долари наменети за подготовки. Покрај тоа, сите дополнителни приходи целосно зависат од тоа колку далеку ќе стигне екипата на турнирот.

Тимовите елиминирани во групната фаза заработуваат приближно 9 милиони долари врз основа на постигнатите резултати, покрај загарантираните средства.

Пласманот во фазата со 32 екипи носи 12 милиони долари за тимовите што ќе бидат елиминирани во таа фаза.

Пласманот во осминафиналето носи околу 14 милиони долари, четвртфиналето околу 19–20 милиони, четвртото место носи околу 28 милиони, а третото место приближно 30 милиони долари.

Вицешампионот заработува 33–34 милиони долари, додека шампионот освојува 50 милиони долари, со што се наоѓа на врвот на листата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер