3Тричлена банда Бугари извршиле најголема измама во историјата на Британија, тешка 53 милиони фунти- депортирани се
Полицијата во Лондон го тестира системот за препознавање лица- ќе ги фотографираат луѓето без нивна дозвола
1Полицијата во Лондон го тестира системот за препознавање лица- ќе ги фотографираат луѓето без нивна дозвола
3БМВ го криел 21 година автомобилот што никогаш не го продал- има V12 мотор и е долг 5,5 метри (ВИДЕО)
ЖивотСо што сè се соочуваат украинските бегалци во САД?Има и случаи на злоупотреба и измама. Некои од побогатите Украинци се согласиле да платат две или три илјади долари по човек американски граѓани да гарантираат за нив. Дојче веле - Бон На почетокот на руската инвазија на Украина во февруари минатата година, Ана (редакцијата и го смени името) била бремена во шестиот месец. Сакала да избега што подалеку и се одлучила за Соединетите Американски Држави. Два месеци по почетокот на рускиот напад врз Украина, американските власти организираа програма за помош наречена „Обединување за Украина“. Според условите на таа програма, на украинските бегалци им е дозволено да влезат во САД и да останат две години доколку најдат таканаречен спонзор - лице кое е подготвено да понуди домување и финансиска помош. Во првите 12 месеци, 130.000 украински бегалци пристигнаа во САД на овој начин. Како и десетици илјади украински граѓани, Ана го објави своето барање во групите на социјалните мрежи, каде што Украинците бараат американски семејства да гарантираат за нив. Неколку дена подоцна добила порака од едно семејство во Тенеси. Искористена за „донаторска кампања“ Кога дошла да живее со тоа семејство во САД, неочекувано се нашла во тешка ситуација. Нејзините домаќини одбија да и помогнат да аплицира за социјална помош наменета за бегалците. Кога конечно добила помош, нејзините домаќини одредиле што и колку може да потроши. Наместо да ја однесат на гинеколошки преглед, инсистирале да се породи дома. Речиси секој ден морала во некоја црква да им раскажува на луѓе за својата судбина . „Ми беше срам да предизвикам сочувство и да се појавам како маченик“, вели Ана, која исто така едвај зборуваше англиски. Таа додава дека изгледа сакале да соберат пари и да реновираат некој запуштен имот за 20 украински бегалци. Активисти наоѓаат сигурни куќи за жени Семејството што ја прифати Ана на својот Фејсбук профил наведува дека неговите членови веќе спровеле јавна кампања за групно финансирање (crowdfunding) пред седум години за „зачувување на историското наследство“. Сега истото семејство започна акција под мотото: „Помогнете им на украинските бегалци да најдат нов дом во Тенеси“ На реновирањето работеше и Ана. „Ми пикнаа алат во рака и ми рекоа дека денеска ќе ги варосуваат или мијат прозорците“, вели таа. Таа не се осмелила да противречи и поради благодарност и поради нејзината целосна зависност од спонзорот. Односот помеѓу Ана и домаќините се влошувала. Кога нејзините спонзори ја преселиле во недовршени простории без тоалети или топла вода, таа избегала со помош на волонтери во домот за жени и деца во Калифорнија. Со помош на луѓе од таа институција воспоставила контакт со организацијата „Нова Украина“ која им помага на бегалците. Новинарите на Дојче веле не контактираа со поранешните спонзори на Ана, бидејќи таа се плаши дека ќе и наштетат. Во САД постои голема подготвеност да се помогне Тоа што го доживеа Ана секако не е правило, но не е единствената на која вакво нешто и се случило. Друга Украинка, по име Ксенија, исто така најде спонзор - врсничка од Соединетите Американски Држави, која има украинско потекло. По еден месец престој со неа, таа и нејзината двегодишна ќерка останале на улица. Настанала расправија кога Ксенија видела дека нејзината домаќинка станала насилна кон нејзиното дете. Катја Мојсеева, координаторка на организацијата „Нова Украина“, вели дека во американското општество постои голема подготвеност да им помогне на Украинците и дека многу Американци со најдобри намери се јавуваат да бидат спонзори. Таа објаснува дека за жал се случува луѓето да ја потценат одговорноста што ја преземаат и да не се дораснати на тоа. Така настануваат конфликтите и бегалците мора да бараат ново сместување. Над 1.200 луѓе, главно жени со деца, побарале помош од организацијата „Нова Украина“ за наоѓање ново сместување. Катја Моисејева вели дека секоја десетта жена била изложена на некаков облик на насилство. Измама, злоупотреба, проституција Има и случаи на злоупотреба и измама. Некои од побогатите Украинци се согласиле да платат две или три илјади долари по човек американски граѓани да гарантираат за нив. Откако ги добиле парите, „спонзорите“ исчезнале без трага. Други украински бегалци морале да се обврзат да бидат евтина работна сила - обично во домаќинствата или како старатели за стари лица. Редакцијата на Дојче веле објави лажен оглас на наводна Украинка која бара спонзор во различни групи на интернет поврзани со програмата „Се обединуваме за Украина“. Во низа групи имаше понуди за работа како ескорт дама: „Ние овозможуваме домување и наоѓаме спонзор“, гласеше ветувањето. Во понатамошната комуникација се покажало дека не се работи за придружба на клиенти туку за проституција. Дилемата на американските институции Мартин Мушеид, организаторот на една група која бара спонзори, вели дека редовно брише реклами од граѓани на трети земји како Нигерија. Во тие огласи, на Украинките им се нуди помош во барање спонзор, доколку претстават личност која се појавува како партнер и со него доаѓаат во САД - во американската хуманитарна програма за Украинци, партнерите или сопружниците на Украинците од трети земји можат влезат и во САД. Имиграциските власти во САД тврдат дека секој спонзор се проверува пред да им се дозволи на бегалците да дојдат. Не е познато колку украински бегалци во САД досега биле изложени на насилство и нелегални активности. Имиграциската служба на САД сè уште не одговорила на прашањата на медиумите во врска со ова. Активистите на организацијата „Нова Украина“ сметаат дека сегашната регулатива за признавање на спонзори, ги доведува во дилема американските институции. Од една страна, властите не сакаат да ги заострат прописите, за Американците да продолжат да ги канат Украинците во нивниот дом. Од друга страна, случаите на измама, заплашување и насилство доживеани од бегалците покажуваат дека е потребна подобра контрола.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаСмртоносно количество кокаин е пронајден во бебешка цуцла- осудени се мајката и нејзиниот партнер Мајка е затворена, заедно со нејзиниот партнер, по смртта на нејзината двегодишна ќерка, во чие шише за млеко е пронајдено дека содржи „смртоносна количина“ кокаин!Итните служби биле повикани на адреса во Билингам во април 2024 година, по извештаите дека девојчето, Лајла Хеч, престанало да дише, објави Би-Би-Си. Нејзината мајка, 22-годишната Џоди Хеч, и нејзиниот партнер, 30-годишниот Дејли Матис, првично ги негираа двете обвиненија за злоупотреба на деца во кои биле вклучени Лајла и друго дете. Тие го сменија своето признание на вина на Крунскиот суд во Тиссајд и беа осудени во понеделник. Mom and drug-dealer boyfriend learn fate after toddler dies from drinking cocaine-laced milk https://t.co/QrE02BgFuI https://t.co/I5KLiG860C — New York Post (@nypost) November 17, 2026 Токсиколошкиот извештај покажал дека смртоносна количина кокаин е пронајдена во шишето за млеко на детето, а дрогата е пронајдена и во нејзината крв, желудочната содржина и прамените коса. Главниот детектив инспектор Крис Прингл од полицијата во Кливленд изјави дека во куќата е пронајдена голема количина дрога, како и канабис. Двојката се изјасни за виновна за поседување дрога од класа А со намера за дистрибуција. Џоди Хеч, исто така, се изјасни за виновна за вмешаност во дистрибуција на дрога од класа Б и беше осудена на пет години и четири месеци затвор. Матис, кој беше осуден и за посебно кривично дело насилно однесување во врска со нападот во септември, беше осуден на 13 години затвор. Прингл рече дека дрогата пронајдена во куќата била „лесно достапна за мали деца“, што ја прави „екстремно опасна средина“.Тагови: кокаин Мајката Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаСанчез е пред изборен пораз- европската левица останува без еден од најсилните адутиСè поверојатниот изборен пораз на шпанскиот премиер Педро Санчез на претстојните избори би претставувал нов удар за европската левица, која би останала без еден од своите најгласни претставници во Европскиот совет.Вонредните избори во Шпанија, закажани за 29 ноември, би можеле дополнително да ги променат политичките односи меѓу европските лидери, а со тоа и односот на силите на состаноците на кои се одлучува за идниот правец на Европската унија. Според резултатите од анкетите, победата на шпанските конзервативци е се поизвесна, што значи дека бројот на социјалистичките лидери во Европскиот совет би можел дополнително да се намали. Изборите во Италија, Франција и Полска во 2027 година би можеле дополнително да ја ослабат европската левица и да доведат до фактот дека проевропските прогресивни и либерално-левичарски партии во Европскиот совет остануваат во посебно малцинство. „Една од последните преостанати левичарски влади во Европската унија... Звучи како остаток од минатото“, му рече еден дипломат на ЕУ за известувачот. Кој останува меѓу европските социјалисти? Доколку Санчез загуби на изборите, меѓу социјалистичките и социјалдемократските лидери во Европскиот совет, главно ќе останат данската премиерка Мете Фредериксен и премиерот на Малта Роберт Абела. И двете доаѓаат од помалите земји-членки на ЕУ, а нивните политички ставови не мора да се совпаѓаат со разбирањето на Санчез за социјализмот. Социјалист е и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. Евроскептичната група на европски конзервативци и реформисти (ЕЦР) во моментов има двајца претставници во Европскиот совет - италијанската премиерка Џорџија Мелони и белгискиот премиер Барт Де Вевер. Летонскиот премиер Андрис Кулбергс е независен, но неговата владина коалиција вклучува и партии поврзани со ЕЦР. Поранешниот чешки премиер Петар Фијала, кој припаѓаше на ЕЦР, беше заменет со Андреј Бабиш, чија партија АНО е член на екстремно десничарската група Патриоти за Европа (PfE). Умерената, проевропска десница, собрана околу Европската народна партија (ЕПП), има 12 лидери во Европскиот совет, како и претседател на Европската комисија. „Јазот би бил огромен“, рече Хавиер Карбонел, политички аналитичар во Центарот за европска политика (EPC) со седиште во Брисел. „Фредериксен не се смета за водечка фигура меѓу социјалистите во остатокот од Европа на начин на кој, до одреден степен, беше Санчез“, додаде тој. Карбонел верува дека заминувањето на Санчез би можело да поттикне поширока дискусија меѓу европските социјалисти за насоката во која тие треба да се развиваат, особено затоа што ниту поумерен ниту изразито левичарски пристап во моментов не им носи изборен успех. Големи разлики околу миграцијата „Фредериксен, дали таа навистина е социјалист? праша друг дипломат на ЕУ, потсетувајќи на честите несогласувања меѓу Данска и Шпанија во Европскиот совет, особено кога станува збор за миграциската политика. Данската премиерка неодамна, заедно со италијанската премиерка Џорџија Мелони и полскиот премиер Доналд Туск, го критикуваа Санчез за неговата политика на легализирање на статусот на стотици илјади мигранти. Фредериксен се залага за многу построга миграциска политика од шпанскиот премиер. Неодамна ги поддржа плановите за формирање центри за мигранти кои не се членки на ЕУ во Руанда, со поддршка од Германија, Австрија, Грција и Холандија. Шпанија, заедно со Франција, постојано се спротивставуваа на ваквите предлози. „Не би го дефинирала Фредериксен како социјалдемократ“, изјави за порталот „Репортер“ Хана Јалул, истакната членка на шпанските социјалисти во Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент. „Ако можете да испратите кој било мигрант во Руанда, без да ги земете предвид нивните човекови права, нивната животна ситуација или нивните лични околности, тоа е целосно неприфатлив расизам“, додаде таа. Санчез често се судираше со Трамп Санчез и даде на европската левица препознатлив политички профил, особено со неговите ставови за Кина, Блискиот Исток и односите со Соединетите Американски Држави. Неговата влада беше поотворена за соработка со Кина и се спротивстави на одредени потези на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. Во април оваа година Санчез ја посети Кина по четврти пат во последните три години, со цел зајакнување на економските и дипломатските односи со Пекинг. Шпанија стана една од најотворените членки на ЕУ за соработка со Кина, а Санчез постојано ја повикува Европа да се вклучи во поинтензивен дијалог со Пекинг. Таквата политика не секогаш наидува на одобрување на другите европски лидери, а за време на неговиот втор мандат, Санчез постојано се судри со американската администрација. Тој се спротивстави на зголемувањето на средствата за војската на пет проценти од БДП, што го бара НАТО, им забрани на американските авиони да користат заеднички воени бази и шпански воздушен простор и отворено се спротивстави на, како што рече, „нелегалната и неправедна војна“ во Иран. Ова дополнително ја зацврсти неговата позиција како еден од најпрепознатливите претставници на меѓународната левица. Тагови: Левица Педро Санчез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаГо запрел автомобилот за да ѝ помогне на сопругата која се задушувала, па го казниле со 125 евра- но, тука не бил крајот на макитеПензиониран машиновозач бил бесен откако бил казнет затоа што го запрел својот автомобил пред железничката станица во Рочестер на двојна црвена линија. Тој тврди дека го сторил тоа за да ѝ помогне на сопругата која се давела. Иако се обидел да објасни зошто морал да застане, казната му била зголемена на 105 фунти (околу 125 евра), кои на крајот ги платил. „Не дојдов да земам никого“ Џејмс Брајс, 69, застанал пред железничката станица, која е во зона со ограничен сообраќај. Тој рекол дека морал да ѝ помогне на сопругата. Тврди дека застанал веднаш по 6 часот наутро, кога немало други возила на патот, и дека не вознемирувал никого. „Не дојдов да земам никого, а никој не излегол од вагонот - што мислеле, зошто застанав? Секој би го направил она што го направив јас во медицинска итна ситуација. 300 луѓе умираат од задушување секоја година. Бев таму три или четири минути, не повеќе“, рекол тој. Само три дена подоцна, на 5 август, тој доби казна од 70 фунти, со можност да плати намалена казна од 35 фунти ако го стори тоа во рок од две недели. Брајс очекуваше властите да ги разберат околностите на запирањето на неговиот автомобил. „Помислив: „Добро, не е важно, само ќе објаснам што се случило“, верувајќи дека ќе разберат“, рече тој. ‘I was fined £105 for stopping the car while my wife choked, but they ignored my appeal’ #Kent https://t.co/CuUpfDhmsB — KENT (@DailyKENT) November 17, 2026 Тој тврди дека немало одговор Сепак, обидот да се жали преку веб-страницата на локалната самоуправа Медвеј не успеа, па затоа испрати писмо по пошта, објаснувајќи што се случило. Тој тврди дека не добил одговор, но на крајот на август добил ново известување со кое казната се зголемила на 105 фунти. Затоа решил лично да достави друго писмо до локалната самоуправа во Чатам, Кент. Сепак, тој рече дека не добил одговор до 5 ноември. Плашејќи се од понатамошни дејствија, на крајот ја платил побараната сума. Потоа Брајс контактирал со KentOnline, каде што рекол дека се чувствувал „измамен“ бидејќи локалната самоуправа брзо ја издала казната, но не одговорила на неговите обиди да ја оспори. „Доколку ми рекоа: „Разбираме зошто го направивте тоа, но тоа не е доволно добра причина“, ќе ја прифатев и ќе ги платев 35-те фунти - но толку многу ја одолговлекуваа што казната достигна 105 фунти“, рече тој. Додаде дека се прашува колку луѓе се откажуваат од обидите да ја оспорат казната и едноставно ја плаќаат. Администрацијата му ги врати платените пари Откако медиумите контактираа со локалната самоуправа на Медвеј и побараа објаснување, се случи нов пресврт. Веќе следниот ден, Брајс повторно се јави во редакцијата и рече дека му се вратени сите 105 фунти. Сепак, како што изјави, не бил однапред информиран за плаќањето, ниту добил никакво објаснување зошто парите се вратени. Додаде дека би сакал да добие барем некаков одговор по сите негови обиди да контактира со властите. Како одговор на прашањата од новинарите, локалната самоуправа на Медвеј изјави дека го добиле првото писмо на Брајс на 11 август, но дека неговата жалба е одбиена поради „недостаток на докази и активности забележани околу возилото“. Како што објаснија, му испратиле одговор на 26 август, или 21 ден откако била издадена првичната казна. Претставници на администрацијата, исто така, изјавија дека има проблем со формулацијата во известувањето за отфрлање на жалбата, поради што казната била поништена.Тагови: автомобилот сопругата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter