Со селфи заврши најдолгата „војна“ во холивудската историја (ВИДЕО) - Канал 5

Со селфи заврши најдолгата „војна“ во холивудската историја (ВИДЕО)

Најдолгата расправија во Холивуд сега и официјално заврши, откако Кети Пери објави селфи со Тејлор Свифт.

Со селфи заврши најдолгата „војна“ во холивудската историја (ВИДЕО)

Кејти објави фотографија со Тејлор на Инстаграм, а нивната заедничка слика за еден ден им се допадна на 3,6 милиони луѓе, објави Пипл.

Во друштво на Рита Ора, Пери го придружуваше првиот настап на Тејлор во Сиднеј во рамки на турнејата The Eras и сподели неколку фотографии и видеа од концертот, а нејзиното селфи со моментално најпопуларната пејачка во светот го привлече вниманието на фановите.

- Дојдов да видам една стара пријателка како блеска вечерва - напишала Кејти со објава која за малку „го урнала интернетот“.

Пејачките беа во кавга речиси 10 години, а фановите нивната фотографија ја протолкуваа како симбол на помирување и крај на најдолготрајната кавга.

„Оваа објава ги смени луѓето засекогаш“, „Треба да се смириме“, „Сега дајте ни соработка“, „Ова е како сон“, „Ќе го срушите интернетот“ - ова се само дел од коментарите на споменатиот фотографија.

YouTube video

Да потсетиме, нивната кавга стана јавна откако Свифт ја објави песната „Bad Blood“ чиј спот и текст зборуваат за поранешна пријателка која „ѝ заби нож во грб“.

Во интервјуата Тејлор спомна и „позната пејачка која се обиде да и ја саботира кариерата крадејќи ѝ ги танчерите“.

-Со години не бев сигурна дали навистина сме големи пријателки или само ме навредуваше. А потоа направи нешто по што заклучив дека мора да бидеме заколнати непријатели – изјавила Тејлор во едно интервју, алудирајќи на тоа дека Кети Пери ѝ ги украла танчерите.

Но, ниту Кети не ѝ остана должна, па својата поранешна пријателка ја нарече „волк во овчо руво“.

Расправијата меѓу популарните пејачки е наречена „студена војна на поп културата“, во која Пери го доби главниот збор. По бројните критики на нејзина сметка, Пери го промени својот животен стил и разви генијална стратегија да ги измами фотографите. Кога и да излегуваше од дома, секогаш носеше иста тренерка и со тоа им отежнуваше на фотографите кои ја фотографираа во едно исто издание.

Кети во едно интервју објаснила како тогаш се справувала со омразата и бројните негативни коментари, а ѝ помогнала пејачката Сиа, која се прославила на сличен начин.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува судењето за „Државна Лотарија“ каде обвинети се Артан Груби и Перпарим Бајрами

Денеска продолжува рочиштето  за предметот „Државна Лотарија“. Меѓу обвинетите се поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и поранешниот директор на Државна Лотарија, Перпарим Бајрами, како и уште шест лица.

Продолжува судењето за „Државна Лотарија“ каде обвинети се Артан Груби и Перпарим Бајрами

Тие се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања при набавка на видеолотариски терминали.

Според обвинението, со незаконско постапување на државната компанија ѝ била нанесена штета од околу 596 милиони денари, односно 9,7 милиони евра.

Сите обвинети досега се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.Бајрами на судењето се појави откако претходно беше во бегство, а притворот му беше заменет со гаранција во недвижен имот вредна над 1,1 милион евра.

На Груби кој исто така беше во бегство пред судењето, му беше укинат домашниот притвор, но останува без пасош и со други мерки на претпазливост.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со изведување докази на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Со изведување на докази на одбраната, која има најавено 240 сведоци, во судницата во затворот „Идризово“ при Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Со изведување докази на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Процесот започна на 19 ноември минатата година, осум месеци по катастрофалниот пожар што се случи на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки

Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки.

Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки

Спорната одредба се однесуваше на мандатите на претседателот и членовите на Државната комисија за жалби по јавни набавки.Со предложените измени се овозможуваше нивно повторно именување без јасно ограничување на бројот на мандати.

Досегашното законско решение предвидуваше мандат од пет години, со право на уште еден избор.Тоа значи дека членовите можеа да ја извршуваат функцијата најмногу десет години.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова одби да го потпише указот за прогласување на законот токму поради оваа одредба.Таа оцени дека новата формулација е правно непрецизна и остава простор за неограничен број реизбори.Амандманот за бришење на членот го поднесоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачкото мнозинство образложија дека со ова се прифаќаатзабелешките на претседателката.

Од СДСМ реагираа дека и тие претходно предложиле исто решение.Опозицијата побара законот да биде повлечен и да се организира јавна расправа за новите измени.За законските измени беа поднесени вкупно 2.158 амандмани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер