Со помош на климата нека ви мириса целата куќа - Канал 5

Со помош на климата нека ви мириса целата куќа

Топлите денови се незамисливи без клима уред кој го разладува приватниот и работниот простор, овозможувајќи полесно да поминат секојдневните активности.

Со помош на климата нека ви мириса целата куќа

Освен што ни го разладуваат воздухот, можат да направат да имаме прекрасен мирис во просториите и да го причистат воздухот.

За вашиот простор во кој се наоѓате во текот на летните месеци да биде исполнет со мирис и без мирисни свеќи или апаратчиња кои се вклучуваат во струја, можете да го искористите клима уредот. Процесот е многу едноставен, затоа што ви треба парче крпа и етерично масло.

Како со помош на клима уредот да го исполните домот со омилениот мирис од природата?

Под крилјата низ кои струи ладен воздух на уредот, со помош на селотејп залепете парче крпа на кое го имате ставено омиленото етерично масло. Со струењето на воздухот, мирисните ноти ќе се шират низ собата. Можете да одберете мирис по ваш избор, а доколку сакате да придонесете за опуштена атмосфера, одберете масло од лаванда. Воздухот ќе го прочисти еукалиптус и мента, додека сите цитрусни масла и рози ќе придонесат за подигнување на расположението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување имотни деликти и пожари

На 02.09.2026 во Велес, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес реализираа превентивна активност „Не оставајте вредни предмети во вашиот автомобил“.

Превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување имотни деликти и пожари

Целта на активноста е да се подигне свеста на граѓаните за заштита од имотни деликти, особено од тешки кражби од моторни возила. На граѓаните преку директни средби и разговори им беше укажано возилата да ги оставаат на безбедни места како паркинг простори и осветлени локации, како и на тоа да не оставаат вредни предмети како чанти, телефони, паричници и сл. во возилата и истите секогаш да ги заклучуваат. Превентивна активност за заштита од кражби на подрачје на Демир Капија и Крушево, денеска реализираа и полициски службеници од ОВР Неготино и ОВР Крушево.

Полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје и ПО БПС при ОВР Кавадарци пак, во Скопје и Кавадарци реализираа превентивни активности за безбеден сообраќај, со акцент на тоа да им се укаже на граѓаните за потребата од задолжително користење сигурносен појас во возилата и дека тоа претставува обврска како за возачите, така и за патниците во возилата, во насока на зголемување на личната безбедност. Исто така, на возачите на мотори и електрични тротинети им беше потенцирана обврската од носење заштитна кацига, пред се за нивна лична безбедност. Во Штип пак, од страна на Отсекот за превенција при СВР Штип акцент беше ставен на правилното паркирање. Во централното подрачје на Тетово полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово реализираа превентивна активност за безбедност на пешаците, при што полициските службеници ги потсетуваа пешаците за нивните обврски при учество во сообраќајот, дека треба да ја поминуваат улицата на обележан пешачки премин, да не користат мобилен телефон и слушалки додека поминуваат пешачки премин, како и за други правила кои треба да ги почитуваат за нивно безбедно учество во сообраќајот како пешаци.

Исто така, на возачите им беше укажано дека мора целосно да ги почитуваат правилата, односно да им даваат предност на пешаците при преминување на сообраќајниците. На граѓаните им беше потенцирана потребата од почитување на сите сообраќајни правила и прописи, со цел зголемување на безбедноста на улиците и патиштата.

На подрачјето на Пробиштип, полициски службеници од ПС Пробиштип реализираа превентивна активност за спречување на пожари, со посебен акцент на избегнување на палење оган, граѓаните да не фрлаат отпушоци од цигари и доколку забележат пожар веднаш да пријават на телефонскиот број 112. На земјоделците пак, им беше потенцирана потребата од внимателно извршување на земјоделските работи, со акцент на опасностите од предизвикување пожари од палење на меѓи, стрништа со сува трева и смет на ниви. Исто така, им беше укажано дека предизвикувањето пожари е кривично дело, што соодветно законски се санкционира. На граѓаните им беше поделен и печатен едукативен материјал, изработен во соработка со ЈП „Национални шуми“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО

Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер за европски прашања, Орхан Муртезани.

Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО

Денеска стапи на функцијата, а упати благодарност до генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте, за „топлиот прием“ при официјалното предавање на акредитивните писма. Муртезани во објава на социјалните мрежи напиша дека Македонија има свое место, свој глас и сојузници во НАТО“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Андоновски: Во октомври промоција на м.Услуги, личната карта и возачката дозвола на мобилен телефон

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вчерашното гостување во емисијата „Вести плус“ на Канал 5 Телевизија официјално најави дека во октомври ќе биде промовирана новата мобилна апликација м.Услуги.

Андоновски: Во октомври промоција на м.Услуги, личната карта и возачката дозвола на мобилен телефон

„Можам официјално да најавам дека во октомври ќе организираме настан на кој ќе ја промовираме мобилната апликација м.Услуги. Во неа ќе бидат достапни електронски верзии на личната карта и возачката дозвола, како и две електронски услуги за граѓаните“, истакна Андоновски.

Преку м.Услуги, граѓаните на едно место ќе можат да пристапуваат до личните документи во дигитална форма како и до електронските услуги на администрацијата. Целта е државните услуги да станат подостапни и поедноставни за користење, директно преку мобилен телефон.

Министерот посочи дека во изминатиот период интензивно се работело на прашањата поврзани со сајбер-безбедноста, заштитата и начинот на чување на личните податоци, како и нивната размена со Министерството за внатрешни работи, кое е сопственик на податоците.

„Во завршна фаза сме на усогласување и потпишување на протоколот за размена на податоците, како и на тестирањето на апликацијата. Сакаме, пред таа да биде достапна за сите, да бидеме сигурни дека системот е стабилен, безбеден и едноставен за користење. Апликацијата ќе биде достапна на App Store и Google Play, а нејзината тест-верзија досега ја презедоа околу 6.000 граѓани“, рече Андоновски.

Следниот чекор во дигиталната трансформација е мобилниот телефон постепено да стане дигитален паричник преку кој граѓаните безбедно и едноставно ќе пристапуваат до своите документи и до услугите на државата.

Во прилог Ви проследуваме фотографии како и линк од гостувањето на Министерот: https://www.youtube.com/watch?v=KA_R3ZvcdVo

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер