3На покана од Рубио, Муцунски во Вашингтон на министерска конференција „Подемот на политичкиот тероризам“
Видео: Бранителот на тронот Аргентина противник на Шпанија во големото финале на Мундијалот во Америка
2Видео: Бранителот на тронот Аргентина противник на Шпанија во големото финале на Мундијалот во Америка
КултураСо поддршка на Министерството за култура ќе се „оживува" културниот живот во ДелчевоСо поддршка на Министерството за култура, Националната установа Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров" од Делчево ќе го „оживува" културниот живот во градот. Директорот на установата Методи Толевски е задоволен што по подолго време установата доби 17 проекти кои според него се од исклучителна важност за работата на дејностите кои функционираат во рамки на работата на установата. -Во зависност како ќе се одвива ситуацијата со здравствената пандемија ние имаме богата понуда во сите дејности со кои што работи нашата установа. Оваа година добивме проекти од драмската дејност, добивме десетина проекти од сценско-музичко фолклорната дејност, проекти од инвестиционо-технички одржувања, како и традиционални манифестации кои се препонзатлив бренд за Пијанечкиот регион, истакна Толевски. Директорот на делчевската културна установа е дециден дека проектите кои вклучуваат учество на фолклорни групи и поединци ќе се реализираат на отворено. -Сите директори на Националните установи се сложивме дека најголем дел од проектите особено оние од сценско-музичката дејност, ќе гледаме да ги реализираме на отворено, што значи дека ќе се одвиваат во потпопли временски услови, додава Толевски. Меѓу позначајните настани кои ќе се реализираат со покровителство на Министерството за култура Толевски ги посочи Голачките фолклорни средби кои се закажани за 2 август годинава, како и Традиционалниот саем на стари занаети кој по пауза од две години повторно ќе се одржи во Делчево. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска ќе се одржи нова седница на Социјално економскиот совет08:52Стевчо Јакимовски доброволно замина во затворот „Скопје“ 18:05Истекува крајниот рок за Изборниот законик партиите останаа без договор15:00Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08Седница за опозициски прашања во Собранието08:38
Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08
МакедонијаСДСМ: Заради ВМРО-ОКГ, Македонија губи милијарди, а не милиони евраВМРО-ОКГ повторно плаши дека граѓаните ќе изгубат 4,2 милиони евра од ЕУ поради Изборниот законик. Заради политиката на изолација држава, ВМРО-ОКГ, Македонија не губи 4 милиони, туку милијарди евра. Со блокирање на реформите и европскиот пат, граѓаните се лишуваат од огромни европски фондови и инвестиции кои би ја подобриле економијата и животниот стандард. За споредба, Црна Гора веќе си обезбеди над 3,2 милијарди евра од ЕУ. Хрватска веќе има добиено 10 милијарди евра досега со членството во ЕУ. Македонија, поради ставот на ВМРО-ОКГ, останува без милијарди евра и без перспектива за натамошен развој. Граѓаните треба да знаат дека поради нивната политика, Македонија губи милијарди евра и шанса за подобра иднина. Скопје, 16.07.2026 СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураБитолските актери премиерно ја одиграа Шекспировата „Кориолан“ на „Охридско лето“Народниот театар – Битола вчеравечер на „Охридско лето“ премиерно ја изведе претставата „Кориолан“ од Вилијам Шекспир во режија на американскиот режисер Џон Блондел.Претставата се покажа дека е идеално дело за актерите од Битолскиот театар бидејќи нивната енергија и сценски израз совршено одговараат на материјалот, а визуелните и музичките автори од ансамблот ја издигнаа оваа политичка трагедија до високо ниво на театарска поезија. Во „Кориолан“ играа Огнен Дранговски, Петар Горко, Борче Ѓаковски, Марјан Георгиевски, Сандра Грибовска, Јулијана Мирчевска и Петар Спировски. Сценографијата и костимите се на Благој Мицевски, а музиката за претставата ја напиша Александар Димовски. Режисерот Џон Блондел посочи дека „Кориолан“, иако е напишан пред повеќе од четири века, останува актуелен поради темите за моќта, политиката и односот меѓу власта и народот. -Видете го овој неверојатен простор во кој се наоѓаме моментално.Навистина магично место со стари корени за изведување претстава. Атмосферата е извонредна за гледање претстава како оваа вкоренета во минатото и сегашноста. Ова е перформанс полн со интимни, автентични и изненадувачки моменти. Се надевам дека гледачите понесени од приказната ќе ја вметнат во нивната имагинација за да се почувствуваат како да се на сцената, рече режисерот Блондел кому ова му е петта соработка со битолските актери. Според директорот на Народниот театар-Битола, Васко Мавровски, се работи за многу интересна претстава со нова естетика, претстава којашто од 40-тина ликови е сведена само на седум и во неа, како што вели, е собрано само есенцијалното од текстот. -Секогаш кога ќе се спомене Шекспир, луѓето очекуваат дека тоа ќе трае два часа и повеќе. Ние успеавме за 80-тина минути да направиме многу добра и естетски поткована претстава на еден наш препознатлив јазик, односно препознатлив јазик и за режисерот Џон Блондел којшто по стотти пат го покажува тоа на сцена, појаснува Мавровски. Концептот на претставата е насочен кон минималистички сценски израз, со акцент на актерската игра и текстот. -Сум играл на „Охридско лето“ многупати со Битолскиот театар и сцената ја доживувам како матична. Воодушевувачки е да се игра на толку импознатно место каде што има акустика, историја, има сè. Овде, на оваа сцена, прошетале илјадници глумци од цел свет, прошетале и наши драги колеги кои ги нема повеќе, така што возбудата доаѓа од сите страни, вели битолскиот актер Петар Горко. И на сценографот и костимограф Благој Мицевски, оваа театарска претстава не му е прво гостување на „Охридско лето“. -Повеќе од 30 години сме биле скоро секоја година учесници на „Охридско лето“. Да бидам искрен, сум учествувал и со неколку претстави. Сме биле на Плаошник, на Самоиловата тврдина, Канео, многупати и на Долни Сарај, кај изворите во „Свети Наум“, кај некогашниот хотел „Парк“, но „Света Софија“ си има своја енергија. Едноставно, те прима, те прифаќа и те прегрнува, вели Мицевски. По македонската премиера на „Охридско лето“, претставата „Кориолан“ ќе ја има и својата светска фестивалска премиера на Verona Shakespeare Fringe Festival во Италија.Тагови: Охридско лето Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалТухел: „Нашиот најдобар натпревар, за ништо не жалам“ Германецот Томас Тухел очекува да остане селектор на Англија и покрај болниот пораз од Аргентина во полуфиналето на Светското првенство.По поразот, Тухел се соочи со лавина критики од навивачите поради крајно пасивната игра на неговиот тим откако го постигнаа голот. Податокот дека Аргентинците имале 88% посед на топката од моментот кога примиле гол па сѐ до крајот на феноменалниот натпревар, претставува уште еден – а можеби и највпечатлив – показател за срамниот дефанзивен пристап на Англичаните во поголемиот дел од второто полувреме. Англичаните не го остварија својот долгогодишен сон: останаа без толку посакуваниот пласман во финалето, во кое последен пат игра пред цели 60 години во далечната 1966 година. Но, Тухел не е загрижен за својата позиција – тој вели дека ја има поддршката од Федерацијата и дека ќе го испочитува договорот што истекува во 2028 година, кога Англија ќе биде еден од коорганизаторите на Европското првенство. „Продолжуваме со договорот до Европското првенство. Со нетрпение го очекувам тоа, иако во моментов е тешко да се гледа толку далеку во иднината. Многу големи фудбалски нации беа елиминирани пред полуфиналето, така што она што го постигнавме е навистина успех. Никој не сака да го слушне тоа во овој момент, па ни јас, бидејќи бараме максимум од самите себе. Тоа едноставно е природата на натпреварувачкиот дух“, изјави Тухел. За натпреварот против Аргентинците, тој изјави дека неговиот тим одиграл можеби најдобар натпревар на турнирот и дека не жали за одлуките што ги донел. „Не жалам за ништо. Тимот го даде својот максимум и бевме многу, многу блиску. Сметам дека го заслуживме водството од 1:0. Одигравме еден од нашите најдобри натпревари, можеби и најдобриот, со оглед на околностите. Тимот беше фантастичен. Едноставно не успеавме соодветно да го завршиме натпреварот. Разочарани сме. Бевме многу блиску, но станавме премногу пасивни откако поведовме. Му дозволивме премногу шанси на противникот и не успеавме да ја вратиме контролата врз топката. Од тој момент дозволивме многу нафрлувања, шанси и удари кон нашиот гол. Бевме блиску, но не успеавме да го задржиме тоа ниво на игра по нашиот гол“, рече Тухел, а потоа ги објасни измените што ги направил: „Едноставно се обидувавме да им помогнеме на играчите. Примивме гол уште на самиот почеток. Одлучивме да преминеме на формација со петмина во одбраната бидејќи линиите на тимот беа премногу развлечени. Тие ги добиваа сите воздушни дуели и постојано упатуваа нафрлувања. Се разбира, одговорноста е кај тренерот. Ако работите не тргнат како што треба, лесно е да се каже дека тоа било грешка“, нагласи тој.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска ќе се одржи нова седница на Социјално економскиот совет08:52Стевчо Јакимовски доброволно замина во затворот „Скопје“ 18:05Истекува крајниот рок за Изборниот законик партиите останаа без договор15:00Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08Седница за опозициски прашања во Собранието08:38
Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08