Со план за подобрување на квалитетот на воздухот Струмица ќе го намалува загадувањето - Канал 5

Со план за подобрување на квалитетот на воздухот Струмица ќе го намалува загадувањето

 Со План за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух Општина Струмица ќе го намалува загадувањето за период 2025-2029 година.

Со план за подобрување на квалитетот на воздухот Струмица ќе го намалува загадувањето

Планот, кој го подготви „Центарот за климатски промени“, предвидува 20 мерки за намалување на аерозагадувањето, а по нив денеска се дискутираше на јавната презентација и јавната расправа.

-Мерките се поделени според годишните времиња и за секое годишно време, во зависност од тоа какво загадување се појавува во тоа годишно време, такви мерки и се предвидени да се применуваат, односно да се применуваат цела година. Општина Струмица има има голема реализација во однос на преземање мерки против загадувањето, посебно лани и од почетокот на годината, кога беа изречени повеќе казни и важно е што граѓаните стануваат свесни за загадувањето, смета Филип Стојановски од „Центар за климатски промени“.

Според него, мерките се во ингеренциите што ги има Општината, бидејќи тоа е локален план за намалувањето на загадувањето на воздухот.

-Мерките се насочени таму кадешто Општина Струмица сама може да влијае на спроведување на мерките-со донесување на буџет, следење на индикаторите или мерката како напредува и тоа ни беше многу битно мерките да не бидат зависни од државата. Ако се зависни од неа, тогаш дел од мерките нема да можат да се спроведат, бидејќи Општината нема ингеренции да ги спроведува, додаде Стојановски

Според планот се предвидува во 2029 година воздухот во Струмица да биде чист како на планина, но, покрај локалната самоуправа, треба сите граѓани секојдневно да даваат личен придонес во намалувањето на загадувањето на воздухот.

Инаку, Планот за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух Општина Струмица за период од 2025-2029 година е подготвен во рамките на проектот „Справување со загадувањето на воздухот“ кој го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во Република Македонија во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање и Општина Струмица, а со финансиска поддршка од Шведска .

Во рамките на проектот во изработка е и Студија за загадувањето во Општина Струмица од страна на УГД „Гоце Делчев“-Лабараторија „Амбиком“, а како последна фаза од целокупниот проект за справување со загадувањето се одржаа две форумски сесии на кои се изгласа проектот за зголемување на површини со зеленило кое може да го намали присуството на азот диоксид до 40 отсто, додека намалувањето на ПМ честичките може да достигне 60 отсто.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане

Доживотна казна затвор за серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане -кумановскиот суд го прогласи за виновен по сите точки од обвинението, односно за четири убиства и два обиди за убиство. 

Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане

Според судот, таргет биле изнемоштени и стари жени, а мотивот бил некрофилија. Кумановскиот суд не успеал да најде ниту една олеснителна околност при изрекувањето на пресудата.

Обвинителството е задоволно од пресудата - за обвинителот Љубомир Лапе, судот немал друга опција освен да му изрече доживотна затворска казна на Бојковски.

Бојковски и неговиот адвокат смирено ја дочекаа пресудата во судница - но надвор од неа, осудениот на доживотна казна затвор за четири убиства, при влезот во возилото, демонстрираше нервозно однесување и неразбирливи гестикулации. Бојковски е осуден за убиствата на Станче Каровска, Јанка Антевска, Марија Маринковска и Мира Станковска, како и за обид за убиство на Слоботка Арсовска и Росанка Трајковска. Кривичните дела на свиреп и грозоморен начин биле извршени во периодот од јануари 2025 до февруари 2026 година, а жртви биле претежно повозрасни и немоќни жени кои живееле сами.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Акциски контроли на возачи на велосипеди, мопеди, мотоцикли и електрични тротинети

Констатирани 161 прекршок.

Акциски контроли на возачи на велосипеди, мопеди, мотоцикли и електрични тротинети

На 08.10.2026 година, во периодот од 11:00 до 17:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли насочени кон возачите на велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мотоцикли, трицикли, четирицикли и лесни електрични возила (тротинети).

При контролите констатирани се вкупно 161 прекршок, за кои се преземени соодветни мерки согласно законските прописи.

Најголем број прекршоци се констатирани на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Битола – 44, потоа од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата – 28, како и на подрачјата на Секторот за внатрешни работи Велес и Секторот за внатрешни работи Струмица, со по 22 прекршоци.

Во рамки на контролите поднесени се и осум кривични пријави согласно член 297-а од Кривичниот законик.

Констатирани се и 493 прекршоци од друг вид.

Министерството за внатрешни работи продолжува со спроведување на зајакнати сообраќајни контроли на целата територија на државата, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и доследно почитување на сообраќајните правила и прописи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пилотот загина, патнички авион е тешко оштетен во напад на аеродромот во Ријад (ВИДЕО)

Пилот на „Сауди ерлајнс“ (SV) загина, а еден од авионите на авиокомпанијата беше сериозно оштетен во вчерашниот напад врз Меѓународниот аеродром „Крал Халид“ (RUH) во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија.

Пилотот загина, патнички авион е тешко оштетен во напад на аеродромот во Ријад (ВИДЕО)

Саудиската национална авиокомпанија ја потврди смртта на пилотот и штетата на авионот, велејќи дека во времето на инцидентот немало патници во авионот.

Авиокомпанијата го идентификуваше пилотот како капетан Хамуд Али ал-Калтами. Не откри кој авион е оштетен, ниту даде дополнителни детали за околностите на неговата смрт.

Саудиската изјава следеше по извештаите на новинските агенции дека авионот на авиокомпанијата претрпел сериозна штета и се запалил додека бил паркиран на терминалот на аеродромот. Извори цитирани од агенцијата велат дека штетата можела да биде предизвикана од остатоци од пресретната ракета или директен удар од ракета.

Снимките објавени на социјалните медиуми покажаа патнички авион „Ербас А320“ паркиран на аеродромот со уништен поголем дел од трупот. Достапните снимки, исто така, сугерираат дека траката за слетување се олабавила или е уништена. Нема официјална потврда дека авионот е оној што го спомена Саудиска Арабија во своето соопштение, ниту пак е објавен точниот обем на штетата.

Нападите на Хутите го нарушија сообраќајот на аеродромот во Ријад

Движењето Хути во Јемен ја презеде одговорноста за нападот со балистички ракети врз Меѓународниот аеродром „Крал Халид“ на 8 октомври 2026 година. Коалицијата предводена од Саудиска Арабија соопшти дека пресретнала две балистички ракети над Ријад.

Саудиските власти изјавија дека остатоците од пресретнатата ракета паднале врз градинка и медицински комплекс во Ријад.

Нападот следеше по претходните напади врз аеродромите во Ријад и Абјан на 6 и 7 октомври, во кои, според саудиските воздухопловни власти, загинаа три лица, а 36 беа повредени.

Воздушниот сообраќај на аеродромот во Ријад беше сериозно нарушен на 8 октомври.

Хутите нападнаа два аеродрома во Саудиска Арабија: Тројца загинаа, 36 беа повредени, употребена е балистичка ракета

Според податоците од компанијата за анализа на воздушниот сообраќај „Цириум“, 169 од 378 закажани појдовни летови тој ден беа откажани или не беа реализирани.

Неколку меѓународни авиокомпании ги прекинаа летовите до саудискиот главен град, вклучувајќи ги „Луфтханза“ и „Ер Индија“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер