МакедонијаСо пет награди македонските ученици се враќаат од Медитеранскиот СТЕМ натпревар во АтинаПопладнево беа прогласени најдобрите, а меѓу нив и сите пет наши тимови.Со едно прво место, со награда за најдобро решение на понуден проблем, за најдобра соработка како тим, награда за најдобра прва автоматизација и за најдобра идеја и креативност, македонските ученици се враќаат од првиот Медитерански СТЕМ натпревар што денеска се одржа во Атина, а имаа задача да наоѓаат решенија за преживување на Марс, јави дописничката на МИА од Атина. По неколкучасовниот натпревар, односно презентација на решенијата за конкретната дадена проблематика и оцените од судиите, попладнево беа прогласени најдобрите, а меѓу нив и сите пет наши тимови, со по една награда за секоја тим, пет награди, што донесоа радост, насмевки и задоволство и кај ученици, но и кај нивниот тренер-едукатор и кај македонската СТЕМ Академија. Македонските ученици, на возраст од осум до 12 години, се натпреваруваа во две категории, поделени во пет тима, два во помала и три во поголема категорија и имаа различни задачи и предизвици, за кои со помош на роботиката со лего коцки, требаше да најдат решенија на задачи како што се изградба на метеоролошка станица, создавање енергија, но и садење храна на Марс. Тренерот-едукатор на македонските тимови Љупчо Јованов, изрази задоволство од постигнатиот успех, објаснувајќи дека подготовката била долготраен процес, односно околу три и пол месеци интензивна работа од четири-пет часа за време на викендите, а се користело претходното знаење на децата со лего коцки, со сензори, со мотори и сл. и дополнително бил воведен и микро бит за мерење на физички величини, читање на графички приказ и слично за да се добие решение на некој проблем. - Премногу сум задоволен, се исплатеше три и пол месечниот труд што го вложивме како тимови, иако имавме одредени потешкотии на самото денешно презентирање, со техника и слично, меѓутоа на крај се покажа дека подготвеноста на децата да се снајдат со какви било проблеми вроди со плод, вроди со резултат. Сите тимови добија награди, тоа ни беше првично, првична цел кога тргнавме на натпреварувањето. Останува следната година да се подготвиме подобро, да решаваме уште подобри проблеми, истакна Јованов за МИА веднаш по соопштувањето на наградите. Првата награда во нивната категорија ја освои тимот „Future stars“, односно Дамјан, Мила, Глигор, Алексеј кои беа задолжен за создавање метеоролошка станица на Марс за да ги заштита оние кои ќе живеат таму, а учениците иако видно задоволни и среќни, сепак скромно коментираат дека воопшто не се надевале на награда. Темата на првиот Медитерански СТЕМ натпревар, што се очекува во иднина да стане традиционален, беше „Дали можеме да преживееме на Марс“, а како што објасни едукаторот Јованов, задачата на секој тим беше да формира проект што ќе реши даден проблем за да го населиме Марс. - Секој тим одбра по една проблематика и во поголемата категорија, треба да направи две или четири автоматизации што вклучува мерење на некоја величина и вклучување на некој мотор за да изврши дадена задача. Во помалата категорија е малку поедноставно, бидејќи бараат само една автоматизација која вклучува мотор и еден сензор, а останатите се рачни механизми соодветно за возраста. Така што, мораше, кога се решаваа проблемите да има сеопфатен пристап за да можеме да изготвиме различни автоматизации и дополнително имавме ограничувања дека мора да користиме и видеокамера како сензор, микро бит кој ќе мери различни величини и сето тоа да биде прикажано со програмски код и да имаме дури за едното автоматизација и компјутерска анимација за да се видат вештините во програмирање на самите деца, објасни Јованов. Директорот на македонската СТЕМ Академија Жарко Поп-Илиев, кој е дел и од бордот на директори на СТЕМ Асоцијацијата која го организира Медитерански натпревар, за МИА коментираше дека е навистина импресивно она што децата го научија во целиот процес на подготовки и напорна работа во изминатите три-четири месеци. - Се користат најразновидни технологии, не е само лего, туку напротив многу open source технологија којашто е подостапна и поевтина во светски рамки. Се користат дополнителни напредни знаења, во овој случај на пример темата е „Како да се преживее на Марс?“, што е многу интересна тема. Децата прво правеа истражување околу темата, па потоа врз основа на тие истражувања осмислуваа одредени проекти, иновативни проекти коишто ќе ги презентираат и на крај ги прават проектите и секој проект треба да исполни одредени технички барања. Треба да одредени автоматизации, треба да има одредени роботски елементи итн. кои се предвидени од самиот организатор, објасни Поп-Илиев. Во однос на наградите, иако во нивното 14-годишно постоење СТЕМ Академијата имаа низа меѓународни признанија, сепак директорот посочи дека постојат многу други и поважни работи со кои се стекнуваат децата. - Пред сè, тука е учењето, искуството, соработката. Тоа се основните принципи врз кои се гради сето ова. Наградите, да, убави се, но доаѓаат како резултат на посветеност, а ние повеќе сме фокусирани на процесот отколку на тоа дали ќе се добие награда или не. Повредна е возбудата, тимската работа. Оние работи кои децата ги стекнуваат низ целото тоа, не само знаењето знаењето, туку и оние вештини за социјализација, за решавање на проблеми, критичкото расположение, самодоверба, бидејќи треба да презентираат пред судии, каде што треба да одговараат на прашања, да не се блокираат, тоа се многу елементи кои, барем за мене, се многу поважни, посочи Поп-Илиев. Во однос на тоа колку роботиката е популарна кај нас, извршниот директор на СТЕМ Академијата објасни дека привлекува внимание меѓутоа потребно е да се работи на вистински начин, не е само да се работи туку да се работи со одредена методологија, на прав начин со искрени желби. Медитеранскиот СТЕМ натпревар се одржа во просторот на саемот во северниот дел на Атина, а веднаш по свеченото отворање, учениците од земјите учеснички Македонија, Црна Гора, Бугарија, Либан, Кипар, Египет, како и домаќинот Грција, внимателно и посветено, во рамките на нивните тимови, работеа на дадената задача, додека судиите ненајавено ги посетуваат за да ги слушаат нивните објаснувања за понудените решенија.Тагови: СТЕМ Атина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
ТехнологијаКолекционерско издание на „GTA 6“: За 400 долари добивате сè освен самата играАко се суди според огромната возбуда околу „Grand Theft Auto VI“, брзо се приближуваме кон еден од најголемите настани во светот на видеоигрите во последните неколку години.Новата „GTA“ ветува враќање на сè што ги направи автомобилите клучен дел од серијалот – од брзи потери и трки до уште подетални опции за прилагодување на возилата. Сето ова доаѓа со препознатливата мешавина од криминал, хаос и судири со законот, по кои станаа познати „Rockstar Games“. Сепак, иако очекувањата се огромни, најновата одлука на „Rockstar“ може да разочара дел од фановите. Компанијата претстави колекционерско издание насловено „The Goodtime State - Vice City Collection“, со висока цена од 399,99 долари. Проблемот е што во пакетот недостасува најважниот елемент: самата игра. Што добивате? „Rockstar“ ја претставува колекцијата како луксузен пакет со предмети за колекционери, инспириран од светот на „Vice City“. Таа содржи разновидни предмети, вклучувајќи очила за сонце „Oakley“, налепници, значки и мапа на Леонида – измислениот регион во кој се одвива дејството на „GTA VI“. Купувачите добиваат и бејзбол капа, фигура на маскотата на „Vice City“, чашка за жесток пијалак, торба за носење преку тело, приврзок за клучеви, стапче за мешање коктели и магнетно огледало. Иако колекцијата е очигледно наменета за сериозни колекционери, во кутијата нема да го најдете најважниот предмет: „GTA VI“. За самата игра, ќе треба да издвоите дополнителни 79,99 долари за стандардното издание или 99 долари за „Ultimate“ верзијата. Тоа значи дека купувачот што го сака целиот пакет ќе мора да плати речиси 480 или 500 долари, во зависност од изданието на играта. „GTA VI“ без физички диск Колекционерскиот сет пристигнува во време кога „Rockstar“ веќе предизвика реакции со одлуката „GTA VI“ да биде првиот голем AAA наслов на компанијата без традиционално издание на физички диск. Играта ќе биде достапна дигитално преку продавниците на „PlayStation“ и „Xbox“, додека физичките примероци во продавниците ќе содржат само код за преземање. Оваа одлука предизвика негативни реакции во дел од гејмерската заедница. Извршниот директор на „Take-Two Interactive“, Штраус Зелник, го бранеше овој пристап, тврдејќи дека физичките дискови веќе немаат голема смисла за потрошувачите. Ситуацијата е особено интересна за колекционерите. Тие сега можат да потрошат речиси 400 долари за кутија полна со предмети поврзани со играта, а сепак да не ја добијат самата игра во таа кутија. „Rockstar“ има направено нешто слично и претходно Сепак, ова не е првпат „Rockstar“ да продава колекционерска кутија без самата игра. Компанијата направи сличен потег во 2018 година со „Red Dead Redemption 2“, изданието „Collector's Box“ објавено тогаш, исто така, не содржеше примерок од играта. Разликата, сепак, беше во цената. Таа колекционерска кутија чинеше 99 долари – помалку од една четвртина од цената на новата „Vice City Collection“. Денес, оригиналните колекционерски кутии за „Red Dead Redemption 2“ можат да се најдат на „eBay“ по цени што надминуваат 700 долари, што покажува дека вредноста на ваквите производи може да порасне кај колекционерите со текот на времето. Сепак, останува фактот дека фановите на „GTA VI“, кои ги сакаат и колекционерските предмети и самата игра, ќе мора да ги купат одделно. Со цена од речиси 400 долари само за колекционерските предмети, „Rockstar“ очигледно цели кон најпосветените фанови на серијалот и кон колекционерите кои се подготвени да платат висока цена за предмети поврзани со еден од најочекуваните наслови во историјата на видеоигрите. Извор: Б92Тагови: GTA 6 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Живот„Многу те сакам“: Лука Модриќ им ги разнежни срцата на фановите со нова објаваЛука Модриќ преку социјалните мрежи ѝ го честиташе деветтиот роденден на својата најмлада ќерка, Софија.По тој повод, хрватскиот фудбалер сподели неколку фотографии на кои се заедно, придружени со кратка и емотивна порака. На една од фотографиите, таткото и ќерката се насмеани додека позираат заедно, додека другите прикажуваат опуштени моменти од семејниот живот. На пример, на една фотографија се гледа како Софија седи на рамениците на татко ѝ, а на друга Модриќ ѝ помага да си ја исуши косата. „Среќен роденден на мојата прекрасна и многу посебна мала принцеза! Многу те сакам!“, напиша Модриќ. Најмладото од трите деца Софија е најмладото дете на Лука и неговата сопруга, Вања Модриќ. Покрај неа, тие имаат син, Иван, и ќерка, Ема. Лука и Вања стапија во брак во 2010 година, а една година подоцна ја прославија и црковната венчавка во Загреб. Модриќ честопати преку социјалните мрежи ги одбележува важните моменти од животот на своите деца, особено нивните родендени. Неговото семејство често го придружува на фудбалски настани. Сопругата и децата честопати го бодреле од трибините за време на клучни натпревари и му се придружувале во прославите по големите победи. Извор: Индекс.хрТагови: Лука Модриќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
СветНов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредувањеРускиот претседател Владимир Путин вчера присуствуваше на воена вежба на планините Урал, во која учествуваа војници од Кина и од неколку други земји.Путин го посети воениот полигон во регионот Чељабинск за да ја следи завршната фаза од вежбата „Центар-2026“. Вежбата се одржа во склоп на вежбата „Интеракција-2026“, спроведена од членките на Организацијата на Договорот за колективна безбедност – безбедносен сојуз предводен од Москва, составен од неколку поранешни советски републики. Путин изјави дека 47.000 војници учествуваат во вежбата „Центар-2026“, вежбајќи одбивање напади на 11 полигони и во Каспиското Море. Вежбата започна во понеделникот, а завршува денес. Путин предупреди дека нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје за одбрана на Калининград. „Околу 6.000 војници од Русија и од други земји учествуваа во завршната фаза на полигонот Чебаркул“, рече Путин. Тој додаде дека делегации од 55 земји учествувале како набљудувачи. Според извештаите на руските медиуми, во вежбата учествуваат воени единици од Белорусија, Киргистан и Таџикистан, заедно со војници од Кина, Монголија и Пакистан. За време на посетата, Путин изврши увид во различни видови вооружување, вклучително и новите беспилотни летала „Геран“ на млазен погон, кои руската војска ги користи во нападите врз Украина. Посетата на Путин уследи еден ден откако Русија го предупреди НАТО дека нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје за одбрана на Калининград, доколку некоја членка на воениот сојуз се обиде да ја отсече таа руска ексклава на западот на земјата од остатокот на Русија. Извор: Б92Тагови: Владимир Путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook