Со парфем од „Келвин Клајн“ се трага по тигар човекојадец

Индиските власти трагаат по тигар човекојадец одговорен за смрт на најмалку 13 луѓе . По тигарот се трага со необично оружје  парфем од колекцијата „Келвин Клајн“

Ренџерите планираат со овој парфем да ги намирисаат мамките кои би го предизвикале тигарот познат по името Т-1 да дојде на тоа место за ренџерите да можат да го убијат.

Убиството на смртоносноиот тигар го одобрил и Врховниот суд, откако претходните обиди за негово успивање не вродиле со плод.

За тоа време тигарот , според обвинението е одговорен за смрт на 13 луѓе во последните шест месеци во централна Индија. Всушност станува збор за тигрица која луѓето ги гризе за врат и ги јаде заедно со своите две младенчиња.

Власта на многу начини се обидувала да го пронајде тигарот убиец, во џунглата биле испратени стотици војници, булдожери ја чистеле џунглата, дронови со топлински скенери ја надлетувале шумата, дури и пет слона биле испратени во џунглата за да ја обиколат тигрицата поп која трагале и снајперисти, но се било без резултат.

На крајот ренџерите се обидуваат со новото тајно оружје, парфемот „Опсесија “ од Келвин Клајн.

Машкиот парфем „Опсесија“ наводно е неодолив за жените, но е и научно докажано дека од него мачките „полудуваат“ , се тријат и го мирисаат по неколку минути.

„Што и да има во него, мачките го обожуваат, изјавил стручњак за големи мачки за „ Sajentifik Ameriken".

Ако не успеат со новото тајно оружје индиските ренџери ќе морат да најдат начин да го решат проблемот тигрите човекојадци за да ја смират јавноста.

Бразилска манекенка ги збудале навивачите во Катар

Бразилската манекенка Изабел Гуларт (38) го привлече вниманието кога од трибините ги следеше натпреварите на Бразил.

Заносната бринета соодветно носи жолт ансамбл додека на ракавите ѝ е закачено знамето на нејзината татковина. Оставајќи малку на имагинацијата во тесната облека, Гуларт ја покажа својата завидна фигура и витките нозе. Ја оставила пуштена косата додека се фотографира со насмевка.

Манекенката, која е свршена со германскиот голман Кевин Трап, беше видена како скока од радост на трибините кога Бразил ја победи Јужна Кореја. Резултатот беше 4:1, а со тоа и Бразил го резервира своето место во четвртфиналето. Вечерва, кога Бразилците беа елиминирани од Хрватска, таа не беше забележана на трибините. .

Гуларт беше ангел на Викторија Сикрет од 2005 до 2008 година, а познат е и како модел за Sports Illustrated Swimsuit Issue и Armani Exchange.

САД со санкции за 65 лица и ентитети од 17 земји, за корупција и повреда на човековите права

На Меѓународниот ден за борба со корупцијата и во пресрет на Денот на човековите права, САД преземаат десетина акции за промоција на повикот за одговорност за вршителите на корупција и за повредите на човековите права.

САД преземаат десетина акции за промоција на повикот за одговорност за вршителите на корупција и за повредите на човековите права, а со санкции и визни ограничувања за 65 лица и ентитети од 17 земји, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

– Руската инвазија на Украина е суров потсетник дека корумпираните режими се меѓу оние кои најмногу вршат повреди на човековите права и злоупотреби. САД преземаат акции за адресирање на овие сеприсутни глобални предизвици, изјави денеска државниот секретар Ентони Блинкен.

Некои од тие лица и ентитети кои се ставени на списокот на санкции, а според Глобалниот акт Магнитски и Статијата 7031(с) за визни рестрикции на Стејт департментот, се од Иран, Кина, Русија, Северна Кореја, Хаити и Шри Ланка.

Под санкциите на САД се ставени и Централната изборна комисија на Русија и неколку службеници од администрацијата на претседателот Владимир Путин.

– Ја повторуваме нашата осуда за бруталните чинови на насилство на Иран врз мирните демонстранти, тековното негирање на човековите права и основни слободи и сеприсутната репресија и државно спонзорираното насилство врз жените, истакна Блинкен.

– Нашите акции се да ги нарушат и одвратат неселективните задржувања и физичко насилство од страна на Кина врз членови на верски малцински групи во Автономниот регион на Тибет и оние на Северна Кореја каде се забранува слободата на дижење, се напаѓаат барателите на азил и се експлоатира трудот за правење профит за државата, додаде тој.

Хрватите во транс ја слават победата над Бразил (ВИДЕО)

Хрватска е во транс и се слави низ сите градови во државата.

Бразил падна по драматичната игра и пеналите, а „коцкастите“ уште еднаш ѝ донесоа радост на цела Хрватска.

Сите хрватски градови целосно полудеа во истиот момент откако стана јасно дека Хрватска го победи Бразил на пенали.

притисни ентер