КултураСо новиот филм на Гаспар Ное завршува 25. Скопје филм фестивалЗавршува 25-тото јубилејно издание на Скопје филм фестивал. Во Кинотека вечер ќе бидат прикажани филмовите „Едно убаво утро“ на режисерката Миа Хансен -Лов од програмата Фокус на европски филм и најновиот филм на Гаспар Ное „Врлог“ од програмата Авторски филм. – Миленичката на фестивалите, режисерката Миа Хансен-Лов се враќа пред филмската публика со длабоко впечатлива хроника за жена што е преплавена со своите обврски како мајка, ќерка, работничка и љубовница. Со повеќеслојната изведба на Леа Сејду, „Едно убаво утро“ фрла светлина на чудата и турбуленциите на секојдневниот живот. Впечатливата елеганција на пристапот на режисерката произлегува од нејзината доверба во целосно развиените ликови и од одбивањето да внесе вештачка драма во настаните од нивниот живот. Леа Сејду е ретка француска ѕвезда што лесно минува од холивудски блокбастери (серијалот за Џејмс Бонд), во смели интернационални дела („Јастог“, „Злосторства на иднината“ на Кроненберг) и најдобрите француски филмови е неверојатно реалистична во главната улога, соопшти тимот на Скопје филм фестивал. „Вртлог“, посочуваат оттаму, е приказна за двајца партнери што живеат во блиски, но одделни, паралелни светови, борејќи се со староста и деменцијата. Додека талкаат низ тесниот стан преполн со мебел, мора да се помират со мислите за смртта и за крајот што ги чека набрзо. Мрачната перспектива и очајот стануваат дел од приказната, а двојката, во изведба на Дарио Арџенто и Франсоаз Лебрун, гледа како нивната поврзаност полека се распаѓа додека болеста напредува. Гаспар Ное решил да ја прикаже изолираноста на деменцијата снимајќи го целиот филм на поделен екран, мајсторско решение што нуди автентичност како „еден ден во животот“, со бавна тензија и возбудлива филозофска горчина. Поделениот екран станува визуелна метафора за начинот на кој деменцијата ја еродира способноста на човекот да комуницира со своите сакани. За да им даде што е можно повеќе простор, Гаспар Ное решава да снима со две рачни камери што ги следат главните ликови, што полека води до моќна кулминација. Филмско искуство што бара внимание и посветеност на големиот екран, „Вртлог“ е ремек-дело и можеби е најдобриот и најчувствителен филм на Гаспар Ное досега. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗапочна судењето за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане10:54Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10Средба Кос – Мицкоски во Владата15:14Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото14:43Пропадна и последниот обид за партиски консензус за Изборниот законик15:00
Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10
Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото14:43
Шоу бизФото: Дуа Липа гола во кадаМегапопуларната пејачка Дуа Липа објави неколку фотографии од медениот месец. Посебно внимание предизвикаа фотографиите на кои тој позира во дрес на Наполи и лежи гола во када. По приватната свадба во Палермо на 31 мај, музичката ѕвезда Дуа Липа и актерот Калум Тарнер го минуваат медениот месец на италијанскиот остров Искија, во ексклузивниот хотел „Мецаторе“. Пејачот сподели серија фотографии од одморот на Инстаграм, кои брзо собраа речиси пет милиони лајкови. Посебно внимание привлекоа фотографиите на кои тој позира во дрес на Наполи, како и провокативната сцена од када. Целата свадба беше организирана во целосна тајност зад црни завеси, а парот успешно ги избегнува папараците дури и за време на одморот, споделувајќи со фановите само внимателно одбрани моменти.Тагови: Дуа Липа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДЗР: За мерки за вработување 23,4 милиони евра но распределбата на средствата не била рамномернаДржавниот завод за ревизија утврди дека во 2024 година за активните мерки за вработување биле исплатени 23,4 милиони евра, но распределбата на средствата не го почитувала принципот на рамномерен регионален развој.Според ревизијата, повеќе од половина од средствата за дел од мерките биле концентрирани во неколку центри за вработување. Дури 62,05 отсто од мерката за самовработување, како и над 50 отсто од мерките за субвенционирање на плати и вработување и раст на правни субјекти, биле реализирани во Скопје, Тетово, Струга, Куманово и Пробиштип.ревизорите изразиле мислење со резерва за финансиските извештаи на агенцијата за вработување и неповолно мислење за усогласеноста со законската регулатива. Дополнително, биле утврдени слабости при исплатата на паричниот надоместок за невработеност, вклучувајќи некомплетна документација, недоволна размена на податоци и неправилности кај договорите за вработување на определено време.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗапочна судењето за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане10:54Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10Средба Кос – Мицкоски во Владата15:14Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото14:43Пропадна и последниот обид за партиски консензус за Изборниот законик15:00
Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10
Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото14:43
ЗабаваВидео: Роналдо не се врати во Португалија со соиграчите, замина соприватен авионНајдоброплатениот свтески фудбалер, легендарниот Кристијано Роналдо од САД не се врати во Португалија со своите соиграчи. Тој го напушти Мундијалот со приватен авион.Кристијано Роналдо, капитенот на португалската репрезентација и рекордер по бројот на настапи и голови, не се врати во Лисабон заедно со своите соиграчи. Откако Шпанија ја елиминираше Португалија во осминафиналето на Светското првенство, Роналдо пристигна во својата татковина со приватен авион. Според „Марка“, Роналдо бил многу срдечен кон аеродромскиот персонал и ги поздравил сите вработени на аеродромот. 🚨 Cristiano Ronaldo was seen arriving in Lisbon this morning on his private jet after Portugal’s elimination against Spain. He did not return with his teammates, marking a quiet end to what appears to be his final World Cup 💔#ronaldo #cristianoronaldo #cr7 #cristiano pic.twitter.com/to3YoU9y9a — MARCA in English 🇺🇸 (@MARCAinENGLISH) July 8, 2026 Легендарниот португалски напаѓач се соочи со критики за време на ова Светско првенство. Португалија има исклучително силен состав во кој има неколку играчи од светска класа; сепак, многу критичари сметаа дека нивниот капитен не се вклопува во тимот и не придонел онолку колку што се очекувало. Кристијано постигна три гола на ова Светско првенство. Ова беше шесто учество на Роналдо на Светско првенство, по турнирите во 2006, 2010, 2014, 2018 и 2022 година. За време на групната фаза од овогодишниот турнир, тој стана првиот играч во историјата што постигнал гол на шест различни светски првенства, откако ја затресе мрежата против Узбекистан. Тој постигна два гола на тој натпревар, а потоа реализираше пенал против Хрватска во осминафиналето – негов прв гол во нокаут-фазата на Светското првенство. Така, тој го заврши турнирот со три постигнати гола. Роналдо има одиграно 27 натпревари на светските првенства; повеќе од него има само Лионел Меси, со 30 настапи. На тие 27 натпревари, португалската ѕвезда постигна 11 гола и забележа две асистенции. Вкупно, тој има одиграно 233 натпревари за Португалија, при што постигнал 146 гола и запишал 46 асистенции. Со националниот тим, тој го освои Европското првенство во 2016 година и две титули во Лигата на нации.Тагови: Кристијано Роналдо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗапочна судењето за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане10:54Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10Средба Кос – Мицкоски во Владата15:14Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото14:43Пропадна и последниот обид за партиски консензус за Изборниот законик15:00
Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10
Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото14:43