Со Мустанг излетал од пат и се забил во куќа (ФОТО) - Канал 5

Со Мустанг излетал од пат и се забил во куќа (ФОТО)

Уште еден Mustang го заврши својот краток работен век благодарение на невнимателноста на сопственикот.

Со Мустанг излетал од пат и се забил во куќа (ФОТО)

Необична глетка ја дочекала противпожарната служба од Индијанаполис кога пристигнале на местото на сообраќајната несреќа. И покрај тоа што се навикнати на учество на Ford Mustang во бизарни несреќи, оваа малку ги изненадила.

Од необјасниви причини, црниот Мустанг излетал од патот и наишол на мал рид, се вивнал во воздух и влетал во куќата на друга несреќна личност. Половина од автомобилот останал да виси надвор, а кога пожарникарите пристигнале на местото на несреќата го пронашле и возачот во автомобилот.

Возачот сам излегол од возилото и по преглед и укажана помош бил приведен на распит во полициска станица. Не се знае што точно се случило, но сѐ упатува на пребрзо возење и невнимание на возачот, особено што во несреќата не учествувале други возила.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Момче пронајдено во Беринговото Море: Пловело на превртен чамец речиси три дена (ВИДЕО)

15-годишно момче преживеа речиси три дена држејќи се за превртен чамец во Беринговото Море, додека неговиот брат и братучед починале.

Момче пронајдено во Беринговото Море: Пловело на превртен чамец речиси три дена (ВИДЕО)

Тој беше спасен од екипажот на рибарски брод во близина на островот Сент Лоренс, кој припаѓа на Алјаска и се наоѓа во Беринговото Море, недалеку од рускиот брег, пишува АП.

Тројцата млади мажи тргнале со брод во петокот од островот Сент Лоренс и требало да се вратат до недела наутро. Кога не се појавиле, нивното семејство ги пријавило како исчезнати во недела навечер.

Крајбрежната стража на САД започна потрага следниот ден со авиони и хеликоптери. Момчето на крајот беше пронајдено од екипажот на рибарскиот брод „Нортвест Експлорер“, додека сè уште беше на превртениот чамец. Властите не ги објавија имињата на тројцата млади мажи.

Еден од воздушните екипажи го забележа преживеаното момче на трупот на превртениот чамец во понеделник. Тие спуштија сплав за спасување и залихи за него, а потоа контактираа со блискиот рибарски брод, „Нортвест Експлорер“. Видеото од спасувањето го прикажува екипажот како фрла јаже кон момчето и го влече неговиот чамец сè додека не успеале да го подигнат на безбедно место.

„Неверојатно жилаво момче“

„Се држеше за тој чамец речиси три дена. Тој е неверојатно жилаво момче“, изјави капетанот на рибарскиот брод, Адам Вајт, за локалната телевизиска станица KTUU. Според извештајот на крајбрежната стража, момчето покажувало знаци на хипотермија кога пристигнало на бродот, а екипажот го стоплил со ќебиња и шишиња со топла вода.

„Иако трепереше од студ, можеше да каже дека неговиот брат е сè уште под чамецот“, рече Вајт. „Ноќта пред да пристигнеме, неговиот братучед едноставно се лизнал во водата“, додаде Вајт. Откако момчето беше спасено, беа пронајдени телата на неговиот брат и братучед.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Економскиот напредок на Македонија во фокусот на соработката со Фондацијата Конрад Аденауер

Би сакал да се заблагодарам на Фондацијата "Конрад Аденауер", за овој прекрасен настан којшто го имаме овие три дена со извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ , членовите на Владата, министрите и замениците министри кои што се предложени од ВМРО-ДПМНЕ.

Николоски: Економскиот напредок на Македонија во фокусот на соработката со Фондацијата Конрад Аденауер

Ефективната комуникација е најзначајна за едно добро владеење, она што се наши политики да можеме добро да ги презентираме пред граѓаните, но истовремено да имаме една добра синергија и една добра комуникација помеѓу нас, помеѓу различните структури во партијата, Извршниот комитет, општинските комитети, Унијата на млади сили, Унијата на жени, и секако пратеничката група и Владата, како би можеле заеднички да ги креираме овие политики.

Би сакал да се заблагодарам на Кристијан Серак, којшто специјално дојде за овој настан, и за тоа што прави една прекрасна обука за сите нас, има доста да се научи и доста работи кои се иновативни.

Ова е начин на којшто ВМРО-ДПМНЕ се обидува да остане во една добра форма, во кондиција, ова покажува дека и тоа што сега сме на власт, ја водиме државата, не не одлепува од партијата, напротив посветуваме доста време и енергија на организација на партијата и ќе продолжиме тоа да го правиме во следниот период, а со цел економски напредок на Македонија, ефективно владеење на правото и повеќе успеси за државата.- објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски е подготвен да се сретне со Путин на самит во Мајами

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на самитот на Г20 во Мајами, доколку биде поканет.

Зеленски е подготвен да се сретне со Путин на самит во Мајами

„Да, секако. мораме да дојдеме. Мораме да се сретнеме, да разговараме и да донесеме одлука“, рече Зеленски во интервју за „Дојче Веле“ во канадската воена база во Норт Беј.

Според украинскиот лидер, она што ќе му го каже на рускиот претседател нема да биде најважната работа.

Во меѓувреме, најмалку 23-ца луѓе се повредени, а меѓу нив има и петмесечно бебе, кога руски ракети утрово погодиле станбена зграда во украинскиот град одес, соопшти претседателот на одеската обласна воена администрација Олексиј Кипер.

Шестмина од повредените, меѓу кои е и бебето, се во болница.

„Како резултат на нападот, горните катови на повеќекатна станбена зграда се целосно разрушени. Експлозивниот бран оштети и соседни станбени згради и гасовод со низок притисок“, се вели во соопштението на гувернерот.

На уште три станбени згради им е нанесена штета, а оштетен е гасоводниот систем.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер