3Повеќе од 1.000 километри со едно полнење! Ова се најдобрите електрични автомобили за патувања на долги релации
БалканСо луксузната јахта на Тито , хрватскиот претседател на одмор во Албанија (ФОТО)Претседателот на Хрватска ја користел моторната јахта од 39 метри на хрватската морнарица „Учка“, како и воен хеликоптер за приватна посета на албанскиот премиер.Неговото патување во Албанија го испитува и Комисијата за судир на интереси, која што добила анонимен извештај. Според податоците што се достапни за „Јутарњи“, Кабинетот на претседателот официјално побарал од Министерството за одбрана да го стави бродот „Учка“ на располагање на Зоран Милановиќ, но тие не навеле за какви цели. Бродот бил нарачан за периодот од 11-ти до 14-ти август за патување во Албанија. Во исто време, на 11 август, тој полетал со воен хеликоптер од Хвар, каде летото го поминувал во државната резиденција Вила Ковач, за да замине во Дубровник, а го користел хеликоптерот повторно на 14 август на трасата Дубровник - Хвар. Според овие информации, медиумите шпекулираат дека претседателот најпрво бил транспортиран со воен хеликоптер од Хвар до Дубровник, а потоа се качил на брод на хрватската морнарица во Дубровник и испловил кон Албанија. При враќањето од Албанија, бродот очигледно испловил кон Дубровник, а претседателот најверојатно се вратил со хеликоптер во државната резиденција на Хвар, каде го минувал одморот. Патем, за еден час со лет со хеликоптер се потребни околу 800 литри керозин, додека еден литар керозин чини пет куни, па еден час со воен хеликоптер чини 4.000 куни (околу 530 евра), тврдат медиумите. Албанскиот портал Лајме Драч исто така пишува дека Милановиќ пристигнал во Албанија со бродот на ХРМ „Учка“. „Воениот брод Учка, на кој се наоѓало хрватското претседателско семејство, беше закотвен на албанскиот брег последните два дена. Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ го избра јужниот брег на Албанија за одмор во овие жешки августовски денови“, пренесоа албанските медиуми, како Тпортал. Тие објавија и фотографија од „Учка“ закотвена во близина на брегот на Химера, а на 13 август кога е објавен текстот, тие исто така изјавија дека Милановиќ тој ден ручал со премиерот Рама и неговото семејство. Најконтроверзниот детал во целата оваа приказна е што Кабинетот на Претседателот ги известил медиумите на 12 август дека Претседателот престојува приватно во Албанија, на лична покана на премиерот на Република Албанија Еди Рама. Подоцна, до медиумите, испратиле изјава дека патувањето е „дел од извршувањето на претседателските должности“. На прашањето од Комисијата кој платил за патувањето и кој ги покрил трошоците за сместување, Кабинетот на Претседателот одговори дека патните трошоци, како и секогаш кога Претседателот патува, се на товар на државниот буџет, и дека Милановиќ бил сместен во државната резиденција на Република Албанија на покана на домаќинот , премиерот на Албанија. Интересно е што бродот на кој хрватскиот претседател Зоран Милановиќ испловил кон Албанија за да го посети албанскиот премиер Еди Рама, всушност има многу богата историја. Имено, станува збор за моторна јахта „Учка“ која во поранешниот систем се викала „Подгорка“ и била ексклузивен брод на југословенскиот претседател Јосип Броз Тито. Изработена е во 1963 година на Корчула и оттогаш во својот салон е домаќин на бројни големи светски историски личности. Покрај моќните државници, холивудските диви како Елизабет Тејлор и Софија Лорен исто така пловеле на ексклузивната јахта. По војната и распадот на СФРЈ, таа е достапна за хрватските претседатели, па ја користеле Фрањо Тушман, Иво Јосиповиќ и сега Зоран Милановиќ. Пред две години „Учка“ ги возеше и членовите на хрватската фудбалска репрезентација, кои освоија сребро на Светскиот куп во Русија. Тие пловеле на јахтата кон Сплитскиот брег.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветУкраинските напади драстично ги намалуваат руските нафтени капацитетиСпоред два извори од индустријата, украинските напади со беспилотни летала врз руските рафинерии го намалиле капацитетот на Русија за преработка на нафта за приближно 30 отсто.Украинските удари врз руските рафинерии дополнително ги отежнуваат напорите на Москва да се справи со недостигот на гориво на домашниот пазар, и тоа во време кога Русија продолжува да испорачува дизел на меѓународните пазари, согласно договорот со американскиот претседател Доналд Трамп. Украина ги зачести нападите врз руските рафинерии од крајот на октомври, откако пропадна предложениот договор за прекин на нападите врз енергетската инфраструктура. An oil refinery in Yaroslavl, one of the top five largest oil refineries in Russia, is on fire. However, the governor of the region confidently claims that all UAVs were shot down. https://t.co/1uLixMmL14 — WarTranslated (@wartranslated) August 6, 2026 Значителен пад Според извори од индустријата и официјални претставници, во текот на изминатата недела, украинските напади го попречиле работењето и предизвикале вонредни ситуации во девет од 35-те големи руски рафинерии. Извори од индустријата наведуваат дека вкупниот дневен капацитет на руските рафинерии погодени од напади со беспилотни летала од крајот на октомври – вклучително и три големи постројки во централна Русија – изнесува приближно 300.000 тони (2,2 милиони барели). Ова е во контекст на вкупниот примарен капацитет за преработка на нафта во Русија, кој изнесува околу 930.000 тони дневно. До крајот на октомври, руските рафинерии преработувале приближно 700.000 тони (пет милиони барели) сурова нафта дневно, наведуваат изворите. Според проценките на изворите, реалното намалување на преработката на сурова нафта во руските рафинерии би можело да достигне и до 200.000 тони дневно. Меѓу погодените постројки се рафинериите во Рјазањ, Јарослављ и во областите долж реката Волга. Ukrainian drone strikes hit the Yaroslavl oil refinery in western Russia on Thursday, one of the country's five largest. https://t.co/imC8IJUwIZ — Open Source Intel (@Osint613) August 6, 2026 Постојани напади Гувернерот на Ленинградската област изјави дека во понеделникот, во ноќен напад, украински беспилотен летало ја погодило рафинеријата за нафта „Кириши“ – втората по големина во Русија – при што избувнал пожар. Тој додаде дека во нападот загинала една жена. Во напис објавен во вторникот во рускиот дневен весник „Комерсант“, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Украина ги игнорира повиците на Трамп за прекин на нападите врз руските енергетски цели. Украинскиот претседател Володимир Зеленски минатата недела изјави дека Киев продолжува со нападите врз цели поврзани со рускиот нафтен сектор, како одговор на руските напади врз енергетските капацитети. Тој посочи дека украинските електрани, енергетските мрежи, системите за греење и водоснабдување се под постојан напад и дека Москва одбива да ја намали ескалацијата. Извор: Индекс.хрТагови: напади русија украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВласта го одби барањето на СДСМ, предлог – законот за јавни набавки да биде повлечен од дневен редПредлог законот за јавни набавки попладнево стаса на дневен ред во Собранието, откако владеачкото мнозинство го отрфли предлогот на СДСМ тој да биде повлечен.. Дејан Трајкоски е во Парламентот.. Дејан, откако вчера претседателката Сиљановска стави вето на еден член од предлог законот, мнозинството експресно реагираше... Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСиљановска-Давкова разговараше со претседателот на Литванија- претседавач со ЕУ од јануари 2027Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на Парискиот мировен форум 2026, оствари средба со претседателот на Република Литванија, Гитанас Науседа.Taa го поздрави денешното отворање на нашата прва резидентна Амбасада во Вилнус и изрази очекување за продлабочување на македонско-литванската политичка, економска и институционална соработка. Соговорниците разменија ставови за процесот на проширување на Европската Унија, состојбата во регионот на Западен Балкан, како и за македонските предизвици во пресрет на литванското претседавање со Советот на ЕУ од јануари 2027 година. Тие се согласија дека реформите и Копенхашките критериуми се клучните параметри за членство во ЕУ на земјите-кандидатки и дека билатералните прашања не треба да бидат пречка во процесот на проширување. Претседателката посочи дека соседите може да имаат позитивна улога во европската интеграција на регионот, укажувајќи на примерот на скандинавските земји, кои целосно ги поддржаа балтичките држави пред нивното членство во Европската Унија во 2004 година. Таа го информираше претседателот за македонските преземени чекори на патот кон ЕУ, како и за прашањата со коишто се соочува земјата, од добивањето на кандидатскиот статус во 2005 до денес. Сиљановска-Давкова истакна дека продолжуваат македонските напори за конструктивен дијалог со соседна Бугарија, но нагласи дека за тоа е неопходно двете страни да пристапат кон процесот со добра волја, соопштуваат од Кабинетот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21