Побарана забрана за предавање и повеќе други мерки за претпазливост за професорка осомничена за поткуп
2Побарана забрана за предавање и повеќе други мерки за претпазливост за професорка осомничена за поткуп
Алиу: Унапредувањето на органодарителството е еден од најуспешно финализираните процеси во здравството
2Алиу: Унапредувањето на органодарителството е еден од најуспешно финализираните процеси во здравството
МакедонијаСо изведување материјални докази од Обвинителството продолжи судењето за пожарот во „Пулс“Со изведување материјални докази од обвинителството, денеска во судницата во „Идризово“ продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. Обвинителството презентираше докази за агенцијата за обезбедување „Рубикон секјурити солушнс“, кои се однесуваат на околностите поврзани со обезбедувањето на објектот, планот за надзор и на преземени и непреземени обврски. Во судницата беа презентирани и дозволата за работа на „Рубикон“ и листата на вработени, како и фотодокументација и докази обезбедени од претресот на канцеларијата на „Рубикон“. Во пожарот во Пулс загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре променливо облачно и нетабилноВремето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен локален дожд и грмежи. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²), грмежи, засилен ветер (над 60 km/h) и појава на краткотрајно невреме со град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени. Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд и појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 32 степена. Во петок ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²), електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град. Потоа следува период на стабилно и сончево време. Во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер.Тагови: нетабилно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПобарана забрана за предавање и повеќе други мерки за претпазливост за професорка осомничена за поткупОсновното јавно обвинителство Штип донесе наредба за спроведување истражна постапка против 38-годишна жителка на Кочани осомничена за кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 6 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Осомничената како лице кое врши работи од јавен интерес, односно доцент на Универзитетот „Гоце Делчев’’ во Штип, директно за себе побарала корист – парични средства за да изврши дејствие што не би смеела да го изврши. На 16 јуни, откако студент не покажал доволно знаење за да го положи испитот кај неа, таа не му впишала оценка во индексот и во електронскиот систем дека не положил туку директно побарала пари во износ од 300 евра, за да му напише шестка со која тој би го положил наведениот испит. На 29 јуни во нејзината канцеларија, ги примила парите од студентот, така што му дала инструкции да ги остави на помошната маса, помеѓу скрипта и еден лист бела хартија, а во индексот му запишала преодна оценка. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување неколку мерки на претпазливост – забрана на напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска на осомничената да се јавува во судот, привремено одземање патна исправа, забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со студентот, како и забрана за вршење на работни активности на факултетот.Тагови: поткуп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Проектот ЗНАМ 2.0 - платформа за иднината на МицкоскиДодека вчера овие луѓе беа ништо - без структура, без име, без јасна порака, денес одеднаш излегуваат со „јасна платформа за иднината на Мицкоски”.Ова не е случајност. Ова е проектот ЗНАМ 2.0. Мицкоски прво се обиде да ја провлече оваа платформа преку СДСМ, за да создаде поделба внатре во партијата. Кога тоа не му успеа, сега го прави самостојно. Го лансира новиот Максим Димитриевски и неговата екипа. Сега се претставуваат како опозиција. По изборите ќе посакаат да станат дел од „тендер коалицијата“. Така изгледа кога Мицкоски создава и финансира свои сателити. Затоа и се одржуваат разговори под “Chatham House” правила - сè можат да кажат, освен дека газдата е Мицкоски, а промоторот е Латас. Еднаш народот беше измамен со првиот ЗНАМ. Тие прво ја предадоа својата партија, а потоа и своите гласачи. Втор пат нема да се случи. ЗНАМ 2.0 нема гласачи 2.0. Тоа е истиот народ кој беше сведок на сè што направи Мицкоски. Мицкоски ги лажеше своите гласачи за името, за Преспа, за повисоки плати, за ЕУ, за подобра економија, за поголеми инвестиции. Она што го испорача е катастрофа во сè што се фати - ја уништи економијата и ја изолира земјата. Доста е повеќе со сателитите на Мицкоски и организираната криминална група. Доста е повеќе со продажбата на Македонија и интересите на граѓаните заради лични болни амбиции и лична материјална и финансиска корист. Еден е Фронтот за вистина и правда! Набрзо ќе ја вратиме власта во рацете на граѓаните. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПоплавени подвозници, заглавени возила и блокирани кружни текови по обилните врнежи во Скопје18:11Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги презема социјала и здравство, министри ќе бидат Велковски и Клековски20:48Контурите на реконструираниот состав стокмени – кадровските решенија ќе бидат познати вечерва18:18
Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54