Со гушкање заработува 60 долари на час

Дали би платиле некој да ве гушка и гали? Можеби звучи како бизарна идеја, но за само недела дена дури 10 000 луѓе закажале третман за галење.

Саманта Хес (30) од Орегон дошла на идеја да заработи така што ќе продава прегратки.



Така кариерата на личен тренер минатата година ја заменила со професионален терапевт за галење во својата куќа, а овие денови отишла и чекор понатаму па отворила и прв салон за таа намена во светот.

Час третман во овој салон чини 60 долари, а иако делува како скапа инвестиција Саманта вели дека работата цвета.

- Работата полуде комплетно. За само недела дена добив дури 10 000 меилови, раскажува Саманта.



Лидер на ИСИС убиен во операција во пограничниот регион на Мали

Водачот на една од групите поврзани со Исламската држава, Абу Худајфа, е убиен во операција во пограничниот регион кој опфаќа делови од Мали, Буркина Фасо и Нигер.

Неутрализацијата на терористичкиот лидер беше извршена за време на голема операција во Липтак, триграничен регион кој опфаќа делови од Мали, Буркина Фасо и Нигер, соопштија властите на Мали.

Во соопштението се потсетува дека еден лидер на ИСИС учествувал во напад на Нигер во 2017 година, во кој беа убиени четири американски Зелени беретки и четворица нигериски војници, вклучително и еден преведувач. /МИА

Десетици илјади луѓе протестираа низ Франција барајќи повисоки плати и мир

Десетици илјади луѓе ширум Франција се приклучија на синдикалните собири за повисоки плати и мир по повод Меѓународниот ден на трудот.

Од Марсеј до Лион, Рен или Тулуз на големите поворки во големите градови се вееја знамиња на различни синдикати и палестински знамиња.

Во Париз, според синдикатите, се собрале 50.000 луѓе, а според полицијата 18.000, атмосферата на почетокот била карневалска, но на крајот полицијата интервенирала со солзавец.

Според полицијата, група од 4.500 луѓе, со „неколку стотици радикали“ запалиле камион, а уништени се и излози.

Досега се уапсени 25 лица.

Низ цела Франција, 12.000 полицајци се распоредени за да го зачуваат мирот, од кои 5.000 во Париз.

Моќниот синдикат ЦГТ упати апел против „мерките за штедење“, за отворање работни места, повисоки плати и мир.

Водечкиот синдикат ЦФДТ ги повика луѓето да се приклучат на маршевите во повиците за поамбициозна Европа која повеќе ги штити работниците. /МИА

Папата ја осуди индустријата за оружје

Папата ја осуди индустријата за оружје, нагласувајќи дека „таа профитира од смртта“.

Папата Франциск денеска упати молитви за жртвите од војните во Украина, палестинските територии, Израел и бегалците Рохинџи во Мјанмар, нагласувајќи дека, „за жал, најпрофитабилните инвестиции се оние поврзани со индустријата за оружје“.

- Војната секогаш е пораз, секогаш. Ние бараме мир, бараме вистински мир за овие народи и за целиот свет, рече папата, по повод католичкиот црковен празник Свети Јосиф Работник, пренесе Ватикан Њуз.

Обраќајќи им се на присутните во салата Павле VI во Ватикан на општа аудиенција, папата ја осуди индустријата за оружје, нагласувајќи дека „таа профитира од смртта“. /МИА

притисни ентер