Со години се продава уникатен Нисан- никој не се решава за екстравагантниот GT-R (ФОТО) - Канал 5

Со години се продава уникатен Нисан- никој не се решава за екстравагантниот GT-R (ФОТО)

Nissan GT-R ретко останува незабележан, но еден специфичен примерок изграден за возење надвор од патот безуспешно бара нов сопственик со години.

Со години се продава уникатен Нисан- никој не се решава за екстравагантниот GT-R (ФОТО)

Оваа единствена преработка ја турка ексцентричноста до крајни граници, а цената се чини дека е исто толку екстремна.

Лудиот Макс на јапонски начин

Се чини дека сопственикот на овој R35 од 2010 година пронашол инспирација во модели како Porsche 911 Dakar или Lamborghini Sterrato и одлучил дека јапонскиот тркач заслужува своја робусна верзија. Со радикални надградби, овој автомобил повеќе личи на реквизит од постапокалиптичен филм отколку на спортист кој некогаш поставил рекорди на Нирбургринг.

Подготвен за секаков терен

Автомобилот е опремен со продолжени браници, багажници на покривот и сет дополнителни LED светла на предниот браник и покривот. Сепак, највпечатливата промена е суспензијата, која е подигната за дури 120 mm со помош на модифицирани пружини, давајќи му импозантен и агресивен став. Нисан GT-R сè уште ги користи оригиналните алуминиумски тркала со седум краци, но сега се опремени со робусни теренски гуми.

За целосен впечаток, резервно тркало со целосна големина е прикачено на покривот. Во комбинација со стандардниот погон на сите тркала Attesa ET-S и зголемениот клиренс, овие модификации треба да го олеснат возењето по чакал и кал.

Повеќе од 600 коњски сили

Перформансите не се занемарени. Под хаубата се наоѓа подесена верзија на познатиот 3,8-литарски V6 двоен турбо мотор кој сега развива 600 коњски сили - исто како и најмоќната фабричка варијанта Nismo. Според огласот, автомобилот поминал само 54.237 километри од 2010 година, што е релативно ниско за возило старо 15 години.

Па во што е проблемот?

Овој уникатен теренски GT-R моментално е на продажба кај холандскиот дилер Prins за 99.500 евра. Таа цена значително ја надминува вредноста на стандардните модели од истата година, дури и оние во совршена состојба. Иако километражата и општата состојба на автомобилот се добри, високата цена е веројатно главната причина зошто со години не може да најде купувач.

Според холандскиот портал за следење на цените Auto Uncle, истиот GT-R претходно бил нуден од друг дилер повеќе од 1.000 дена - речиси три години. Тековниот оглас е активен 138 дена. Се чини дека иако автомобилот е уникатен, таа уникатност не гарантира побарувачка, особено кога стандарден GT-R од истата ера се менува без проблем.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Што промени светската музичка ѕвезда,  Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа  вака супер на 57 години.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело.

Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање.

Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога.

Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена.

Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Најпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. 

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот.

На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално.

https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed

„Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото.

Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

Еврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви.

Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција.

Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер