Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
ЗдравјеСо години јаде само месо, а еве што се случувало претходно со нејзиното тело! Инфлуенсерка проговори за своите болки и депресијата со која се соочувалаКанадската инфлуенсерка Михаила Петерсон ја започнала таканаречената „лавовска диета“ во 2016 година и сега проговори за својата одлука и за тоа како се чувствува. Оваа жена која пет години не јаде ништо друго освен месо, изјави дека тоа била нејзината најдобра одлука во животот. Таа сега ги инспирира луѓето ширум светот да се обидат со оваа диета во која шест месеци не се јаде ништо друго освен говедски производи како бифтек и мелено говедско месо, морска сол и обична вода. Кога Михаила (28) имала само седум години, ѝ била дијагностицирана ретка форма на јувенилен ревматоиден артритис (хронична болест која се карактеризира со континуирано воспаление на еден или повеќе зглобови), ѝ пропишале терапија за намалување на болките. На 12-годишна возраст ѝ биле пропишани и лекови за депресија и ги користела до својата 20-та година. @mikhailapeterson Brooke Siem’s Experience On Antidepressants ♬ original sound - Mikhaila Fuller Таа изјави дека многу работи завладеале со нејзиниот животот и дека била целосно очајна поради разни проблеми. Поради артритисот, морала да направи две операции на зглобовите кога имала 17 години и ѝ било кажано дека ќе мора да продолжи со лековите. Кога наполнила 23 години, Михаила почнала да испробува исхрана базирана на месо, позната како „диета на месојади“ или „лавовска диета“ која главно се состои од производи од говедско месо. Ова вклучува јадење на говедски џигер (црн дроб), бифтек и мелено месо измешано со морска сол и вода. Таа вели дека започнала така што се префрлила на строга „палео диета“, која главно се базира на месо, зелје и зеленчук. До септември 2015 година, повеќето од нејзините симптоми исчезнале. Оваа нејзина драстична трансформација Михаила ја опишува како „луда“. На крајот, таа почнала да ги намалува лековите и до декември 2015 година, таа ги прекинала антидепресивите. Потоа, во 2016 година, Михаила открила дека е бремена, а симптомите на хроничен замор и депресија и се вратиле, па решила да исфрли уште неколку групи храна од исхраната. Откако ја родила ќеркичката во декември 2017 година, Михаила решила да ја следи оваа строга диета базирана исклучиво на говедско месо и неколку месеци подоцна повеќето од нејзините симптоми едноставно исчезнале.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
ЕвропаПочина принцезата Астрид од НорвешкаНорвешката принцеза Астрид, постарата сестра на покојниот крал Харалд V, почина на 94-годишна возраст, соопшти кралската палата.Нејзиниот брат Харалд почина минатиот месец на 89-годишна возраст, по повеќе од 35 години на тронот. Принцезата Астрид го имаше своето последно јавно појавување на неговиот погреб во среда. Почина норвешката принцеза, сестра на кралот кој почина минатиот месец „Принцезата Астрид го претставуваше кралското семејство на топол и совесен начин во текот на целиот нејзин долг живот“, изјави кралот Хакон VIII во соопштението. Норвешка во среда одржа едноминутно молчење на погребот на Харалд V, современа личност која ги поврзуваше луѓето среде низа скандали што го означија крајот на неговото владеење. Значајни меѓу нив беа врските на неговата снаа Мете-Марит со покојниот сексуален престапник Џефри Епштајн и пресудата за силување на нејзиниот син Мариус Борг Хоиби. Харалд се качи на престолот во 1991 година и беше најдолго владејачкиот монарх во Европа до неговата смрт. Тој секогаш одбиваше да абдицира и покрај бројните здравствени проблеми и беше исклучително популарен меѓу своите сограѓани. Извор: Индекс.хрТагови: Норвешка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МакедонијаВремен режим на сообраќај на ГП „Делчево“Од 10.09.2026 година, поради започнати градежни активности на патната инфраструктура во рамки на целосната реконструкција на Граничниот премин „Делчево“, воведен е времен режим на сообраќај.За времетраење на градежните работи, сообраќајот за моторни возила на влез и излез од државата ќе се одвива по една сообраќајна лента во секој правец, поради што капацитетот за проток на возила на граничниот премин е намален и можни се подолги задржувања. Апелираме до граѓаните, доколку се во можност, да ги користат соседните гранични премини, со цел да се избегнат подолги чекања и да се овозможи непречено одвивање на сообраќајот. Ги замолуваме сите учесници во сообраќајот за трпение, внимателно возење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација и насоките на надлежните служби.Тагови: ГП „Делчево“ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување возило“Девет возеле без возачка дозвола и еден за време на активна забрана.Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 10 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, девет управувале возило без положен возачки испит и тоа: Б.Б.(26), А.Д.Ј.К.(19), Х.И.(20) и Б.Д.(21) од Скопје, Х.С.(49) и Ј.А.(49) од Тетово, У.М.(35) од Виница, И.Т.(48) од Кочани и Д.А.(29) од Македонска Каменица. Од слобода е лишен и С.М.(47) од Кочани затоа што возел за време на активна забрана. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: безобѕирно управување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05