СветСо автомобил полн со експлозив влетале во група луѓе на Западниот брег- има загинати Најмалку едно лице е убиено, а тројца други се повредени во напад со автомобил и нож на раскрсницата Гуш Ецион во окупираниот Западен Брег, соопштија израелските служби за итни случаи.Според Елад Пас, болничар од израелската служба за итни случаи Маген Давид Адом (MDA), починатиот маж им подлегнал на повредите на местото на настанот од „тешка убодна рана“,објави CNN. Меѓу повредените, една жена е во сериозна состојба, додека маж и тинејџер претрпеле полесни повреди. Израелските одбранбени сили (IDF) објавија дека војниците на местото на нападот „елиминирале“ двајца „терористи“. „Неколку експлозивни материјали“ се пронајдени во автомобилот што го користеле напаѓачите, а експерти од израелската гранична полиција работат на нивна неутрализација, се додава во соопштението. Реакции на нападот Палестинската милитантна група Исламски џихад го поздрави нападот, опишувајќи го како „одговор на злосторствата извршени од доселеничките банди и окупаторската армија против нашиот народ“. Групата не ја презеде одговорноста, но изјави дека нападот ја потврдува „решителноста на нашиот народ да се спротивстави на политиките на угнетување и злоупотреба со сите расположиви средства“. Израелскиот опозициски лидер Јаир Лапид го осуди нападот како „тежок“ и истакна дека тој „го одзел животот на млад израелски граѓанин“. „Им ја нудам мојата поддршка на Израелските одбранбени сили (ИДФ) и безбедносните сили во нивните напори за воспоставување безбедност и искоренување на тероризмот. Изразувам искрено сочувство до семејството на убиената жртва и им посакувам брзо закрепнување на повредените“, рече Лапид. Зголемување на насилството на Западниот Брег Нападите со ножеви и удирањето со возила на контролни пунктови и сообраќајни јазли во Израел, Ерусалим и Западниот Брег не се невообичаени, а овој инцидент се случува во време на зголемено насилство во областа. Извештајот на Обединетите нации објавен претходно овој месец покажа дека израелските доселеници извршиле најмалку 264 напади во октомври, што е најголем број откако ОН почна да ги следи ваквите инциденти во 2006 година. Во последните недели се пријавени неколку инциденти. Палестинците и активистите беа нападнати за време на мирна берба на маслинки, а минатата недела беше запалена џамија со графити. Во понеделник, десетици израелски доселеници запалија палестински возила и домови во едно село откако израелските сили срушија нелегално изградени објекти во блиската населба.Тагови: автомобил Западниот Брег Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
ХороскопДневен хороскоп за 4. октомври 2026 годинаДневен хороскоп за недела, 4. октомври 2026 година. Вага 24.9.-23.10. Љубов Другата страна денеска ќе ви ја покаже својата нежност или ќе ви се довери. Бидете внимателни и сетете се како ви беше на вас. Кариера Помали несогласувања ќе бидат поврзани со темата за паузи на работното место, но генерално за вас сите рабхоти се подобруваат. Здравје и совет Почастете се со нешто што го посакувате. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Довербата што од вас ја очекува другата страна ќе се зацврсти доколку се потрудите да бидете добар слушател. Не е тоа толку тешко. Кариера Би можеле да почнете нова работа или нов проект. Подготвени сте за битка и предизвици што ве очекуваат до неговото исполнување. Здравје и совет Согледувајте ја реалноста. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Одличен ден за љубов и за изразување на чувствата. Многумина денеска ќе си ја отворат душата и ќе го покажарт своето лавовско срце. Кариера Дури и ако не бидете сосема јасни , ќе ве разберат зашто ќе бидете уверливи поради емоциите што ги внесувате во она што ќе го работите. Здравје и совет Ќе бидете прифатени. Јарец 22.12.-20.1. Љубов И денеска ќе продолжите со вашите љубовни успеси. Оние во врска ќе бидат среќни , а самите секако нека излезат. Се е можно. Кариера Како што поминуваат работните часови, вие се повеќе во мислите ќе се насочите кон организирање вечера со пријатно друштво. Здравје и совет Здрави сте и весели. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Во длабочината на душата ќе чувствувате несигурност поради празнината во љубовниот живот. Немојте да се внесувате во тоа. Кариера Доколку малку застанете , ќе видите дека работите се одвиваат се подобро и подобро. Затоа не се замарајте со ситници. Здравје и совет Не може се да биде совршено. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Не се плашете од вашата сериозност и сериозните намери. Можеби сега е време кога тоа може да го покажете во личните односи , кои инаку се добри. Кариера Она што вие сега го развивате и го градите, сигурно е дека ќе се развиое во долгорочна работа. Само продолжете. Здравје и совет Не е забрането ако сакате да се опуштите. Овен 21.3-20.4. Љубов Било да сте во врска или сами, ќе бидете несигурни во врска со низа прашања каде оди сето ова. Од вас се бара поголема доза на толеранција. Кариера Вашите колеги денеска ќе се покажат малку повеќе вешти во уметничките или креативните работи. Тиа ќе се изразуваат , а вие следете ги. Здравје и совет Дишете длабоко. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ако сте во врска, ќе настојувате со љубезен и мирен пристап да одржувате солиден статус кво. Самците засега ќе останат осамени. Кариера Држете се до проверени правила и почитувајте ги зададените примери. Се што е надвор од тие граници би можело да предизвика пропусти или збрка. Здравје и совет Трпение, спасение. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе се занимавате со вашите мали тајни. Анализите за нив ќе ви одземат голем дел од времето , кое инаку ќе го поминевте сами и во двојка. Кариера На крајот на еден проект ќе се покаже дека сте направиле повеќе од другите или повеќе отколку што самите од себе очекувавте. Здравје и совет Малку пополека и обмислено. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе продолжите да уживате во друштво на саканите лица. Младите би можеле дури и да се вљубат. Кариера Во текот на денот ќе забележите дека работите се полесно и полесно. а освен тоа ќе добивате и пофалби. Здравје и совет Би можеле да поместите планини. Лав 23.7-22.8. Љубов Веројатно е изразување на емоции од страна на лице со кое работите или вашата сакана личност ќе ви дојде на работа. Кариера Без оглед што не сте богати , денеска ќе заклучите дека сте задоволни од своите приходи. Не е се во парите. Здравје и совет Во право сте целосно. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ве очекува трошок на кој не сте сметале и тоа поради една многу драга млада личност. Инаку , вашата врска добро напредува. Кариера Во работата се повеќе успевате да ги споите задоволството со обврските. Тоа ве мотивира за да добивате нови креативни идеи. Здравје и совет Излезете на свеж воздух.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаКолекционерско издание на „GTA 6“: За 400 долари добивате сè освен самата играАко се суди според огромната возбуда околу „Grand Theft Auto VI“, брзо се приближуваме кон еден од најголемите настани во светот на видеоигрите во последните неколку години.Новата „GTA“ ветува враќање на сè што ги направи автомобилите клучен дел од серијалот – од брзи потери и трки до уште подетални опции за прилагодување на возилата. Сето ова доаѓа со препознатливата мешавина од криминал, хаос и судири со законот, по кои станаа познати „Rockstar Games“. Сепак, иако очекувањата се огромни, најновата одлука на „Rockstar“ може да разочара дел од фановите. Компанијата претстави колекционерско издание насловено „The Goodtime State - Vice City Collection“, со висока цена од 399,99 долари. Проблемот е што во пакетот недостасува најважниот елемент: самата игра. Што добивате? „Rockstar“ ја претставува колекцијата како луксузен пакет со предмети за колекционери, инспириран од светот на „Vice City“. Таа содржи разновидни предмети, вклучувајќи очила за сонце „Oakley“, налепници, значки и мапа на Леонида – измислениот регион во кој се одвива дејството на „GTA VI“. Купувачите добиваат и бејзбол капа, фигура на маскотата на „Vice City“, чашка за жесток пијалак, торба за носење преку тело, приврзок за клучеви, стапче за мешање коктели и магнетно огледало. Иако колекцијата е очигледно наменета за сериозни колекционери, во кутијата нема да го најдете најважниот предмет: „GTA VI“. За самата игра, ќе треба да издвоите дополнителни 79,99 долари за стандардното издание или 99 долари за „Ultimate“ верзијата. Тоа значи дека купувачот што го сака целиот пакет ќе мора да плати речиси 480 или 500 долари, во зависност од изданието на играта. „GTA VI“ без физички диск Колекционерскиот сет пристигнува во време кога „Rockstar“ веќе предизвика реакции со одлуката „GTA VI“ да биде првиот голем AAA наслов на компанијата без традиционално издание на физички диск. Играта ќе биде достапна дигитално преку продавниците на „PlayStation“ и „Xbox“, додека физичките примероци во продавниците ќе содржат само код за преземање. Оваа одлука предизвика негативни реакции во дел од гејмерската заедница. Извршниот директор на „Take-Two Interactive“, Штраус Зелник, го бранеше овој пристап, тврдејќи дека физичките дискови веќе немаат голема смисла за потрошувачите. Ситуацијата е особено интересна за колекционерите. Тие сега можат да потрошат речиси 400 долари за кутија полна со предмети поврзани со играта, а сепак да не ја добијат самата игра во таа кутија. „Rockstar“ има направено нешто слично и претходно Сепак, ова не е првпат „Rockstar“ да продава колекционерска кутија без самата игра. Компанијата направи сличен потег во 2018 година со „Red Dead Redemption 2“, изданието „Collector's Box“ објавено тогаш, исто така, не содржеше примерок од играта. Разликата, сепак, беше во цената. Таа колекционерска кутија чинеше 99 долари – помалку од една четвртина од цената на новата „Vice City Collection“. Денес, оригиналните колекционерски кутии за „Red Dead Redemption 2“ можат да се најдат на „eBay“ по цени што надминуваат 700 долари, што покажува дека вредноста на ваквите производи може да порасне кај колекционерите со текот на времето. Сепак, останува фактот дека фановите на „GTA VI“, кои ги сакаат и колекционерските предмети и самата игра, ќе мора да ги купат одделно. Со цена од речиси 400 долари само за колекционерските предмети, „Rockstar“ очигледно цели кон најпосветените фанови на серијалот и кон колекционерите кои се подготвени да платат висока цена за предмети поврзани со еден од најочекуваните наслови во историјата на видеоигрите. Извор: Б92Тагови: GTA 6 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Живот„Многу те сакам“: Лука Модриќ им ги разнежни срцата на фановите со нова објаваЛука Модриќ преку социјалните мрежи ѝ го честиташе деветтиот роденден на својата најмлада ќерка, Софија.По тој повод, хрватскиот фудбалер сподели неколку фотографии на кои се заедно, придружени со кратка и емотивна порака. На една од фотографиите, таткото и ќерката се насмеани додека позираат заедно, додека другите прикажуваат опуштени моменти од семејниот живот. На пример, на една фотографија се гледа како Софија седи на рамениците на татко ѝ, а на друга Модриќ ѝ помага да си ја исуши косата. „Среќен роденден на мојата прекрасна и многу посебна мала принцеза! Многу те сакам!“, напиша Модриќ. Најмладото од трите деца Софија е најмладото дете на Лука и неговата сопруга, Вања Модриќ. Покрај неа, тие имаат син, Иван, и ќерка, Ема. Лука и Вања стапија во брак во 2010 година, а една година подоцна ја прославија и црковната венчавка во Загреб. Модриќ честопати преку социјалните мрежи ги одбележува важните моменти од животот на своите деца, особено нивните родендени. Неговото семејство често го придружува на фудбалски настани. Сопругата и децата честопати го бодреле од трибините за време на клучни натпревари и му се придружувале во прославите по големите победи. Извор: Индекс.хрТагови: Лука Модриќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16