Голманот на Челзи Мартинез се огласи од болница: По страшниот судир, и операција тој зборуваше за победата и за тоа „чистата“ мрежа
1Голманот на Челзи Мартинез се огласи од болница: По страшниот судир, и операција тој зборуваше за победата и за тоа „чистата“ мрежа
3Потпишан план за соработка меѓу министерствата за здравство на Македонија и Бугарија за периодот 2026–2028 година
АвтомобилизамСо алкотест и тест за марихуанаНаскоро возачите ширум светот од сообраќајната полиција ќе бидат тестирани со апарат кој, освен нивото на алкохол, детектира дали лицето зад воланот вози под дејство на марихуана.Во 33 држави во САД е дозволена употреба на марихуана во медицински цели, а во деветина е дозволена и рекреативна консумација. Меѓутоа возењето под дејство на канабис е забрането. Марихуаната останува во организмот, крвта, урината, секретот, со денови по консумацијата. Нема начин да се поврзе позитивниот тест со времето на употреба на марихуаната. Ако некој пушел марихуана вчера, или пред две седмици, резултатите ќе бидат скоро исти. „Здивот е потполно различен. ТЏЦ, психоактивната супстанца од канабисот, во здивот трае само до три часа, колку што трае и дејството“, објаснува Мајк Лин, Извршен директор на лабораторијата Хаунд. Во изработката на овој апарат е употребена нанотехнологија. Во комерцијална употреба новиот апарат треба да почне во 2020-та година. На овој начин работодавачите ќе можат да проверат дали нивните вработени на работа доаѓаат под дејство на оваа најчесто користена дрога во светот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски од Чешиново-Облешево: Развојот на секоја општина значи подобра иднина за граѓаните11:52Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33ДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01
МакедонијаШасивари: До решение за правосудниот испит преку дијалог и аргументиМинистерството за правда отвори консултативен дијалог со правните факултети и студентите за предложените измени поврзани со полагањето на правосудниот испит.Целта на средбата е преку отворен и конструктивен дијалог да се разгледаат предложените измени, да се слушнат ставовите на академската заедница и студентите и да се дојде до современо, правно издржано и европски ориентирано решение. „Не сакаме законските решенија да се носат зад затворени врати, а студентите и факултетите да бидат ставени пред свршен чин. Сакаме процес во кој нивните забелешки, предлози и аргументи ќе имаат вистинска тежина“, истакна министерот Шасивари. Тој нагласи дека прашањето за правосудниот испит треба да се разгледува пред сè како правно и институционално прашање, при што решенијата треба да се темелат врз стручни аргументи, меѓусебна почит и конструктивен дијалог. „Нашата цел е да дојдеме до современо, правно издржано и европски ориентирано решение, кое ќе ги земе предвид потребите на сите студенти што го стекнуваат своето високо правно образование на различни јазици“, посочи Шасивари. Предложените измени имаат за цел да воспостават рамнотежа меѓу почитувањето на правото на образование и можноста за користење на другиот јазик на кој кандидатот ги завршил правните студии, од една страна, и потребата од единствен, функционален и професионален правосуден систем, од друга страна. Според министерот, целта е да се обезбедат порамноправни можности за кандидатите, без притоа да се отстапи од единствените професионални стандарди што се неопходни за вршење на правните функции. „Измените немаат за цел создавање паралелни системи за полагање на правосудниот испит, туку воспоставување единствен модел во кој јазичната инклузивност и професионалните стандарди меѓусебно се надополнуваат“, нагласи министерот за правда. Министерот за правда Јетон Шасивари истакна дека Владата има јасна определба за почитување и унапредување на јазичните права, при целосно почитување на Уставот, законите и професионалните стандарди. Во насока на обезбедување дополнителна правна сигурност и усогласеност со европските стандарди, министерот најави дека ќе се побара мислење во краток рок од Венецијанската комисија, советодавното тело на Советот на Европа за уставно-правни прашања. „Веруваме во аргументите врз кои го градиме предложениот модел и сме подготвени да ги разгледаме сите препораки што ќе произлезат од оваа постапка“, порача Шасивари. Министерството за правда останува посветено на транспарентен и инклузивен процес, во кој сите засегнати страни ќе имаат можност да придонесат кон изнаоѓање правно одржливо решение, засновано врз дијалог, еднакви можности и почитување на европските правни стандарди, соопштуваат од МП.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски од Чешиново-Облешево: Развојот на секоја општина значи подобра иднина за граѓаните11:52Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33ДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01
ЖивотКанада се соочува со можно отцепување на една од нејзините најбогати покраиниКанада се соочува со можно отцепување на една од нејзините најбогати покраини. Гласањето се одржува денес.Жителите на Алберта денес ќе одлучат дали да го започнат процесот за распишување обврзувачки референдум за отцепување од Канада. Премиерот Марк Карни предупредува дека победата на сепаратистичката опција би предизвикала опасна неизвесност во време кога трае трговската војна со Соединетите Држави, пишува „Еуроњуз“ (Euronews). Анкетите покажуваат дека независноста ја поддржуваат помалку од една четвртина од жителите на оваа западна канадска провинција. И покрај тоа, во пресрет на гласањето, целото внимание е насочено кон излезноста и прашањето дали еден мотивиран сепаратистички табор, во услови на пасивност на федералистите, може да постигне неочекуван резултат. „Не дозволувајте некој да ви каже дека исходот е веќе одлучен. Излезноста ќе го одреди резултатот“, изјави Карни на еден собир во четвртокот. Карни, кој израснал во Алберта, го нарече референдумот „опасен блеф“ во време кога американскиот претседател Доналд Трамп воведува казнени царини и се заканува со анексија, со цел да ја скрши канадската решителност. „Гласајте како од тоа да зависи опстанокот на Канада – бидејќи навистина зависи“, рече Карни. Алберта ги поседува четвртите по големина докажани резерви на нафта во светот, а сепаратистичкото движење е поттикнато од незадоволството од начинот на кој федералната влада управува со овој сектор. Многу жители на Алберта остро му се спротивставија на претходникот на Карни, Џастин Трудо, обвинувајќи го дека преку своите климатски политики се обидува да го задуши производството на нафта. „Ако сакате да посочам кој е одговорен за сепаратистичкото расположение, сметам дека тоа е Џастин Трудо“, изјави овој месец премиерката на Алберта, Даниел Смит, во подкастот „Канадаленд“ (Canadaland). На еден сепаратистички собир во Едмонтон, одржан во саботата, 61-годишната Сенди Мартел изјави за новинската агенција АФП дека луѓето поврзани со нафтената индустрија се чувствуваат „ограбени, измамени и лошо третирани“. „Време е да се исправиме и да кажеме: доста е“, додаде таа. Гласањето доаѓа само неколку дена откако во пожар во една воена база во оваа провинција загинаа најмалку четворица војници, а десетици беа повредени, што предизвика изливи на сочувство низ целата земја. Конзервативната премиерка на Алберта вели дека сака покраината да остане во Канада, но распиша референдум за конечно да се реши ова спорно прашање. Доколку мнозинството гласа за отцепување, таа вети дека ќе иницира процес што ќе води кон обврзувачки референдум. Ако победат федералистите, Смит смета дека прашањето за отцепување треба да се смета за затворено.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураЛитера отвора ново поглавје: „Градови полни приказни“ и нов центар за детска креативностМеѓународниот фестивал за илустрација и литература за деца и млади „Литера“ најавува два значајни проекта – едиција сликовници посветени на македонските градови и отворање Центар за развој на детска креативност.Од денес, 19 октомври до 10 ноември 2026 година е отворен конкурс за авторски текстови за сликовници под заедничката тема „Градови полни приказни“. Со овие иницијативи, фестивалот го проширува своето дејствување во целогодишна платформа за литература, илустрација, уметност и едукација. Шест градови, шест сликовници, една Македонија раскажана низ приказни. Гевгелија, Битола, Охрид, Скопје, Прилеп и Куманово ќе добијат свои авторски сликовници, кои преку автентични приказни и илустрации ќе го претстават нивниот културен идентитет пред домашната и меѓународната публика. Под мотото „Градови полни приказни“, „Литера“ ги повикува авторите да создадат оригинални текстови инспирирани од овие шест македонски градови. Конкурсот е отворен од 19 октомври до 10 ноември 2026 година и има цел да поттикне нови авторски гласови и современи приказни што ќе го доближат културното богатство на Македонија до најмладите генерации. Шесте сликовници ќе бидат изработени со висококвалитетни материјали и обединети во специјално дизајнирана кутија со интерактивна игра за запознавање на градовите. Проектот создава современо книжевно, визуелно и едукативно искуство, со потенцијал за промоција на македонската култура надвор од земјата. Од 1 ноември започнува со работа Центарот за детска креативност Во исто време, „Литера“ отвора Центар за развој на детската креативност, кој од 1 ноември 2026 година ќе понуди тематски работилници за боја, илустрација, 3Д-форми, раскажување приказни преку цртеж и изработка на сликовници. Работилниците ќе ги водат професионални автори и стручни лица, а програмата ќе се објавува однапред, со пријавување и до пополнување на капацитетите. Осум години посветени на квалитетната детска литература Во изминатите осум години „Литера“ придонесува за нов пристап кон детската литература и илустрацијата во Македонија, афирмирајќи ја сликовницата како уметничко дело со важна улога во развојот на визуелната култура, имагинацијата и љубовта кон читањето. „Веруваме дека вложувањето во детската литература и креативност е вложување во културната иднина на нашата земја. Со едицијата „Градови полни приказни“ сакаме да покажеме дека секој град има приказна што вреди да се раскаже и зачува. Паралелно, создаваме простор во кој децата ќе можат да ја развиваат својата имагинација и креативност. Нашата цел не е само да создаваме нови читатели, туку и идни автори, илустратори и генерации со развиена визуелна култура“, велат од тимот на „Литера“. Во 2026 година фестивалот ја развива својата целогодишна платформа, која ќе обедини изложби, работилници, предавања, професионални вмрежувања и меѓународни претставувања. Со новите проекти, „Литера“ продолжува да гради простор во кој приказните ја зачувуваат културата, а креативноста ја обликува иднината. Автор на официјалната илустрација за Литера 2026 е Анастасија Јованова. Конкурс „Градови полни приказни“ Рок за доставување авторски текстови: 10 ноември 2026 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски од Чешиново-Облешево: Развојот на секоја општина значи подобра иднина за граѓаните11:52Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33ДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01