Снимката на Ѓоковиќ како трча бос по трева е хит: Време е за Вимблдон (ВИДЕО) - Канал 5

Снимката на Ѓоковиќ како трча бос по трева е хит: Време е за Вимблдон (ВИДЕО)

По успешниот Ролан Гарос за Новак Ѓоковиќ и пласманот во полуфиналето, во кој му пружи одличен отпор на Јаник Синер, подготовките за неговиот омилен турнир и најголемото тениско натпреварување во светот - Вимблдон сега се во тек.

Снимката на Ѓоковиќ како трча бос по трева е хит: Време е за Вимблдон (ВИДЕО)

Јасно е дека Ноле ќе се посвети само на најголемите турнири во наредниот период, а Грен слемот во Лондон е приоритет како таков.

Така Ѓоковиќ сподели хит видео пред Вимблдон, во кое може да се види како трча бос по тревата, додека клекнува за да ја допре тревата.

- Време е - се вели во описот на видеото објавено од „Tennis Channel“. Не е трева од Вимблдон, но јасно е што се мисли.

Ова е старо видео од комплексот Индијан Велс, но тревата, како заштитен знак на Вимблдон, даде јасна нота на најавата! Многу наскоро ќе навиваме за најдобриот досега. Турнирот започнува на 30 јуни и ќе трае до 13 јули.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гори саудиски танкер полн со нафта, погоден е со ракета

Хутите објавија дека ги нападнале танкерите „Енселија“ (ENCELIA) и „Лајла“ (LAYLA) со повеќе балистички и крстосувачки ракети.

Гори саудиски танкер полн со нафта, погоден е со ракета

Јеменските Хути рано утринава соопштија дека извеле воена операција насочена кон два саудиски танкери за нафта, при што извештаите за поморска безбедност укажуваат дека еден од бродовите наведени од групата – танкерот „Енселија“ (Encelia) што плови под саудиско знаме – бил погоден во Црвеното Море.

Хутите објавија дека ги нападнале танкерите „Енселија“ (ENCELIA) и „Лајла“ (LAYLA) со повеќе балистички и крстосувачки ракети, тврдејќи дека пловилата ја прекршиле поморската блокада наметната врз Саудиска Арабија од страна на група поврзана со Иран.

Извор од областа на поморската безбедност соопшти дека танкерот „Енселија“ испратил повик за помош, пријавувајќи дека бил погоден од ракета додека се наоѓал во близина на надворешните граници на саудиското пристаниште Џизан во Црвеното Море и дека се запалил.

Британската групација за управување со поморски ризици „Вангард“ (Vanguard) соопшти дека саудискиот танкер „Енселија“ (Encelia) бил погоден од проектил од непознато потекло на десната страна, на околу 70 наутички милји југозападно од Ал Шукаик во Саудиска Арабија, во 20:00 часот по Гринич (GMT).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заседаваше кризниот штаб за надминување на состојбата во Гостивар

Кризниот штаб бара решение за обезбедување технички исправна вода во Гостивар. 

Заседаваше кризниот штаб за надминување на состојбата во Гостивар

Водата и натаму е небезбедна за употреба, а залихи ќе се обезбедуваат со цистерни од околните општини, но и од Куманово, Кавадарци и Неготино.

Кризниот штаб усвои и низа дополнителни мерки за заштита на здравјето на граѓаните на Гостивар.

Во меѓувреме продолжува да се испитува квалитетот на водата, а на помош се испратени и екипи од скопскиот водовод.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево со температура до 34 степени

Според Управата за хидрометеоролошки работи времето денеска ќе биде сончево, со мала до умерена локална облачност.

Сончево со температура до 34 степени

Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од североисточен правец, особено долж Повардарието и во источните делови од земјата.

Утринските температури ќе се движат од 8 до 19 Целзиусови степени, додека максималните ќе достигнат од 24 до 34 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утре под влијание на влажен бран се очекуваат повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни и ќе надминат 15 литри на квадратен метар. Врнежите наместа ќе бидат проследени со грмежи и со засилен ветер, а температурите значително ќе опаднат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер