Снимка од белградските улици остави многумина без текст

На социјалните мрежи се појави снимка која многумина ги остави без текст.

Ова се случило во белградската општина Сурчин, во населбата Добановци, судејќи по описот на видеото на Инстаграм.

Намерно или не, човек се качил на задниот дел од камион и неколку секунди се држел на самото возило.

Одеднаш човекот паѓа на сред пат и почнува да ползи по пешачкиот премин.

Очигледно е дека овој човек си го довел во опасност животот, како и луѓето кои се нашле во таа колона возила, а поради што го направил сето ова, не е познато.

Dobanovci 📸 @balkan_auto_

A post shared by MOJ BEOGRAD (@moj_beo_grad) on

Од корона почина поранешниот француски претседател Жискар Д’Eстен

Поранешниот француски претседател Валери Жискар Д'Естен, кој беше на функција од 1974 до 1981 година, почина на 94-годишна возраст, поради компликации поврзани со ковид-19.

Жискар бил хоспитализиран во градот Турс во западна Франција, јави француското радио Европа 1, кое прво ја објави веста за неговата смрт.

Фондацијата Валери Жискар д'Естен на Твитер објави дека поранешниот претседател на Франција починал во средата од компликации поврзани со болеста ковид-19 и дека, во согласност со неговите желби, погребот ќе се одржи во семејна интимност.

Жискар бил примен во болница во септември, со респираторни проблеми. Закрепнал, но бил примен повторно кон средината на ноември.

Неговото претседателство е запаметено по модернизирањето на француското општество, вклучително и дозволување развод со заедничка согласност и легализирање на абортусот.

Тој бил избран за претседател на 48-годишна возраст, обидувајќи се да ги либерализира економијата и социјалните ставови.

Дојде на претседателската функција по смртта на Жорж Помпиду, но ја изгуби кандидатурата за реизбор од социјалистот Франсоа Митеран.

Исто така, Жискар Д’Естен беше еден од клучните архитекти на европската интеграција во раните 1970-ти, а во Европа воспостави блиски односи со поранешниот западно германски канцелар Хелмут Шмит, со што тие го воспоставија Европскиот монетарен систем и ги поставија темелите на заедничката европска валута, еврото.

По повод смртта на Жискар, поранешниот француски претседател Никола Саркози рече дека тој „целиот свој живот работел на зајакнување на односите меѓу европските нации“.

Шефот на владејачката партија на францускиот претседател Емануел Макрон во парламентот, Кристоф Кастанер, тврди дека „модерната и одлучно прогресивна политика на Жискар трајно ќе го одбележи неговото наследство“.

Психосоцијална поддршка за деца со попреченост во Карпош

Општина Карпош наскоро ќе обезбеди уште една социјална услуга за помош и поддршка на деца со пречки во развојот. 

Се работи на адаптација на посебен простор во рамки на ООУ „Вера Циривири – Трена“, каде што во соработка со Македонското Монтесори Здружение, најмладите ќе имаат можност да се подготват за полесно вклучување во воспитно – образовниот процес. Услугата подразбира обезбедување на стручна помош и поддршка преку индивидуален третман и психосоцијална поддршка на деца со попреченост и нивните семејства на територијата на Општина Карпош, преку примена на Монтесори методот и други современи терапевтски техники. Поддршката ќе ја обезбедува тим од специјални едукатори, психолог и социјален работник. За овој проект се користат средства од Светска банка, а истиот се спроведува преку Министерството за труд и социјална политика.

На 03. декември – Светскиот ден на лицата со попреченост потсетуваме дека борбата за подобра инклузија и едукација е секојдневна. Нема друга алтернатива освен системски и трајно да се унапредуваат правата на овие лица во заедницата.

Локалната самоуправа изминатиов период поддржа и отворање на сензорни соби во рамки на основните училишта, инклузивни игралишта по населбите (Карпош 2 и Влае 2), а одвои и буџетски средства за лични и образовни асистенти за учениците со попреченост. На овој начин, се овозможува полесно следење на наставата и вклучување во образованието и социјалниот живот и на овие граѓани.

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев во своето обраќање по повод денешниот ден истакна дeка секој од нас е различен, но сите споделуваме заеднички проблеми:

Светскиот ден на лицата со попреченост само нѐ потсетува на борбата да градиме поправедна и уште поинклузивна заедница. Другарчето кое можеби ти изгледа поинаку, има само поинаква потреба од тебе. Оној кој говори побавно или потешко, има само друг начин на изразување. Лицето кое е во количка, исто така има друг начин на движење. Да бидеме отворени, да ги прифаќаме различностите! Затоа што единствената попреченост е лошиот став, рече Богоев.

Општината денеска исплати и еднократна финансиска помош од 3 илјади денари, за вкупно 154 граѓани со попреченост, кои живеат на територија на Карпош. Ова е само симболична помош и признание за нивната борба.

А, како локална самоуправа продолжуваме да ги унапредуваме нивните права, но и да овозможуваме нови услуги, со цел уште помалку да се чувствуваат институционалните бариери и пречки за овие лица.

ОПШТИНА КАРПОШ

Меѓународен ден на лицата со попреченост: Градење подобар свет по Ковид-19

Почнувајќи од 1992 година, на 3 декември се одбележува Меѓународниот ден на лицата со попреченост со цел подигнување на свеста за правата на овие лица. 

Фокусот на годинешниот Меѓународен ден на лицата со попреченост – 3 декември, ќе биде ставен на градење подобар свет за лицата со попреченост, свет кој ќе биде инклузивен, пристапен и одржлив за време и по завршувањето на пандемијата на коронавирусот.

Како што соопштија денеска од Хелсиншкиот комитет, лицата со попреченост во целиот свет, но и во нашата земја, сè уште претставуваат една од најмаргинализираните групи во општеството, кои се диспропорционално засегнати од ефектите на пандемијата.

-Почнувајќи од 1992 година, на 3 декември се одбележува Меѓународниот ден на лицата со попреченост со цел подигнување на свеста за правата на овие лица. Според претпоставките на Светската здравствена организација, околу 15 отсто од светската популација се соочува со некаков вид на попреченост. Попреченоста е дел од секојдневието, имајќи предвид дека секој човек, во некој период од својот живот, ќе се најде во ситуација на времена или трајна состојба на попреченост,сопштија од Хелсиншки комитет.

Како што посочуваат, пандемијата на Ковид-19 наметна сериозна закана по здравјето и животот на луѓето во целиот свет, а лицата со попреченост генерално се наоѓаат во поголем ризик од здравствени проблеми од останатата популација и додека попреченоста сама по себе не предизвикува поголем ризик од вирусот, многу лица со попреченост имаат специфична здравствена состојба, која ја прави болеста многу поопасна за нив.

Според Хелснишки, непристапноста на информациите поврзани со вирусот, затворање на дневните центри за поддршка, неприлагодено учење на далечина, како и невозможноста за социјално дистанцирање за лицата зависни од поддршка при извршување на секојдневни функции, се само дел од проблемите кои го зголемија предизвикот на секојдневниот живот на лицата со попреченост насекаде во светот.

-И ден денес ние се уште сведочиме на дискриминација на лицата со попреченост во сите сфери на секојдневниот живот. И покрај донесените закони, и покрај заложбите за креирање на инклузивно општество за сите, сè уште значителен дел од лицата со попреченост, но и нивните родители и други лица кои се грижат за нив, се соочуваат со неразбирање од страна на своите соседи, непристапна инфраструктура, дискриминација во образовниот систем и на пазарот на труд и многу затворени врати на институциите, посочуваат во соопштение.

Имајќи предвид дека пандемијата е сè уште присутна и ефектите од нејзиното влијание ќе ги чувствуваме уште многу долго, од Хелсиншки потенцираат дека е потребно да се донесат мерки кои ќе бидат креирани во согласност со потребите на лицата попреченост, со цел да ги намалат негативните ефекти од пандемијата, но и да овозможат понатамошно одржливо функционирање.

-Потребно е лицата со попреченост да бидат вклучени во сите процеси на креирање на политики, мерки и закони, кои го засегаат нивниот секојдневен живот. Потребно е да продолжат заложбите за спроведување на процесот на деинституционализација, чија имплементација забави како резултат на пандемијата и да се продолжи со постепеното напуштање на институционалното живеење, но и зајакнување на алтернативните форми на згрижување и развивање на локални сервиси за поддршка на лицата со попреченост и нивните семејства, се наведува во соопштението на Хелсиншки комитет.

притисни ентер