Снимен момент на страшен пад , по што велосипедист заврши во кома (ВИДЕО)

Велосипедистот од Холандија, Фабио Јакобсен, кој тешко падна на самиот крај од првата фаза од трката низ Полска, е во животна опасност.

"Вистина е, неговиот живот е во опасност. Тој изгуби многу крв и претрпе бројни повреди на главата. Ги исчистивме неговите дишни патишта и му дадовме кислород и сите потребни лекови. Неговото срце работи нормално", изјави лекарот на трката, Барбара Јершина.

Во последните метри од трката, Јакобсен се обиде да го помине својот сонародник Дилан Гроневенген користејќи мал простор меѓу него и заштитната ограда, но Гроневенген се сврте десно со брзина од 80 километри на час со испакнат лакт со цел да му го затвори преминот на Јакобсен, што имаше катастрофални последици. Јакобсен удри во заштитната ограда, направи салто во воздух и го погоди судијата веднаш до оградата.

Сега, на социјалните мрежи се појави ново видео од застрашувачкиот пад. Го снимил гледач близу до местото каде што падна Јакобсен по дуелот со Гроневеген.

На крајот, Гроневеген беше дисквалификуван и лишен од етапната победа, што му беше доделена на Јакобсен. Со повреди опасни по живот се здоби и судијата на кого налета Јакобсон.

Попладне пристигнува есента

Попладне во 15:30 часот на северната хемисфера по средноевропско време пристигнува есента. Есента ќе трае 91 ден и ќе заврши на 21 декември кога ќе настапи зимата.

На првиот ден од есента синоптичарите најавуваат сончево време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови во западните делови ќе има зголемување на облачноста и услови за локален дожд и ретки грмежи. Температурите ќе бидат во интервал од 24 до 30 степени.

И додека на северната хемисфера настапува есента, на јужната хемисфера почнува пролетта.

Без струја утре повеќе делови од Скопје

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Гази Баба, Ѓорче Петров, Шуто Оризари, Сопиште и Карпош, соопштуваат од РЦУК – Скопје.

Во периодот од 08:15 до 15:30 часот без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците од ул.1 во Општина Гази Баба, во делот од училиштето до обиколницата.

Во периодот од 12:00 до 15:00 часот без струја ќе останат корисниците од улицата „Штросмаерова" во Општина Ѓорче Петров.

Во периодот од 09:00 до 12:00 часот без електрична енергија ќе бидат дел корисниците од улицата „Рељо Шестокрило", како и од улицата „Брегалничка" во Општина Шуто Оризари.

Во периодот од 09:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од сите стопански и нестопански субјекти од село Држилово, село Патишка Река, како и репетиторите на Карст Јаболци и ПЦЦ Хидро во Општина Сопиште.

Во периодот од 09:00 до 11:00 часот без струја ќе останат корисниците од улиците „Огражден" зграда бр.97, „Никола Русински" зграда бр.4, „Карпошо Востание" зграда бр.8, бараките на бивша Општина Карпош, како и градинката Орце Николов, Општина Карпош.

„Врба" на Манчевски во трката за европски оскар

Европската филмска академија (ЕФА) денес ја објави одлуката да го вклучи „Врба" на Милчо Манчевски во селекцијата за најдобар филм 2020 на 33-те Европски филмски награди. 

За филмовите во селекцијата за најпрестижната европска награда, што е позната и како Европски Оскар, ќе гласаат над 3.800 членови на Академијата и ќе изберат по 5 номинации во 5 категории: најдобар филм, режисер, актер, актерка и сценарио. Номинациите ќе бидат објавени на 7 ноември на фестивалот во Севилја, Шпанија.

Годинава доделувањето наградите на Европската филмска академија ќе се одржи во Рејкјавик, Исланд на 12 декември.

Во селекцијата на ЕФА годинава се 38 филмови.

Ова е втор пат филм од Манчевски да влезе во селекцијата за европските филмски награди, во 2011 година селектиран беше и неговиот „Мајки".

Пандемијата го прекина, но не можеше да го загуши подемот на „Врба" – драмата на Милчо Манчевски. „Врба" го започна своето патување со светска премиера на Римскиот филмски фестивал во октомври минатата година, каде што беше забележан со исклучително позитивни критики. Пред ковид пандемијата, по македонската премиера филмот играше в кино два и пол месеци и ги сруши рекордите на гледаност во земјата.

Публиката го забележа на низа фестивали, а филмот продолжи да собира одлични критики – Варајети го нарече „суптилен, длабок", Холивуд репортер вели „те зграпчува, супериорно атмосферски, актуелен и универзален", за Скрин интернешенел е „трогателен и длабок".

„Врба" е добитник на наградите „Хосе Оливеира" на Фантаспорто во Порто, на Најдобар филм на Велингтон, Нов Зеланд, се прикажа и на фестивалите во Талин, Тајпеј, Пекинг, Истанбул, Сараево, ФЕСТ во Белград, Синеквест во Сан Хосе, Клуж-Напока, Бенгалуру во Индија... „Врба" неделава ќе го отвори фестивалот во Софија, а ќе го затвори фестивалот во Тирана. Номиниран е и за Најдобар меѓународен филм и за Најдобар режисер на Рејнденс во Лондон.

„Врба" ги раскажува приказните на три мајки во средновековна и современа Македонија. Играат Сара Климоска, Наталија Теодосиевска и Камка Тоциновски, директор на фотографија е Тамаш Добош, монтажата е на Николас Гастер, продукцискиот дизајн е на Дејвид Манс, а музиката е од Кирил Џајковски.

Филмот е македонско – унгарско – белгиската копродукција со учество на Албанија, а продуциран е од Јане Ќортошев и легендарниот британски продуцент Ник Пауел.

притисни ентер