Снимен метеор над небото во Јапонија (видео) - Канал 5

Снимен метеор над небото во Јапонија (видео)

Метеорот е снимен неколку минути после земјотресот и цунамито

Снимен метеор над небото во Јапонија (видео)
Во Јапонија е направено видео на кое се гледа метеор. Интересното нешто е тоа што метеорот се појавил после неколку минути од земјотресот кој беше со јачина од 7.4 степени поради кој настана и цунами.

In this image made from video released by Miyagi Prefectural Police, the water flows up river in the Sunaoshi River in Tagajo, Miyagi prefecture, northern Japan, as a tsunami warning is issued following a strong earthquake Tuesday, Nov. 22, 2016. A powerful earthquake off the northeast Japanese shore Tuesday sent residents fleeing to higher ground and prompted worries about the Fukushima nuclear power plant destroyed by a tsunami five year ago. The warning was lifted nearly four hours later. (Miyagi Prefectural Police/Kyodo News via AP)

Жителите на градот Фукушима веднаш се упатиле кон повисоките места стравувајќи за своите животи бидејќи било издадено предупредување за можно цунами.

Видео од цунамито што ја погоди Фукушима:



За среќа овојпат немаше загинати жители туку само 12 повредени.

Погледнете го видеото на кој се гледа метеорот:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски во ноќна посета на рехабилитација на автопатот пред ГП Богородица

Интензивно и во ноќни услови го асфалтираме автопатат на Коридор 10 од Гевгелија до граничниот премин Богородица. 

Николоски во ноќна посета на рехабилитација на автопатот пред ГП Богородица

Во една вечерна посета се уверуваме дека градежните работи се одвиваат одлично и за многу скоро време ќе имаме модерен автопат на овој потег, изјави заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, кој изврши увид во рехабилтација на автопатот.

„Вечерва сме на граничниот премин Богородица, на најфреквентниот граничен премин којшто државата го има. Ова е граничен премин на коридорот 10 којшто нè спојува со Грција. Во рамки на програмата што ја имаат Јавното претпријатие за државни патишта и Министерството за транспорт, се прави целосна реконструкција и рехабилитација на влезот во Македонија во должина од околу 5 километри од граничниот премин Богородица до после Гевгелија. Се работи на интезивно, како што гледате, се работи и навечер со цел што побрзо да заврши оваа рехабилитација, да имаме супер модерен влез во државата. На овој начин покажуваме дека се грижиме за сите делови од државата и дека се грижиме инфраструктурата да е во одлична состојба насекаде државата. Сакав еве вака во една вечерна, ноќна посета да ги поздравам сите оние коишто работат овдека, да видам како се одвиваат активностите. Навистина активностите се одвиваат одлично и за многу брзо време ќе имаме супер модерен влез во државата”- изјави Николоски, соопштуваат од МТ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент

Премиерот Христијан Мицкоски се обрати од Брисел по завршувањето на Самитот ЕУ- Западен Балкан во Брисел.

Мицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент

Мицкоски најрвин го најави проектот „Roam like at home“ со што македонските граѓани ќе може да разговараат на телефон по цена како да се дома.

Продолжуваме да испорачуваме проекти , кои се дел од реформската агенда, рече Мицкоски и додаде дека во овој декемвриски период да бидеме најдобри.

„Очекуваме за 10 проценти зголемување од веќе добиените 750 милиони евра. Посветеноста останува. Да зборуваме за заслуги, за учинок и ние како Македонија го правиме и тука. Ќе се бориме за она што е наш аргумент, ќе продолжиме да се бориме за македонските граѓани.“, рече Мицкоски и го најави своето учество на седницата во Собранието за пратенички прашања.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Панче Тошковски во „Само интервју“

Почитувани, утре во Само Интервју ќе гостува Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Панче Тошковски во „Само интервју“

Фемицидот во подем, како до брзи системски решенија за насилниците?

До кога границата ќе биде швајцарско сирење и зошто се уште не знаеме кој и како ја спроведе Михаилова надвор од државата?

„Сејф сити“ му донесе светска награда, но како да се спречи и дивеењето по улиците?

Во двегодишниот мандат, преживеа и три опозициски интерпелации во Собранието, дали полицијата денес е подобра отколку пред 3 години?

Утре во Само Интервју кај Гоце Михајлоски гостува Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер