Снимал порно видеа со гостинки под туш и завршил во затвор

Маж од Нов Зеланд е обвинет зашто со скриена камера снимил 34 жени, негови гостинки додека се туширале и правел порно филмови.

Мажот . чиј идентитет не се соопштува , ги постирал видеата од жените на порно сајтови , а на некои пишувал и описни забелешки. Повеќето од жените биле под 30 годишна возраст, а камерите биле поставени под тушот во висина на нивните колена и рамења , иако често им се гледале и лицата.

Жените кои престојувале во пансионот на обвинетиот меѓу една ноќ и две недели биле пронајдени од полицијата , а кога ги виделе снимките се шокирале. Мажот изјавил дека ги снимал тајно жените заради возбуда и покрај ризикот да биде фатен. Тој ги ставал камерите во шишињата за шампон , ги активирал на далечинско , а потоа со изговор дека става нов шампон ги земал и видеата ги постирал на порно сајтови со описи од каде се жените , што работат и што би им правел .

Неговиот идентитет не се открива на барање на адвокатот , бидејќи сопругата на обвинетиот била тешко болна и немало да издржи ако дознае што правел тој со гостинките во пансионот.

Мажот ќе одговора за 69 кривични дела како снимање интимни визуелни дела и нивно јавно објавување , ќе ја добие пресудата во октомври.

Според законот на Нов Зеланд му се заканува казна затвор од 14 години .

Скај Њуз: Кина го хакирала платниот систем на британското Министерство за одбрана

Британскиот портал Скај њуз денеска објави дека кинеската влада извршила неколку кибер напади врз платниот систем на британското Министерство за одбрана, кој содржи приватни информации за воениот персонал.

Членовите на Долниот дом на британскиот Парламент денеска ќе бидат информирани за овој инцидент.

Пратеникот на Конзервативната партија Тобијас Елвуд изјави дека Кина „најверојатно бара финансиски слабости“ кај воениот персонал за да натера некои припадници да соработуваат со Кина во замена за пари.

„На потешкиот начин учиме како уметноста на војување брзо се менува со напредокот на технологијата. Одбраната на дигиталниот терен сега е исто толку важна како и одбраната на физичкиот. Доколку овој вид на кибер напад се случува во Велика Британија, можеме да претпоставиме дека ќе бидат нападнати и други земји-членки на НАТО“, рече Елвуд.

Истрагата на Министерството за одбрана досега не покажала дека се украдени некои податоци.

Катовице: Во салата каде попладнево ќе заседава полската влада пронајден апарат за прислушување

Во салата во седиштето на Шлезискиот регион во Катовице, пред попладневната седница на чешката влада, откриен е и демонтиран апарат за прислушување, соопшти портпаролот на министерот координатор на полските безбедносни служби, Јацек Добжињски.

Службата за државна безбедност и Агенцијата за внатрешна безбедност ја демонтирале направата и покрената е истрага за тоа кој ја поставил.

Полската влада попладнево ќе одржи вонредна седница во Катовице бидејќи премиерот Доналд Туск и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен се главни гости на меѓународниот економски форум во тој град на југот на Полска.

Владата нема „чувствителни“ теми на дневниот ред на денешната седница, најавено е дека ќе одлучува за помош на граѓаните за плаќање на енергетски производи и предлогот за Законот за дигитални комуникации со кој во полските закони се воведува кодот на Европската унија во таа област.

Грчкото МНР реагира по одлуката на Турција манастирот Хора да работи како џамија

Министерството за надворешни работи на Грција преку соопштение реагираше за одлуката на турските власти, манастирот Хора да почне да функционира како муслиманска џамија.

Министерството за надворешни работи на Грција преку соопштение реагираше за одлуката на турските власти, манастирот Хора да почне да функционира како муслиманска џамија, истакнувајќи дека тоа „претставува провокација за меѓународната заедница бидејќи го менува неговиот карактер како споменик на светското културно наследство на УНЕСКО што му припаѓа на човештвото“, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчкото МНР додадоа дека „зачувувањето на универзалниот карактер на спомениците и почитувањето на меѓународните стандарди за заштита на верското и културното наследство е јасна меѓународна обврска која ги обврзува сите држави“.

притисни ентер