Снегот и ниската температура 90 отсто ќе ги оштетат јаболката во Преспа - Канал 5

Снегот и ниската температура 90 отсто ќе ги оштетат јаболката во Преспа

 Снегот што синоќа падна во Преспа и ниската утринска температура на воздухот целосно ќе ги оштетат и уништат овоштарниците во Преспа.

Снегот и ниската температура 90 отсто ќе ги оштетат јаболката во Преспа

Според Горан Стефановски, раководител на работна единица Ресен што е во состав на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделство, над 3000 хектари со јаболкови насади целосно ќе бидат уништени во овој неочекуван студен бран што ја зафати и Преспа.

-Снегот што падна во текот на вчерашниот ден и ноќеса, како и утринските температури на воздухот кои деновиве ќе бидат под нулата ќе ги оштетат и уништат овоштарниците во цела Преспа. Според првичните проценки јаболката ќе бидат 90 насто уништетни, а некаде и целосно, односно 100 отсто. Проценките ќе ги вршиме откако ќе заврши овој студен бран кој за жал веќе предизвика катастрофа во Преспа, изјави за МИА, Стефановски.

Во Преспа под јаболкови насади се над 3000 хектари, а од нив најмногу е застапена јаболковата сорта ајдарет но и други преспански јаболка.

-Годинешниот род од ајдарет кој е застапен со околу 60 отсто од вкупните јаболкови површини, потоа сортите муцо, златен делишес, црвен делишес, фуџи, чадел и останатите сорти јаболка со овој студен бран целосно ќе бидат уништени, а со тоа и јаболковиот род во Преспа, нагласи Стефановски, раководител на Р.Е. Ресен при АПРЗ-Битола.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Деветто одделенците со дигитални учебници по математика и хемија

Учениците од деветто одделение од учебната 2026/2027 година за првпат имаат пристап до целосно дигитални учебници по математика и хемија, со интерактивни и мултимедијални содржини и вграден систем за управување со учењето.

Деветто одделенците со дигитални учебници по математика и хемија

За разлика од електронските учебници во PDF-формат, новите изданија се наменети за учење во целосно дигитална средина. Покрај текстот и илустрациите, лекциите содржат видеа, анимации, галерии, интерактивни задачи, симулации и други образовни материјали. Преку вградениот LMS-систем наставниците ќе можат да го следат напредокот на учениците во дигиталните лекции и да добиваат увид во областите каде што е потребна дополнителна работа. Од друга страна, учениците ќе можат да ги совладуваат содржините со сопствено темпо и да го следат сопствениот напредок. платформата е приспособена за користење преку компјутер, таблет и мобилен телефон, што овозможува пристап до учебниците од различни уреди.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Возач од светиниколско возел без дозвола и под дејство на алкохол и со возилото излетал од патот, следува пријава

На 02.09.2026 во 16:13 часот, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода Д.Б.(67) од с.Кадрифаково, светиниколско. 

Возач од светиниколско возел без дозвола и под дејство на алкохол и со возилото излетал од патот, следува пријава

Претходно, тој со патничко возило „форд“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал во село Кадрифаково, излетал надвор од патот.

При преземање мерки било констатирано дека го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,09 промили алкохол во крвта, без да поседува важечка возачка дозвола и со измината важност на сообраќајната дозвола. Извршен е увид, за настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожарот од Грачани го покри Скопје

На територија на Град Скопје има еден пожар, што ноќеска се чувствуваше на територија на главниот град.

Пожарот од Грачани го покри Скопје

Според центарот за управување со кризи пожарот е навлезен од косовска страна пред два дена кај селото Грачани – Ѓорче Петров. Пожарот не загрозува населени места. Горат ниска смрека и грмушки. Синоќа ветерот дуваше во насока на Скопје и чадот од пожарот што е активен на косовска и на македонска територија.

Скопските пожарникари во текот на целата ноќ беа на делови на линијата на пожарот но поради тешко пристапниот терен гаснењето во текот на ноќта беше отежнато или невозможно. Скопските пожарникари во текот на целата ноќ беа на делови на линијата на пожарот, но поради тешко пристапниот терен гаснењето во текот на ноќта беше отежнато или невозможно. Утрово продолжува со гаснење на пожарот со засилен број на пожарникари, а воздушна поддршка даваат и два ер трактори на ДЗС, еден полициски и еден армиски хеликоптер. Во текот на вчерашниот ден имаше 31 пожар на отворен простор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер