Македонските јаболка најпогодени од руските санкции, неизвесен извозот и на праската и црешата - Канал 5

Македонските јаболка најпогодени од руските санкции, неизвесен извозот и на праската и црешата

​Јаболката, праските и црешите се најпогодени од забраната за увоз на македонското овошје што ја воведе Русија. 

Македонските јаболка најпогодени од руските санкции, неизвесен извозот и на праската и црешата

Забраната стапи во сила кон крајот на минатата година, а надлежните интензивно работат на нејзино укинување и се надеваат дека тоа ќе се случи до пролет. Во меѓувреме, велат, многу е тешко да се најдат алтернативни пазари за овие три култури.

Според Трајан Димковски од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), на рускиот пазар годишно извезуваме околу 15 000 – 20 000 тони конзумно јаболко што е 50 проценти од вкупниот извоз, праска пласираме 60 отсто од вкупниот извоз, додека производството на цреша во целост оди за Русија.

-Земјава годишно на рускиот пазар извезува околу 15 000 – 20 000 тони конзумно јаболко прва класа или 50 проценти од вкупниот извоз што е многу значајно. Се надеваме дека забраната ќе биде тргната. Следна е праската од чиј вкупен извоз 60 отсто оди исто така на рускиот пазар, а најлошата варијанта важи за црешата, која стопроцентно се извезува во Русија, буквално целото производство од 1 000 – 1 500 тони. Алтернативни пазари тешко може да се најдат за сите овие три култури, изјави Димковски.

Тој денеска, на брифинг со новинарите, потенцира дека иако е „мртов период“, забраната за извоз сепак, најмногу ја погаѓа јаболката.

-До пролет се надеваме дека може да се средат работите. За нас ќе биде многу лошо ако праската остане под забрана за извоз. За праската е многу тешко да најдеме алтернативен пазар, конкуренцијата од страна на Грција е огромна зашто имаат посебни сорти. Од околу 8 000 – 12 000 тони домашно производство на праска, 5 000 – 6 000 тони одат на рускиот пазар. Ако се среди ситуацијата до мај, нема да има проблеми со пласманот. Во врска со јаболкото, оние земјоделци кои ја сфатија пораката пред многу години дека „ајдаред“ тешко ќе се пробие на нови европски пазари, го сменија сортиментот и сега имаат извоз не само на европски, туку и на други пазари. „Ајдаред“ не поминува, може да помине само во арапските земји, на Истокот, на рускиот пазар,..., а овој тип јаболка зафаќа до 80 проценти од нашиот сортимент и најверојатно ќе оди за преработка. Само така ќе се извезе, но по многу пониска цена. Моментно, пет денари за килограм е индустриското јаболко, а осум до десет е конзумното, објасни Димковски.

Во моментов, додаде, земјоделците молат да ги дадат јаболката во индустријата.

-Минатите години ги завршувавме со 50 отсто предаден род во преработувачките капацитети што е недозволиво и економски неоправдано. Годинава ќе видиме како ќе биде. Индустрија има во секое производство, но до 20 отсто. Всушност, затоа е и мерката за поддршка на добар дел од јаболката со по три денари за килограм, што ја опфаќа целата реколта, од 15 септември 2022 до 15 мај 2023 кога се предаваат количините на домашните откупувачи, додаде Димковски.

За праската имаше слична забрана од руска страна и пред три години.

-Се надевам дека како тогаш, и годинава ќе се тргне забраната пред бербата. Работиме на тоа заедно со Македонско-руската комора, подвлече Димковски.

Во Русија извезуваме и зелка, но во незначителни количини, околу осум отсто од производството, додека во Украина два процента. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бела Хадид позира топлес во сауна (ФОТО)

Една од најпознатите манекенки, Бела Хадид (30), повторно го привлече вниманието со своите објави на социјалните мрежи.

Бела Хадид позира топлес во сауна (ФОТО)

Овој пат, таа сподели фотографии од луксузен велнес-центар, при што особено се издвојува една на која се гледа како вежба во сауна, без горниот дел од облеката.

На Инстаграм, манекенката даде увид во својата рутина за вежбање и релаксација. На една од фотографиите, таа е свртена со грб кон камерата, облечена само во црни шорцеви, додека изведува вежба со тег. Нејзината руса коса е собрана нагоре, подалеку од лицето.

Вежбање, сауна и масажа

Бела престојуваше во велнес-центар управуван од спортскиот бренд „Alo“, со кој таа соработува. За време на посетата, таа испроба неколку видови тренинзи, вклучувајќи пилатес на реформер, вежби со тегови и кардио вежби.

На други фотографии, таа ги покажа спортските комбинации што ги носеше за време на тренингот, вклучувајќи розов комплет составен од спортски градник и шорцеви.

По физичката активност, денот продолжи во порелаксиран ритам. Манекенката позираше во бордо бикини без прерамки додека беше во сауна, а подоцна направи „селфи“ пред огледало, завиткана во голем бел пешкир. Својот велнес-ден го заокружи со масажа.

Неодамна го прослави својот 30-ти роденден

Овие нови фотографии доаѓаат само неколку дена откако Бела го прослави својот 30-ти роденден на 9 октомври. По тој повод, таа исто така привлече внимание со објава на Инстаграм на која позираше во црвено бикини, изработено специјално за неа. На горниот дел од костимот за капење стоеше бројот 30, додека долниот дел беше украсен со нејзиното име. Изгледот го надополни со розево-бел фустан и каубојски чизми.

Покрај фотографиите од роденденот, таа наведе дека наполнила 30 години, а нејзините следбеници – како и бројни пријатели од светот на славните – ѝ упатија честитки во коментарите.

Ново поглавје во животот

Во последните месеци, Бела повторно се најде во центарот на вниманието, делумно поради нејзиниот приватен живот. По разделбата со професионалниот јавач Адан Бануелос – со кого беше во врска од 2024 година – медиумите почнаа да ја поврзуваат со Нејтан Лејси од Колорадо. Таа јавно не ја потврди оваа нова врска.

Покрај приватниот живот, таа привлекува внимание и со своите професионални ангажмани. Минатата година, таа ја замени својата препознатлива кафеава коса со платинесто-руса нијанса, а се испроба и во актерството, појавувајќи се во хорор-серијата „The Beauty“.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница завршија без проблеми

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изборниот процес во општина Брвеница заврши во најдобар ред, без нарушување на јавниот ред и мир и без ниту еден инцидент.

МВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница завршија без проблеми

МВР во текот на целиот ден презеде мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес, како и гарантирање на безбедноста на граѓаните и одржување на поволна безбедносна состојба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Крст падна врз свештеник за време на миса и го усмрти (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Католички свештеник почина во црква во Еквадор откако врз него падна крст закачен на ѕидот, за време на миса која се пренесуваше во живо преку интернет, објави денеска порталот „InfoVaticana“.

Крст падна врз свештеник за време на миса и го усмрти (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Надбискупијата во Гвајакил истиот ден објави соопштение, во кое се наведува дека отец Санчез Молинари – кој служел како парохиски свештеник во црквата „Богородица од Постојана Помош“ – „заминал во домот на Отецот за да ужива во Неговото присуство и слава“.

Од Надбискупијата упатија молитви за покој на неговата душа и изразија солидарност и сочувство до заедницата, неговото семејство и пријателите.

Во соопштението на Надбискупијата не беа наведени околностите под кои свештеникот починал.

Според мексиканскиот весник „El Heraldo de Mexico“, свештеникот служел секојдневна миса – која се пренесувала во живо преку неговиот профил на социјалните мрежи – кога, околу 27-мата минута од преносот, крст закачен на ѕидот зад него се откачил и паднал врз него. Од истиот медиум на социјалните мрежи наведоа дека на снимката се слушаат извиците на верниците кои присуствувале на мисата.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ВИДЕОТО Е СО ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер