Снег во поширокиот дебарски регион, засега не создава проблеми во сообраќајот - Канал 5

Снег во поширокиот дебарски регион, засега не создава проблеми во сообраќајот

Повеќе снег има кон Маврово.

Снег во поширокиот дебарски регион, засега не создава проблеми во сообраќајот

По врнежите од дожд изминатите денови, во поширокиот дебарски регион освен во повисоките населени места, од попладнево снег паѓа и во Дебар.

Освен убавината што со себе ја носи, засега, снегот не создава проблем во нормалното одвивање на патниот сообраќај. Сепак, се препорачува внимателно возење поради влажните коловози.

-На подрачјето што покрива нашата единица сообраќајот се одвива непречено но по влажни коловози, на кои не се задржува снег. Нашите екипи се подготвени доколку има потреба да интервенираат. Имаме доволно абразивен материјал, сол и песок и нема никаков проблем. Сепак, поради влажниот коловоз, препорачуваме внимателно возење и строго почитување на сообраќајната сигнализација, изјавија за МИА, од дебарската секција на ЈП за одржување на регионални и магистрални патишта.

Додаваат дека повеќе снег има на подрачјето кај Трница и Маврово, каде снегот се задржува и на коловозот.

Под надлежност на дебарската секција се делницата Дебар-Жировница, на патот кон Маврово, Дебар-Глобочица, кон Струга, патот Мелнички Мост-Центар Жупа, кракот од Бошков мост кон селата од Мала Река, како и патот кон граничниот премин „Блато” или во должина од околу 120 километри.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Нов потпорен ѕид во градинката „Кочо Рацин", инвестиција од 5,99 милиони денари

Општина Центар информира дека во кругот на градинката „Кочо Рацин" се отстранува стариот потпорен ѕид и на негово место се гради нов со должина од 37,26 метри и висина од 3,6 метри.

Герасимовски: Нов потпорен ѕид во градинката „Кочо Рацин", инвестиција од 5,99 милиони денари

Станува збор за ѕид кој беше стар 25 години, кој сега ќе биде заменет со конструкција од армиран бетон, со темели пошироки од претходните.

„И ова лето вложуваме во воспитно-образовната инфраструктура. Во моментов се работи и на поставување нова енергетски ефикасна фасада на училиштето „Кирил и Методиј", следно е спортската сала во училиштето „Коле Неделковски" и „Гоце Делчев“, а во тек се и санации во ООУ „Димитар Миладинов", рече градоначалникот Герасимовски.

Изградбата на ѕидот се изведува по сите важечки стандарди, со посебно внимание на квалитетот на материјалот и техничката изведба. Проектот е вреден 5.992.394,00 денари и ќе биде целосно завршен во рок од еден месец.

Со оваа инвестиција, Општина Центар продолжува со континуираниот процес на подобрување на инфраструктурата во училишните и предучилишни установи на својата територија.

Со почит,

Одделение за односи со јавност

Општина Центар - Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Скопје има градоначалник на екскурзија - исто како и неговиот шеф!

Орце Ѓорѓиевски, еден од најблиските соработници на Мицкоски, исто така е на екскурзија.

СДСМ: Скопје има градоначалник на екскурзија - исто како и неговиот шеф!

Како што шефот ја води државата, како на екскурзија, така и Орце го води Скопје - место каде што главна активност се тендерите.

Сѐ уште нема одговор:

• Колку чинеше AI-решението за билбордот? (Веруваме дека е поскапо од вообичаено, бидејќи коњот на билбордот има пет нозе).

• Која фирма го работеше?

• Дали таа фирма има врска со Орце?

• Како е можно билборд што треба да го промовира Скопје повеќе да го промовира Белград и Храмот Свети Сава?

Нема одговор ни за водата.

Не знаеме што покажа дронот што од воздух ги испитуваше Лепенец и Вардар - кој ги загади реките?

Единствено што добија граѓаните од Орце е апел да си го чистат градот од ѓубре,

затоа што тој не е способен да го направи тоа.

Тоа е сѐ што доби Скопје од Орце Ѓорѓиевски: екскурзии, скапи AI-билборди со петножни коњи, промоција на Белград и апел граѓаните сами да си го чистат градот.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министрите за внатрешни работи на ЕУ денеска ќе имаат итни разговори за безбедноста на европските граници

Фон Дер Лајен, повика на „обединета акција“ за безбедноста на границите по хаотичниот прилив на десетици илјади мигранти од Мароко.

Министрите за внатрешни работи на ЕУ денеска ќе имаат итни разговори за безбедноста на европските граници

Претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон Дер Лајен, повика на „обединета акција“ за безбедноста на границите по хаотичниот прилив на десетици илјади мигранти од Мароко во шпанската енклава Сеута минатата недела.

Шпанија проценува дека околу 69 илјади и 500 мигранти сега се вратиле во Мароко, што ги надминува првичните проценки од 50 илјади. Официјалниот број на жртви од шпанската страна на границата изнесува 72, со 11 смртни случаи од мароканската страна. Денеска министрите за внатрешни работи на ЕУ ќе имаат итни разговори преку видеоконференција за да разговараат за ова прашање. Сцените во сеута ги затегнаа односите меѓу некои од 27-те земји-членки на ЕУ. Во писмо до шпанскиот премиер Педро Санчез, Фон Дер Лајен го пофали неговото „брзо справување“ со кризата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер