Смртноста од морбили зголемена за 40 отсто во светот поради мал број вакцинирани - Канал 5

Смртноста од морбили зголемена за 40 отсто во светот поради мал број вакцинирани

Бројот на смртни случаи од мали сипаници во светот минатата година се зголеми за цели 40 отсто, бидејќи за време на пандемијата на коронавирусот, бројот на вакцинирани луѓе драстично се намали .

Смртноста од морбили зголемена за 40 отсто во светот поради мал број вакцинирани

Бројот на смртни случаи од мали сипаници во светот минатата година се зголеми за цели 40 отсто, бидејќи за време на пандемијата на коронавирусот, бројот на вакцинирани луѓе драстично се намали - се вели во извештајот објавен од Светската здравствена организација (СЗО) и американскиот Центрите за контрола и превенција на болести.

Оваа многу заразна болест минатата година предизвика епидемии во 37 земји во светот, што е значително зголемување во споредба со епидемиите во 22 земји во 2021 година. Случаите со сипаници, исто така, се зголемија за речиси 20 проценти, бидејќи нивото на вакцинација падна на 15-годишното минимум за време на пандемијата, се вели во извештајот. Девет милиони деца се разболеле минатата година од сипаници, а 136.000 починале, главно во посиромашните земји. Децата со најголем ризик се во земјите во развој во Африка, Југоисточна Азија, Јужна Америка и Индија. Во извештајот се вели дека стапките на имунизација во посиромашните земји сега се околу 66 проценти, „нема закрепнување од падот за време на пандемијата“.

Бројот на пациенти е зголемен во последните години и во некои богати земји. Здравствените власти во Велика Британија во јули предупредија дека постои исклучително висок ризик од појава во Лондон, при што некои области на главниот град известија дека само 40 отсто од децата биле вакцинирани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Клековски се сретна со повредените од „Пулс“

Министерот за здравство Сашо Клековски синоќа имал средба со повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Тој самиот информираше за средбата на неговата фејсбук-страница.

Клековски се сретна со повредените од „Пулс“

– Државата е тука – на долги стази – нагласува Клековски во објавата.тој посочува дека разговарале за нивната состојба, за потребите и за грижата што им е потребна и понатаму. Ги најавив можностите и следните чекори. Со нас беа и д-р Катарина Мирчовска и д-р Гордана Георгиева, од работната група на министерство за здравство, чија цел е оценка, советување, организација и следење на третманите на секој пациент. Тоа е основа за натамошна грижа прилагодена на потребите на секој од нив. На средбата присуствуваше и градоначалникот на Кочани, Вадко Грозданов – додаде министерот во објавата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кристијано Роналдо казнет со 255 евра!

Фудбалската федерација на Португалија покрена дисциплинска постапка против Кристијано Роналдо, а тој е и парично казнет поради својот испад. 

Кристијано Роналдо казнет со 255 евра!

Од федерацијата соопштија дека Роналдо е суспендиран од националниот тим во траење од 30 дена, како и дека е должен да плати 255 евра. Да, добро прочитавте – 255 евра, а не 255 илјади евра.

Роналдо, всушност, призна дека ја заслужил казната, но нема сомнеж дека таа е далеку под очекувањата со оглед на инцидентот што го предизвика.

Роналдо дебитираше за Португалија во 2003 година, а досега има одиграно 234 натпревари и постигнато 146 голови. Со националниот тим, тој го освои Европското првенство во 2016 година, како и трофеите во Лигата на нации во 2019 и 2025 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: Време е некој друг да преговара во име на Украина, можна е средба со Путин и Си Џинпинг

Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини украинскиот лидер дека не сака да ја заврши војната. Тој истакна дека Украина, во просек, губи од 25.000 до 35.000 војници секој месец.

Трамп: Време е некој друг да преговара во име на Украина, можна е средба со Путин и Си Џинпинг

Москва не гледа можност за завршување на војната без учество на „некој претставник од Киев“ кој е подготвен да „преземе одговорност“, соопштија од Кремљ.

Украинскиот преговарачки тим добил сигнал од американската страна за подготвеност за одржување средба, а разговорите би можеле да се одржат во вторник или среда, изјави претседателот Володимир Зеленски.

Во меѓувреме, американскиот претседател повторно го обвини Зеленски дека не сака да ја заврши војната и дека не прави многу за да помогне. Тој сугерираше дека можеби е време некој друг да преговара во име на Украина.

„Овој конфликт можеше да биде решен уште одамна. Да ме беше послушал – се сеќавате ли како беше во Овалната соба? Ова можеше да се реши уште пред многу време. Време е некој друг да преговара во име на Украина. Можеби е време Украина да номинира некој друг, а не Зеленски, за мировните преговори“, им рече Трамп на новинарите пред Белата куќа.

Според Трамп, Русија се однесувала соодветно кон Украина: „Искрено кажано, Русија се однесуваше сосема нормално кон Украина. Не направија ништо што би било надвор од вообичаеното“.

Тој најави дека е отворен за разгледување на можноста за трилатерална средба со рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг. „Би разговарале за нуклеарното оружје и нуклеарното разоружување. Ако претседателот Си сака да се одржи средбата, јас би учествувал“, рече Трамп.

Папата Лав XIV го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски да соработува со цел да се овозможи достава на хуманитарна помош и евакуација на цивили од Олешки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер