Сметководителите со конкретни барања за помош, евидентиран пад на прометот до 20 проценти

Мерки за поддршка треба да се донесат веднаш.

Да се плати административна такса за документите потребни за аплицирање на повикот за бескаматната поддршка на фирмите објавен вчера, а Развојната банка да ги обезбеди електронски, по службена должност, за да намалат дополнителните трошоци, времето и ризикот по здравјето на сметководителите.

Ова е едно од барањата што го испорача денеска Комората на сметководители на Македонија.

Комората на прес-конференција предупреди дека состојбата во овој сектор станува алармантна зашто голем број компании за кои се вршат сметководствени услуги, најавуваат затворање на своите бизниси.

Според досегашните податоци, како што беше речено, за јануари и февруари е евидентиран пад на прометот меѓу 15 – 20 отсто, а заклучно со 11 март има компании кои работат со отпуштени работници и кои бележат пад на прометот до дури 40 проценти.

-Мерки за поддршка треба да се донесат веднаш. Предлагаме пролонгирање на роковите за поднесување даночни поднесоци и останати извештаи 30 дена по престанок на вонредната состојба, поврат на повеќе платеното ДДВ од страна на државата да се скрати од 30 на 20 дена, укинување на обврската за плаќање месечни аконтации на данок на добивка, а добивката доколку ја има да си ја платат компаниите редовно следната година. Истото да важи и за данокот на личен доход за засегнатите дејности за 2020 со што се подобрува ликвидноста и се обезбедува на крајот на годината – данокот да го платат врз основа на реалниот резултат, кој поради пандемијата ќе биде понизок од оној во 2019, а кој се зема како база за пресметка на аконтациите, нагласи претседателот на Комората, Драган Митковски и аплеира, оние што можат, однапред да платат данок на добивка.

Според него, потребно и е целосно укинување на сите затезни камати, не само нивно намалување, сервисирање на долгот по основ на сите даноци во наредните 12 месеци по завршување на вонредната состојба.

-Дополнително, потребно е субвенционирање на плати и придонеси во сите сектори, не само во туризам, транспорт и угостителство како први директно погодени, како и донесување закон за кризен данок и фискална контрола во кризни ситуации со времетраење од шест до осум месеци. Со ова ќе се води контрола на профитерство во кризни моменти како и ќе даде можност за менаџирање на приходната и расходна страна на буџетот, истакна Митковски.

Тој информира дека во Комората на сметководители во тек е акција за прибирање средства со кои ќе се обезбедат хигиенски препарати, заштитни маски и ракавици, кои ќе се донираат на некои од ранливите категории. Членовите на Комората се на располагање на државните институции за про-боно помош, особено за анализа на флуктуациите во економијата и изготвување на акциски план.

Александра Андреева, член на УО на Комората на сметководители, укажа дека во услови кога сите светски економии за повеќе месеци ги одложуваат роковите за поднесување даночни поднесоци и останати извештаи за да се намали движењето на луѓе и размената (контактот) со документи, сметкодоводителите во земјава се соочуваат со одложувања од само неколку дена, како и со објавување на евентуална ваква одлука ден пред истек на рокот.

-Со ова постојано сме во неизвесност. И во услови кога заради почитување на препораките и мерките за заштита работиме со намален човечки и временски капацитет, и ние, и целото стопанство, невозможно е да обезбедиме навремено и точно запазување на овие обврски без одложување, изјави Андреева.

Комората бара, при носењето на мерките, Владата и надлежните институции да ги имаат предвид и сметководителите кои го носат најголемиот дел од товарот во спроведувањето на мерките во пракса.

Италија активира воен авион за да спаси бебе во Британија

Италијанската влада испрати медицински тим со воен авион да го собере новороденчето од болницата во Бристол и да го донесе на лекување во Италија.

Необичниот потег дојде откако родителите на момчето изјавија дека лекарите во Британија не можат ништо да направат за нивното дете.

Бебето, кое има неполн месец, имало сериозно оштетување на срцето и итно е пренесено во Италија на понатамошно лекување. SkyNews наведува дека родителите се по потекло од Италија и Нигерија, но живеат во Британија.

Италијанската влада објави дека „детето има многу сериозни срцеви малформации“ и дека интервенирале затоа што Кралската детска болница во Бристол повеќе не можела да направи ништо за момчето.

Италијанскиот адвокат и поранешен сенатор Симоне Пилон рече дека болницата била на работ на правна постапка со родителите поради прекинот на лекувањето, но тоа било прекинато пред да започне сослушувањето во Високиот суд, во корист на соработката со италијанската влада.

Пилон, кој претходно интервенираше за да им помогне и на другите родители да ги однесат своите деца на лекување во Италија, го нарече ова значаен случај во педијатриската грижа.

Тој рече дека со тоа се отвора патот на децата да им се понуди лекување во странство, без родителите да бидат изведени на суд.

„Верувам дека ако најдеме начин да соработуваме во најдобар интерес на децата, сите ќе победиме - нема губитници“, рече тој.

Пилон им се заблагодари на болницата и на британските лекари и во негово име и во име на семејството на момчето.

Од болницата во Бристол соопштија дека соработувале со детската болница Бамбино Гесу за да се обезбеди безбедно префрлање на бебето во Рим.

Електричниот Lotus Evija X го направи третиот најбрз круг на Нирбургринг (ВИДЕО)

Lotus Evija X, мошне модифициран и уникатен електричен хиперавтомобил, го помина германскиот Нирбургринг за само 6 минути и 24.047 секунди, а Lotus верува дека тоа може да го направи уште побрзо.

Овој пат го прави третото најбрзо возило досега што ја покривало патеката, зад само наменските тркачки автомобили.

Lotus објави многу малку технички информации за Evia X, кој е наведен како прототип во официјалната табела за рекорди во Нирбургринг.

Измените вклучуваат екстремни аеродинамични надградби и соголена внатрешност, фокусирана на перформанси.

Автомобилот наводно ги има истите батерии и електрични мотори како и патничката верзија, што значи 1500 kW/2039 КС и 1704 Nm вртежен момент.

Единствените автомобили побрзи од Evia X се Volkswagen ID.R (6:05.336 минути) и Porsche 919 Hybrid Evo (5:19.546 минути), и двата произведени од основата како тркачки автомобили.

Лотус верува дека Evija X може да постигне подобро време на Нирбургринг. Производителот известува дека возењето било забележано на влажен ден, па очекувањата биле мали. Сепак, кругот беше доволно добар, што Лотус сакаше да го сподели.

Во моментов не е јасно што планира производителот да направи следно со Evia X. Довербата на Lotus сугерира дека може да се обиде да ги подобри времињата на круговите или да се обиде да постави рекорди на кругови на различни патеки. Исто така, може да претвори уникатен автомобил во специјално издание.

Пендаровски: Во Крушево дојдов за да ви кажам дека и тука и во цела Македонија ќе победиме

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски денеска ја продолжи кампањата со средба со жителите на Крушево.

„Борбата почнува од нула, како да немало прв круг“, рече Пендаровски пред крушевчани негирајќи ги обвинувањата на опозицијата дека ќе го бојкотира вториот круг од претседателските избори.

„Дали е логично да дојдам јас во Крушево, ако мислам да бојкотирам? Јас мислам со сите вас да победам! Кој сака нека бојкотира, ниту сум бојкотирал 2014-та, ни 2019-та, ни 2016-та, ни оваа 2024-та нема да бојкотирам. Тие нека му ја мислат за крајниот резултат. Ние сите го знаеме и наместо бојкот ние ќе прославуваме’, истакна Пендаровски денеска во Крушево,соопшти неговиот тим.

притисни ентер