Дисциплинска комисија ќе одлучува дали сестрата што пресече прст на бебе пак ќе работи со новороденчиња
1Дисциплинска комисија ќе одлучува дали сестрата што пресече прст на бебе пак ќе работи со новороденчиња
МакедонијаСлужбеничка во О. Кочани е повредена на денешната седница на Советот во инцидент меѓу советнициСлужбеничка во Општина Кочани е повредена на денешната седница на Советот, во инцидентот во кој учествуваа советникот Аки Акиов од ПДПР и советникот од ВМРО-ДПМНЕ Васе Алексов.Службеничка во Општина Кочани е повредена на денешната седница на Советот, во инцидентот во кој учествуваа советникот Аки Акиов од Партијата за Демократски Просперитет на Ромите (ПДПР) и советникот од ВМРО-ДПМНЕ Васе Алексов. Жестоката рсправија помеѓу двајцата советници околу меѓуопштинската соработка, инспекциските служби и трагедијата, за малку ќе преминеше во физичка пресметка додека градоначалникот и дел од присутните се обидуваа да ја смират ситуацијата. Но тогаш Акиов фрли со шише и ја погоди вработената во општинската администрација. Од МВР потврдија дека сличајот е пријавен. Алексов пријавил дека бил нападнат од колегата советник Акиев по претходно недоразбирање, на повредената службеничка и е укажана здравствена помош а полицијата презема мерки расчистување на случајот по што ќе следи соодветна пријава. Од СДСМ го осудија од инцидентот и се оградија од постапките на советникот за кој велат дека не е нивни член туку коалициски партнер. “Сценариото на неколку седници наназад вклучуваше навреди на етничка, верска и лична основа, погрдни зборови упатени не само кон поединци, туку и кон целата ромска заедница. Советникот Васе Алексов од ВМРО-ДПМНЕ беше најгласен во навредите и погрдните зборови и тоа го знаат сите советници.“ - велат од партијата. Од ВМРО ДПМНЕ пак прашуваат дали градоначалникот Венко Крстевски и СДСМ се нарачатели на насилството во советот и бараат негова оставка. Дали најголемите поддржувачи на Аки Акиов-го користат за со насилство да ја водат општината! Заслепени од привремената власт, в.д. градоначалникот Венко Крстевски и СДСМ – изгледа дека и се режисери на агресијата и поделбите во Кочани. В.д градоначалникот на Кочани Венко Крстевски вели дека општината се соочува со опструкции и нема да дозволи физички пресметки во советот. Во меѓувреме продолжуваат и партиските обвинувања за трагедијата. СДСМ обвини дека преку фирма во сопственост на сопруга на началникот на СВР Штип биле исплаќани паушали за полициска заштита на локали меѓу кои и дискотеката Пулс. Сопственичката на фирмата Салтировски консалтинг демантира поврзаност со компаниите а премиерот Мицкоски обвинувањата на СДСМ ги нарече некрофилски обид да се искористи трагедијата. “Што се однесува до политичката кампања околу донациите тоа може да биде уште еден доказ повеќе дека нема селективност за разлика од случајот со модуларната болница, Ласкарци, Беса Транс, кога до ден денеска имаме привилегирани, би рекол директни или индиректни актери во тој случај. И јас навистина го повикувам ЈО така ревносно да се позанимава и за овие случаи.“ - изјави Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКопман: Блокадата е кај Скопје, без уставни измени нема почеток на преговориМакедонија напредува во реформите, но без уставни измени процесот не може да продолжи. Топката е кај Скопје, порачува Генералниот директор за проширување и источно соседство во Европската комисија, Герт Јан Копман. Во интервју за „Балканс дебриф“ на Атлантскиот совет, високиот европски дипломат признава дека Македонија предолго чека и оти се соочила со многу билатерални прашања, но вели дека ставот на Брисел е јасен и инкорпориран во европските документи. -Постои ли надеж за надминување на блокадата во Советот и дали Комисијата може нешто да направи во оваа фаза? - Дозволете ми да ве коригирам, ќе ми простите Илва. Блокадата не е во Советот. Блокадата е во самата држава. Земјата точно знае што треба да направи за да ги отвори преговорите, а тоа, во суштина, е промена на Уставот. Тоа е бугарското вето? -Не станува збор само за бугарско прашање. Ова е став на ЕУ. Тоа е дел од заклучоците на Советот. , изјави Герт Јан Копман, генерален директор за проширување и источно соседство на ЕК. Копман во интервјуто потсетува дека земјава треба да усвои и патокази и акциски план за малцинствата, за кои оцени дека се во напредна фаза на подготовка. Го пофали напредокот во однос на реформската агенда, но и наспроти тоа, вели имате нула напредок за суштинскиот почеток на преговори по кластери. -Земјата е способна за реформи. Оваа година постигна многу добар напредок во Планот за раст, што всушност значи дека направи многу тешки реформи. Прашањето сега всушност е да се адресира прашањето за уставните измени сериозно. Таа не е блокирана од земја – членка. Таа е блокирана бидејќи, досега, не сака да го направи она што знае дека треба да се направи. Топката е кај Скопје? –Апсолутно. , вели Копман. Интервјуто на Копман е дадено неколку дена пред Форумот за проширување во Брисел, во чии рамки тој се сретна со премиерот Мицкоски. По средбата, Мицкоски објави дека во фокусот на разговорот биле европската перспектива, реформските процеси и следните чекори во пристапуваето кон ЕУ. Македонскиот премиер, пак, од Форумот во Брисел порача дека Македонија останува посветена на европскиот пат и покрај условот за Уставните измени, наместо да се вреднува реформскиот напредок. Тагови: ЕУ уставни измени Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНов Кривичен законик: Построги казни за корупција и јавни набавки, се чека БриселМинистерството за правда го чека мислењето на Европската комисија за предлог-новиот Кривичен законик. По добивањето на забелешките од Брисел, се најавуваат јавни расправи, а очекувањата се законот во декември да се најде пред пратениците.Една од дилемите е дали со новиот Кривичен законик конечно ќе бидат отстранети штетните последици од измените во 2023 година, на кои Европската комисија предупредуваше во своите извештаи? Тогаш беа намалени казните за одредени корупциски дела, а беше избришано и посебното дело за злоупотреба при јавни набавки. Од работната група која работеше на законот велат дека во новиот текст е интервенирано токму во овие области. -Во оваа насока беше интервенирано во делот на службената должност, посебно нели делот во којшто зборуваме за злоупотребата, со посебна нагласка злоупотреба на службената должност и овластување. А во оваа насока ние како експертска група нели одговорна за новите измени и дополнувања на КЗ, освен тоа ние реагиравме и во делот на последниот извештај во којшто Европската комисија дава забелешка во врска со злоупотребите при јавни набавки. Така што во овој контекст ние воведовме едно ново кривично дело со новиот Кривичен законик, членот 461, злоупотреба при јавни набавки или договори за јавно-приватно партнерство, во кое освен другото ние ги зголемивме и казните при вакви злоупотреби,- изјави – Африм Османи – Универзитет во Тетово. Но дел од правните експерти се сомневаат дека повисоките затворски казни се доволни за да се сузбие корупцијата. Адвокатот Звонко Давидовиќ смета дека суштината не е само во висината на казната, туку во тоа дали законот ќе се применува еднакво кон сите и дали ќе се одзема имотот стекнат со криминал. -Во ред е што се зголемуваат казните но тоа нема да ја сузбие корупцијата. Корупцијата ќе ја сузбие само сериозно применување на законот кон секого и „чистење“ на институциите од влијание на политиката. Тоа е законски „шминкерај“. Подобро осудете некој на 3 години наместо осум, ама земете и конфискувајте му го тоа што го зел,- изјави – Звонко Давидовиќ – Адвокат ( Само Вистина 18.11.2026). За злоупотреба на службената положба се предвидуваат казни од шест месеци до пет години, а зависно од прибавената корист или причинетата штета, казните може да достигнат и до 15 години затвор. За злоупотребите при јавни набавки, казните се движат од една до пет години, а во потешките случаи достигнуваат до 15 години затвор. Меѓу новините во предлог-законикот е и воведувањето кривично дело загрозување на стабилноста на банкарскиот систем. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
МакедонијаФакултетите на УКИМ и Ректоратот добија струја, но со рок за плаќање до крајот на неделатаМинистерката за образование Весна Јаневска не била запознаена со тоа дека четири факултети и ректоратот на УКИМ вечера останале без електрична енергија поради неподмирени сметки. При посетата на Филозофски контатираше дека на УКИМ денеска струја има, но не негираше дека неколку високообразовни установи имале долгови за електрична енергија, но тврди дека тие редовно се сервисирале. Долговите кон ЕВН ќе се пополнуваат преку ребалансот на буџетот. Во текот на вчерашниот ден поради неплатени сметки во повеќечасовен мрак останаа Машинскиот, Електротехничкиот, Природно-математичкиот и Земјоделскиот факултет, како и зградата на Ректоратот. Електричната енергија денеска е повторно пуштена, а дел од факлутетите тврдат дека сами си ги подмириле сметките. Јаневска пак уверува дека високообразовните установи немаат причина да стравуваат од нови исклучувања на електричната енергија. Исклучувањето на струјата во дел од универзитетските објекти наиде на остри реакции кај дел од партиите. Од либерално демократската младина посочуваат дека е срамно во ера на дигитализација, македонските универзитети да се соочуваат со прекин на електричната енергија и да се доведува во прашање одржувањето на настава. Бараат итна одговорност за натрупаниот долг кон ЕВН. Тагови: УКИМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook