Случајот со врсничкото насилство во Ѓорче Петров го вклучи алармот - има ли начин како да се превенира? - Канал 5

Случајот со врсничкото насилство во Ѓорче Петров го вклучи алармот - има ли начин како да се превенира?

Случајот со врсничкото насилство во Ѓорче Петров го вклучи алармот и кај дел од стручната јавност која бара построги казни, повеќе психолози и педагози во училиштата и поголема одговорност од родителите.... 

Случајот со врсничкото насилство во Ѓорче Петров го вклучи алармот - има ли начин како да се превенира?

Да има казни, функционални и цивилизирани казнено-поправни домови, стручни лица, образовни асистенти, уште повеќе педагози, психолози, дефектолози, служби за детектирање метал и оружје при влез во училиште, смета Татјана Алексиќ, која предава во Средното училиште „Раде Јовчевски-Корчагин“. Потребна е цела флота, бидејќи случајот со девојчето кое било брутално малтретирано и горено со цигари покажува дека алармот за тревога одамна ѕвони, вели Алексиќ и појаснува дека не треба да се чека да дојде до некој вооружен инцидент во училиште и кај нас за да се работи на превенција на насилството помеѓу младите.

„Ни треба флота, ние имаме педагошка служба и во основното и во средното образование, меѓутоа ни треба поголемо засилување. Треба да се вратат оние цивилизирано казнено-поправни домови, бидејќи вака ни е поради неказнената политика. Овие работи не можат да поминуваат без казна. Невозможно е, виктиматизацијата на тие деца ја забораваме. Крајно време е да се превземе нешто, ова не е ѕвоно за тревога, туку веќе минато свршено време. Да се детектираат и малолетниците. Ако некој гори цигара од кожата на соученик, значи пуши. Родителите треба да знаат дека децата им пушат и се дрогираат и да превземат мерки. Тие се виновни, се знае дека нема виновно дете (до 18 години). И Кецмановиќ (Коста Кецмановиќ, момчето кое на 3 мај 2023 година уби девет ученици и еден училишен обезбедувач во основно училиште) тоа го знаеше затоа и тоа го направи непосредно пред својот 14-ти роденден.“

Со социјалните мрежи видео снимки сведочат за теророт кој деца го вршат врз деца, но голем дел од жртвите или никогаш не споделуваат што им се случило или за тоа кажуваат после неколку години. За таков случај сведочи психолот Амела Мемиш Апостоловска, мајка на две деца, и двете -жртви на насилство. Нејзината ќерка била изменавана и претепана, а за тоа не кажувала долго време. Иако сега е успешна, има последици и одбива јавно да се афирмира.

„Таа не го искажа тоа веднаш, кога заврши 9-то одделение, дури тогаш сподели со мене што и се случувало. Секако, како мајка почнав да работам на тоа, да се тргне таа траума. Траумата секако може да кажеме дека едноставно не се лечи, или да кажеме, таа останува трајно. За вакви случаи, родителите треба да сносат одговорност, и законска и финансиска, за делата на своите малолетници.“

Освен казни треба да се влијае и на општествената свест, бидејќи во деношно време во мода е да се биде насилник, а вистинските вредности на скромност, почит и емпатија кон различностите никако не се враќаат во тренд кај младите, сметаат психолозите и професорите. Тие имаат и пораки - џабе се кампањи по училници, ако родителот не е едуциран, воспитувањето почнува и завршува дома, а за жал - траумата на жртвите на врсничкото насилство останува!

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американскиот министер за финансии е преселен во воена база поради закани од Иран

Американскиот министер за финансии Скот Бесант неодамна се пресели од својот дом во Вашингтон во американска воена база откако доби закани од Иран по неговиот живот, изјавија во вторник две лица запознаени со ова прашање.

Американскиот министер за финансии е преселен во воена база поради закани од Иран

„Њујорк тајмс“ (NYT) прв објави за преселбата. Висок разузнавачки функционер во администрацијата на Трамп предупреди во меморандум што го виде Ројтерс кон крајот на минатиот месец дека иранските заговори против американските војници и граѓани се во напредна фаза.

Бесант ја предводи американската кампања за санкции и економски притисок врз Иран од август, наречена Операција Економски егзил, со цел да се принуди Техеран да ги запре нападите врз бродовите и повторно да го отвори Ормутскиот теснец. Клучниот воден пат е во голема мера затворен откако САД и Израел го нападнаа Иран на 28 февруари.

Кампањата за економски притисок, која се спроведува паралелно со американската поморска блокада на иранските пристаништа, вклучуваше санкции против филијали на банки на Блискиот Исток и други финансиски компании кои олеснуваат трансакции со Иран.

„Секретарот нема да биде обесхрабрен од заканите од иранскиот режим и останува посветен на спроведување на операцијата „Економски егзил“ и одржување на блокадата, кои заедно предизвикуваат колапс на иранската економија“, изјави портпаролот на Министерството за финансии на САД во одговор испратен по е-пошта.

NYT објави дека сериозноста на заканите против Бесант не е веднаш јасна.

Извор запознаен со ова прашање рече дека загриженоста за безбедноста во врска со Бесант се зголемила откако Wall Street Journal објавила фотографија од воздух од неговата вила во Џорџтаун, која Бесант ја купил за 12,5 милиони долари кратко време по неговата потврда за секретар на финансии во јануари 2025 година.

Фотографијата овозможила да се одреди куќата на Бесант, по што тој бил преместен во воена база од безбедносни причини, рече изворот, додавајќи: „Медиумите имаат обврска да дејствуваат одговорно во време кога заканите против јавните службеници стануваат сè посериозни“.

Иран претходно негираше дека планира напади врз службеници и граѓани на американска територија.

NYT објави дека американските службеници заклучиле дека способноста на Иран да извршува напади од големи размери во САД и други прекуокеански територии е ограничена.

Илјадници луѓе се убиени, а милиони се раселени во нападите на САД и Израел врз Иран и израелските напади врз Либан за време на војната.

Во нападите на САД и Израел се убиени и високи ирански функционери, вклучувајќи го и врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Порно ѕвездата, Миа Калифа стана заштитно лице на познат бренд (ВИДЕО)

Миа Калифа, поранешна актерка за филмови за возрасни, инфлуенсерка и претприемачка, е новото лице на палестинскиот моден бренд Trashy Clothing, кој ја ангажираше за својата кампања есен/зима 2026. 

Порно ѕвездата, Миа Калифа стана заштитно лице на познат бренд (ВИДЕО)

Кампањата, насловена како „In Divine Trust“, го следи шоуто на брендот во Париз, каде што Калифа исто така прошета по пистата во нивните креации, објавува Hypebae.

Бренд познат по својот неконвенционален пристап кон луксузот

Trashy Clothing е основан од Омар Браика и Шукри Лоренс, а нивниот бренд е познат по својот ироничен пристап кон луксузната мода. Во своите креации, тие комбинираат традиционални техники на занаетчиство, сатира, кич и мотиви од арапската поп-култура, создавајќи облека што не се вклопува во вообичаената модна рамка.

Колекција инспирирана од филмот „Divine Intervention“

Дизајнерското дуо пронашло инспирација за својата нова колекција во филмот „Divine Intervention“ од режисерот Елија Сулејман, кој се занимава со апсурдност и конфликт. Слични теми се провлекуваат низ кампањата снимена од фотографот Пабло Мас.

Во срцето на кампањата е прашањето како моќните луѓе создаваат слика за себе и што се случува кога нивните симболи на моќ повеќе не ги предизвикуваат очекуваните реакции. Оваа идеја продолжува преку соработката со брендот за накит Sheytan, зад кој стои Миа Калифа. Колекцијата накит си игра со разликата помеѓу она што изгледа моќно и авторитативно и вистинското значење што го имаат таквите симболи.

Со новата колекција, Trashy Clothing продолжува да ја користи модата како алатка за преиспитување на воспоставените идеи за идентитетот, моќта и отпорот, со допир на иронија по која брендот е препознатлив.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Силен бран одвлече девојче во морето, додека се шетало на позната плажа (ВИДЕО)

Силен бран изненади девојче и ја одвлекол во морето, а сето тоа се случило на позната плажа во американската држава Орегон.

Силен бран одвлече девојче во морето, додека се шетало на позната плажа (ВИДЕО)

Драматичниот момент е снимен на камера, детето завршило во немирната вода, додека нејзините родители веднаш истрчале да ја извлечат на безбедно, објавува Дејли Меил.

„Не треба да му вртиш грб на морето“

Инцидентот се случил за време на викендот на плажата Канон, кога ненадеен, невообичаено силен бран го зафатил брегот и го соборил девојчето. Видеото го снимила Карин Келси Мадсен, која во тој момент шетала по плажата со својот сопруг.

Видеото покажува како бранот прво го соборува детето, а потоа го одвлекува од нејзината мајка. Бела пена и вода покриваат дел од брегот, додека таткото трча кон девојчето за да го извлече.

„Токму затоа не треба да му вртиш грб на морето“, може да се слушне како вели Карин.

Мајката исто така паднала во водата, и штом станала, истрчала кон девојчето. Во меѓувреме, нејзиниот татко ја достигнал, ја зграбил за рака и ја кренал. Потоа семејството заедно се упатило кон брегот.

Во тој момент, сопругот на Карин Келси Мадсен истрчал кон нив за да провери дали им е потребна помош.

„Во ред е“, одговорила нејзината мајка.

Што се ненадејни бранови?

Авторката на видеото објаснила дека плажата во времето на инцидентот била полна со семејства и деца и дека била особено изненадена од фактот што многумина ги игнорирале предупредувањата на властите да не се приближуваат до водата тој ден.

„Цел ден ги гледавме брановите како носат големи дрвја, додека доаѓаше плимата“, се присетила таа.

Видеото навистина покажува големи парчиња дрво како водата ги влече во морето, на сличен начин како што девојчето било однесено претходно.

Што се ненадејни бранови и зошто се опасни? Тие се силни бранови кои се појавуваат неочекувано и продираат многу подалеку по плажата отколку што би се очекувало врз основа на претходните бранови.

Поради ова, може да ги изненади луѓето на брегот, соборувајќи ги и влечејќи ги во морето, заедно со песок, камења и парчиња дрво.

Овие бранови не се невообичаени на плажата Канон, особено во есенските и зимските месеци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер