Случајот со свлечиштето на градилиште кај католичка под „лупа“ на обвинителството - Канал 5

Случајот со свлечиштето на градилиште кај католичка под „лупа“ на обвинителството

Најстроги санкции, одземање на лиценци и пријави до надлежните институции .

Случајот со свлечиштето на градилиште кај католичка под „лупа“ на обвинителството

Ова се дел од мерките што ги презела о.Центар по инцидентот на булеварот „Теодосиј Гологанов“ во близина на Католичката црква, каде при ископ за изградба на зграда се појави свлечиште, што оштети дел од коловозот, тротоарот, канализациската мрежа и уличното осветлување. Ден по инцидентот, местото е обезбедено со предупредувачки ленти.

- Инцидентот се случил вчера при ископ со багер за изградба на зграда. Откако земјиштето под асфалтот пропадбало, багерот бил затрупан, но за среќа лицето кое го управувало успеало да се извлече навреме.

Низа неправилности при изведбата на објектот, покажал извршениот увид од инспекциските служби од о.Центар, МВР, Државниот градежен инспекторат и Секторот за урбанизам, по што градоначалникот Горан Герасимовски најави најстроги законски казни.

-Од страна на градежниот инспектор на Општина Центар ќе биде побарано одземање на лиценците на одговорните лица вклучени во изградбата, а Општина Центар ќе побара и утврдување одговорност од надзорот и изведувачот на објектот поради несоодветно и несовесно постапување, согласно законските прописи. За случајот ќе следуваат и соодветни пријави и постапки пред сите надлежни институции - велат од О.Центар и додаваат дека за слуачјот го информирале и ЈО кое ќе проверува дали има кривично дело.

На терен излегоа и професори од Градежниот факултет за да изготват стручна експертиза за состојбата и можните ризици. Деканот Јосиф Јосифовски предупреди дека постои опасност и за околните објекти и оцени дека случајот е краен сигнал за воведување построги стандарди и процедури во градежништвото.

-Постојат јасни правила и стандарди, но сепак и покрај тоа ни се случуваат вакви случки како неодамнешната, тоа е повторно затрупување на градежната јама што е краен сигнал дека мора нешто сериозно да се преземе. Неопходно е да се пропишат нови процедури и стандарди кои ќе обезбедат од појавување во иднина на слични настани. За среќа немаме човечки жртви овопат, но имаме опасност од проширување на тоа слекување и на соседните објекти,- Јосиф Јосифовски – декан на Градежен факултет .

Овој случај доаѓа неполн месец по сличниот инцидент во скопска Кисела Вода, каде при ископ за темел на зграда загина едно лице, а тројца беа повредени. За случајот истрага отвори ОЈО од каде велат дека се уште се работи на утврдување на фактиктите и околности и утврдување дали за случајот ќе има кривична одговорност.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Светски познатиот македонски пијанист Симон Трпчески воодушеви со концерт на Хераклеа

Симон Трпчески, светски познатиот македонски класичен пијанист, синоќа одржа концерт во античкиот театар во Хераклеа во Битола.

Светски познатиот македонски пијанист Симон Трпчески воодушеви со концерт на Хераклеа

На концертот присуствуваа и градоначалникот на Битола Тони Коњановски и претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова.

Трпчески е еден од најафирмираните македонски изведувачи и веројатно најдобриот македонски пијанист на сите времиња, а во истовреме и еден од најголемите културни амбасадори на Македонија во светот.

Неговата кариера вклучува настапи со Лондонска Филхармонија, Филаделфискиот Оркестар и Кралската Ливерпулска Филхармонија. Добитник е на наградата за дебитант на годината од Кралското Филхармониско Друштво и на престижната награда „Gramophone“. Критичарите го опишуваат како пијанист со исклучителна техника и длабока музикалност.

Македонскиот пијанист Симон Трпчески се етаблираше како еден од најистакнатите музичари на светската сцена, настапувајќи со повеќе од 100 оркестри на четири континенти, под водство на водечки диригенти и во најпрестижните концертни сали. Трпчески е препознатлив по својата моќна виртуозност и длабоко експресивен пристап, како и по својата харизматична способност да воспостави врска со најразлична публика ширум светот и по својата посветеност кон зајакнувањето на културното наследство на Македонија.

„Да го слушнете Трпчески во Антички Театар Хераклеа е привилегија – класична музика од светско ниво во амбиент кој е стар повеќе од два милениума. Ова е настан кој ретко се случува“ велат од „Прагма продукција“ која го организираше концертот со поддршка на Општина Битола.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СВР Битола лиши од слобода две лица поради предизвикување пожари

Полициски службеници од СВР Битола лишија од слобода две лица кои биле затекнати при предизвикување пожари на отворен простор во Битола и Прилеп.

СВР Битола лиши од слобода две лица поради предизвикување пожари

На 14.08.2026 во 21:15 часот, полициски службеници од СВР Битола на ул. „Јорго Костовски“, на место викано „Тепсија“ во Битола, го лишија од слобода Е.К. (39) од Битола, бидејќи бил затекнат како предизвикува пожар на отворен простор.

Претходно, на 13.08.2026 во 23:10 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп, на место викано „Падарица“ во Прилеп, го лишија од слобода И.Ч. од Прилеп, бидејќи бил затекнат како предизвикува пожар на отворен простор, при што кај него била пронајдена и запалка.

По целосно документирање против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран ги повикува САД да го признаат поразот, Трамп: Малку поскапиот бензин е мала цена за безбедноста

Сè уште нема напредок кон мировни преговори или во однос на движењето на нафтените танкери низ стратешкиот теснец Ормуз, ниту пак има знаци дека завојуваните страни се движат кон ставање крај на конфликтот што го започнаа САД и Израел на 28 февруари.

Иран ги повикува САД да го признаат поразот, Трамп: Малку поскапиот бензин е мала цена за безбедноста

„Овој теснец ќе се отвора и затвора само под иранска команда, и сè додека не ја прифатите реалноста на поразот и не престанете да се препуштате на фантазии, Иран ќе продолжи да ја спроведува блокадата“, објави денес рано наутро на платформата „Икс“ (X) заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Казем Гарибабади.

Министерот за надворешни работи Абас Аракчи изјави дека Иран не донел одлука за продолжување на преговорите со САД.

Во интервју објавено денес во Иран, тој рече дека Вашингтон мора да ги исполни условите поврзани со теснецот за да може да продолжи пловидбата по овој воден пат, преку кој пред војната се транспортираше една петтина од светската нафта.

Трамп ги повика Американците да прифатат малку повисоки цени на бензинот додека трае конфликтот со Иран. Вчера, на политички собир во Гарден Сити, Њујорк, тој изјави дека плаќањето „малку повеќе за гориво“ е оправдана цена за да се осигури дека една „многу злобна земја“ нема да дојде до нуклеарно оружје – што тој го наведе како една од причините за војната.

Според податоците на Американската автомобилска асоцијација, во рамките на трендот што ја поттикна инфлацијата и ги разочара гласачите, просечната цена на галон бензин во САД вчера изнесуваше околу 4,08 долари, што претставува зголемување од 29% во споредба со претходната година.

Трамп, кој е републиканец, ја водеше својата кампања за реизбор ветувајќи намалување на трошоците за енергија, додека демократите настојуваат последиците од војната да ги претворат во клучна тема на ноемвриските избори за Конгресот. „Ормускиот теснец не може да се окупира со твит или со носач на авиони, ниту пак со издавање наредба или одржување предизборен говор“, изјави Харибабади.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер