Случај „Двојник“: Три години затвор за Фарук Буки, изречени и две условни казни

Казната на Буки е најдолгата изречена од судот за овој случај.

Службеникот задолжен за фотографирање во пасошкото одделение на МВР Фарук Буки е осуден на три години затвор, а службеничките Весна Колевска и Бранислава Шпишиќ се осудени условно на една година затвор за случајот „Двојник“ кој се однесува на нелегално издавање на лажни македонски пасоши. Тројцата се осудени за злоупотреба на службената положба и овластувања, а со нивните дејствија, според судијката Оља Ристова ја изневериле довербата на граѓаните во системот.

Казната на Буки е најдолгата изречена од судот за овој случај. Тој е обвинет дека примил 71 барање за издавање на пасоши, иако знаел дека истите се од лица кои не се македонски државјани. Со ова, според судијката Ристова, тој овозможил луѓе со криминално досие да добијат македонски пасоши, а за тоа прибавил материјална корист..

- Судот утврди дека обвинетиот вршел услуиги за фотографирање без закажан термин кои лица ги употребуваат зборовите, ќе частиме нешто, јас ќе му речам господине дај пари се кажуваат различни износи за услуги 50 евра, 1000 денари, во повеќе разговори на Фарук му се нуди Кока Кола, Гиро, хамбурегер. Јавувањата се секој ден минимум пет пати во денот, се јавуваат роднини и пријатели кои бараат услуги, рече Оља Ристова, судија.

Овој судски процес почна со единаесет обвинети, а денешните пресуди беа за единствените кои останаа до крај и се изјаснуваа за невини.

Претходните казни кои беа изречени за обвинетите во случајот се движат од условни до две години и седум месеци, како и забрана за вршење дејност и должност од десет години. За да ги издадат пасошите, според обвинителството, обвинетите употребиле идентитети на македонски државјани што досега не ваделе македонски пасоши, а се иселени од земјава или од раѓање живеат во странство и никогаш не оствариле влез во Македонија.

Истрагата на Обвинителството покажала дека биле издадени пасоши на 214 странски и на еден македонски држвјанин од средината на јуни 2017 година до крајот на 2020 година. Но, дали ќе има проширување на истрагата засега останува непознато, обвинителката Спасенка Андонова вели се работи на случајот, и доколку има нови детали јавноста ќе биде навремено информирана.

Пентагон откри за што ќе ги користи Украина моќните ракети ATACMS- Крим е на удар

Министерството за одбрана на САД ја појасни целта за испорака на ракети со долг дострел во Украина, кои неодамна беа испорачани во тајност.

Како што објави „Њујорк тајмс“, целта на испораката на американските ракети АТАКМС е да се зголеми притисокот врз Крим, кој беше анектиран од Русија по референдумот во 2014 година.

Крим го претставува центарот во кој се лоцирани голем број руски воздушни и копнени сили и кој досега, како што пишува американскиот дневен весник, „за нив бил релативно безбедно засолниште“. Ова го тврди анонимен американски функционер. Сепак, Пентагон одби да каже колку точно од овие проектили со дострел од 300 километри се испорачани на украинската страна.

Џејк Саливан, советникот за национална безбедност на Белата куќа, претходно ја потврди испораката на овие проектили без да прецизира дали тие се модифицирани или имаат зголемен дострел.

Украинските сили веќе употребија ATACMS, што претседателот Володимир Зеленски го потврди на 17 април, објавувајќи дека е извршен напад врз воздухопловната база Јанкој, која се наоѓа на 165 километри од линијата на фронтот. Министерството за одбрана на Руската Федерација не ги коментираше овие наводи.

Американскиот дневен весник потсетува дека Украина првпат добила ракети ATACMS во септември минатата година, но дека станува збор за верзија со половина дострел. Се шпекулираше дека Украина може да користи американски ракети за да го уништи мостот Ким, што на почетокот на месецов го потврди и самиот претседател Зеленски, велејќи дека неговата влада „навистина сака да го уништи мостот на Крим“.

Тој е симбол на руската окупација и преку овој мост Русија испорачува воена опрема и ги снабдува војниците во Украина. Во неколку наврати досега мостот беше цел на украински напади.

- Мислам дека е вистинското време, а шефот (Бајден) донесе одлука дека е вистинско време да и го обезбеди на Украина оружјето неопходно за тековната борба. Тоа е добро осмислена и многу конструктивна одлука - изјави адмирал Кристофер Грејди, заменик командант на Здружениот генералштаб на американската армија.

Руската страна го осуди потегот на САД, а рускиот амбасадор во Вашингтон Анатолиј Антонов рече дека тоа „ја зголемува заканата за безбедноста на Крим, вклучително и Севастопол и другите руски градови“.

Тиктокерка тврди дека не ја вработиле во продавница поради тетоважите (ВИДЕО)

Тиктокерка под корисничко име @ashxobrien објави видео на таа социјална мрежа во кое раскажува како се пријавила за работа во продавница, но била одбиена. Потоа побарала од нив објаснување.

„Не можеа ни да ми се јават, само ми испратија мејл. Отидов кај нив и прашав зошто ме одбија. Жената со која разговарав ми рече дека немам доволно искуство во споредба со другите кои аплицирале“, рече таа. Сепак, смета дека тоа не била причината, туку дека има многу видливи тетоважи.

"Прашав дали моите тетоважи им пречат затоа што знам дека тоа е често проблем. Таа ми рече дека тоа не е причината. Мислам дека лажеше, но што и да е. Тоа не значи дека не сум добар работник ако имам тетоважи. “, додаде таа во видеото, прегледано 8,5 милиони пати. Таа се прашува како младите без искуство би можеле да се вработат, ако во нејзиниот случај тоа е причината за одбивањето.

@ashxobrien I want to know who is also having a hard time finding a job right now! #jobs #jobmarket ♬ original sound - Ash🖤

Видеото на крајот предизвика многу коментари.

„Работам во HR и можам да ви кажам дека ниту еден работодавец не би ви дозволил да работите со луѓе со толку многу тетоважи“, „Мислам дека мора да е поради тетоважите“, „Проблемот не е во тоа што имате тетоважи, туку што тие се навистина на места што не можеш да ги скриеш“, „Не знам што не разбираш“, „Не се чуди“, „Вака не можеш да работиш во продавница“, напишаа нејзините следбеници.

Сиљановска Давкова од Крушево: Крушевчани имаат на што да бидат горди!

Денеска, 26 април, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова во рамките на кампањата за вториот изборен круг од претседателските избори беше во Крушево.

Во своето обраќање пред граѓаните на Крушево, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова порача:

Морам да кажам дека тука во Крушево има куќи кои се бисер на македонската архитектура, доказ за нашата историја, тие сведочат дека во нив илинденците мислеле, правеле планови за Македонија. Крушево треба да биде метропола на културата.

Вие Крушевчани има на што да сте горди и вие заслужувате самопочит! Не заборавјате, ако не се самопочитуваме никој нема да не почитува. Мора да го вратиме животот во Крушево, тука има шанси за опстанок.

Ви ветувам дека ќе се опкружам со луѓе од знаење. Но и ви ветувам дека секогаш ќе бидам блиску до вас. Како? Преку народните канцеларии. Народните канцеларии за првпат ги примени поранешниот претседател, господинот Иванов. Мислам дека требаше да останат. Токму преку народните канцеларии јас ќе имам можност честопати да доаѓам овде, да ве видам и да видам на што сте се покажлиле, што сте предложиле. Понатаму, во зависност од тоа дали сметаат граѓаните дека треба нешто да се промени ќе правам список на приоритети кои ќе ги реализирам. Ќе покажам и ќе докажам дека сум тука поради вас, не поради себе.

Крушево е жив културен споменик. Искористете ги луѓето кои уште во меморијата го имаат она што ние го забораваме. Кога ќе се грижиме за споменот на Тоше, кога ќе им оддаваме почит на партизаните, кога нема да ги заборавиме Карев, Питу и останатите, тогаш ќе бидеме горди на Македонија!

Во рамките на денешните активности, професорката Гордана Сиљановска-Давкова на Гумење оддаде почит на гробовите на Питу Гули и партизаните, како и на гробот Тоше Проески, а исто така ја посети и Спомен куќата посветена на него и споменикот Македониум. Во текот на денот, професорката имаше можност и да ги види изложените ракотворби изработени од здруженијата на жени на Крушево, а исто така и да оствари повеќе средби со граѓаните, се наведува во соопштението од нејзиниот тим.

притисни ентер