Словенка си ја отсекла раката за да добие осигурување, дечкото ја натерал - Канал 5

Словенка си ја отсекла раката за да добие осигурување, дечкото ја натерал

Во Словенија во тек е судењето на 22-годишната Јулија Адлешиќ, која е обвинета за намерно отсекување на шаката поради пари од осигурувањето.

Словенка си ја отсекла раката за да добие осигурување, дечкото ја натерал

Несреќата се случила на почетокот на 2019 година откако со кружна пила си ја отсекла шаката.

Таа пред судот во Љубљана пред неколку дена изјави дека не сторила ништо намерно и дека досега немала никакви проблеми со законот освен возење без појас.

"Никој не сака да стане инвалид. Ако можам, би го вратила времето и дури не би се доближила до таа пила", рекла таа пред судот. Таа побара од судијата да ја ослободи од домашен притвор, пишува 24ур.

"Мојата младост е уништена. Ја изгубив раката на 20 години и само јас знам како ми е", рече таа.

Девојката ја изгубила раката на 4 јануари 2019 година. Неколку дена по несреќата, таа побара плаќање на осигурувањето, но била обвинета за измама. Освен неа, осомничени се и нејзиното 30-годишно момче Себастијан Абрамов и неговите родители, во чиј двор се случила несреќата.

Обвинителството тврди дека тие сè испланирале уште во 2018 година и дека потоа склучиле договор за осигурување со неколку осигурителни компании. Во овој случај, поради попреченост, Јулија требало да добие над еден милион евра, од кои дел ќе добиела веднаш, а дел во форма на постојан месечен приход. Исто така, обвинителството тврди дека нејзиното момче пребарувало на Интернет пред несреќата за вештачка, биомеханичка рака, што одговара на тезата дека сè било испланирано.

Таткото на Себастијан прв истрчал на местото на несреќата и повикал брза помош, но тој ја оставил исечената шака на местото на несреќата.

Полицијата подоцна го однела отсечениот екстремитет во болница, каде лекарите хируршки го зашиле, спасувајќи ја девојката од трајна попреченост.

Нејзиниот адвокат сега е на судење, тврдејќи дека неговиот клиент може да го напушти домашниот притвор, бидејќи нема шанси таа да го повтори делото за кое се товари.

"Ако го сторила тоа, не може повеќе. Првенствено заради новинарите и цела Словенија што ја познава", рече нејзиниот адвокат Борис Гробелник.

Но, судот не се согласува.

Полицијата го гледа нејзиното момче Себастијан Абрамов како еден од главните виновници, кому му се суди за убиството на девојката Сара Вебер во 2015 година. Тој тврдел дека се работи за несреќен случај при чистење на пушката.

Обвинителот бара четири и пол години затвор за неа и пет години за нејзиното момче. Се бара и казна од четири години за неговата мајка и една година за неговиот татко.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Македонскиот јазик е „лингва франка“, практичниот дел од правосудниот испит ќе се полага само на македонски јазик

Делот од правосудниот испит во кој се симулира судски процес, ќе се полага само на македонски јазик, потенцираше премиерот Христијан Мицкоски. 

Мицкоски: Македонскиот јазик е „лингва франка“, практичниот дел од правосудниот испит ќе се полага само на македонски јазик

Тој појасни дека понуденото предлог решение за правосудниот испит не значи овозможување за негово целосно полагање на албански јазик, туку можност теоретскиот дел да се полага на јазикот на кој студентите го завршиле високото образование, но не и практичниот.

„Нема да има решение со кое ќе се полага испитот на албански јазик. Студентите ќе можат оној дел којшто е поврзан со нивните додипломски студии на јазик различен од македонскиот, а во Македонија такви студии се одржуваат на три јазици на албански, турски и англиски да го полагаат на тој јазик на кој го дооформиле своето високо образование. Оној дел од правосудсниот испит што се симулира судски процес, дел од кривична постапка и дел од граѓанска постапка ќе биде на македонски и со тоа уште еднаш се потврдува дека правосудниот систем мора да биде по принципот на франка лингва тоа е македонскот јазик, бидејќи тоа е поврзано со владеењето на правото, а не со друго право или политиканства коишто се поврзани со тоа“-– Христијан Мицкоски, претседател на Влада .

Прашањето околу полагањето на правосудниот испит повторно се отвори во јавноста откако лидерот на владината колаициска партија ЗНАМ Максим Димитриевски се закани со можно напуштање на Владата ако се дозволи правосуден испит на албански јазик и најави дека од премиерот Мицкоски ќе побарал свикување лидерска средба на колициско ниво за утврдување на таканарачени црвени линии по ова прашање.

Ваквата изјава на Димитриевски пак наиде на остри реакции кај дел од политичарите од албанскиот политички блок од каде меѓудругото го обвинуваат и за шовинизам.

Инаку во предлог решението кое министерот за правда Јетотн Шасивари пред три недели го презентираше пред студентите Албанции, се нуди теоретскиот дел од правосудниот испит, кој опфаќа 12 предмети, да се полага на албански јазик, а практичниот дел, составен од два испита, на македонски.

За ваквиот предлог закон ќе се бара мислење и од Венецијанската комсија, па дури потоа ќе биде испратен во Собранието.

Студентите по средбата со Шасивари изразија незадоволство поради како што рекоа делумното решение и не ја исклучија можноста повторно да излезат на улица доколку нивното барање не биде исплнето во целост.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.

Во Основниот суд во Кочани се одржа првото рочиште во судскиот процес против Ива Михаилова, по нејзиното бегство во Бугарија.

Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.

Таа е обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици што се случи во октомври минатата година на експресниот пат Штип–Кочани, а по бегството, судот по предлог на обвинителство донесе решение да и се суди во отсуство и по неа да се распише потерница.

Во Кочани е Михајло Видимлиски. Михајло, Ива Михаилова преку тамошните медиуми порача дека нема намера да се враќа во земјава и побара да учествува на судењето преку видео-врска, но судот го одби барањето. Кое е образложението?

Михаилова не планира да се враќа, побара да ја учествува на судењето он-лајн од Бугарија, што е одбиено од судот.

-Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка против неа. Законот за кривична постапка предвидува такви ситуации во случај кога треба да се испитаат сведоци или вештаци а не и обвинети лица, образложи судијата Спиро Борисов.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Законите или непостапувањето на институции – кои се причините што фемицидот зема замав во Македонија?

Македонското женско лоби, кое поднесува иницијативи до Собранието за унапредување на правата на жените, остро го осудува фемицидот во Богданци и ги поддржува барањата упатени од вчерашниот протест во Скопје.

Законите или непостапувањето на институции – кои се причините што фемицидот зема замав во Македонија?

Македонското женско лоби, кое поднесува иницијативи до Собранието за унапредување на правата на жените, остро го осудува фемицидот во Богданци и ги поддржува барањата упатени од вчерашниот протест во Скопје за подобра законска заштита од насилство врз жените. Сепак, извршната директорка Даниела Димитриевска, за Канал 5 посочи дека пред да се пристапи кон измени на постојното законско решение, мора да се утврди зошто тоа не ја дало очекуваната заштита и дали институциите доследно ги спроведуваат предвидените мерки.

– Се случува сега со закон да имаме многу повеќе насилство отколку во минатото кога немавме закон за семејно насилство. Што е причината, како да го ставиме во функција овој закон и да се сплотиме да најдеме заедничка платформа за акција,- изјави Даниела Димитриевска, извршна директорка на македонско женско лоби.

Во однос на конкретни мерки за превенција и спречување насилство, Димитриевска вели дека Собранието прво треба да размисли за воведување на електронски алки за насилници – предлог кој од порано не доби зелено светло во законодавниот дом, а за кој пратеничката Моника Зајкова од ЛДП поднесе и петиција истиот повторно да биде ставен на дневен ред.

– Мислам дека не е лоша идеја ова за нараквицата што се споменува – од едноставна причина што на жртвата ќе и даде време да не биде во близина насилникот – ќе и даде време да реагира да повика помош и така натака. Ова случување и сите претходни ни даваат еден индикатор дека ние мораме некако да реагираме,- изјави Даниела Димитриевска, извршна директорка на македонско женско лоби.

Последниот фемицид во Македонија се случи на 3 ноември во Богданци, кога телото на 17-годишната Билјана Ќириќ беше пронајдено во изгореното возило кое било опожарено од 21-годишниот виктор гунтаров, кој потоа и самиот си го одзел животот.

Малолетничката и од претходно го пријавувала насилството, а од обвинителството за Канал 5 велат дека на насилникот не му бил одреден притвор бидејќи било утврдено дека ги почитувал претходно определените итни мерки за заштита од насилство, кои вклучуваат забрана за комуникациај со жртвата. Ова е седми фемицид во земјава од почетокот на годината, а бројките на МВР покажуваат дека од 2021 до 2025 година биле убиени 26 жени.

На вчерашниот протест во Скопје, покрај усвојување на заглавените законски измени во Собранието, присутните побараа и разрешување на сите функционери кои го оправдуваат или нормализираат насилството врз жените.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер