Шест лица се хоспитализирани во Словенија, но на ниту еден не му треба интензивно лекување и нема нови смртни случаи заради ковид-19, така што останува бројот на починати 111 лица.
Ново потврдените 30 случаи се најголем дневен број на инфекции во последните два и пол месеци.
За разлика од ситуацијата од почетокот на епидемијата, која беше прогласена кон средината на март, сега преовладуваат помладите новозаразени и има повеќе мажи од жени.
Според Министерството за здравство, меѓу 30-те ново заразени, дури 18 се на возраст под 44 години, вклучително и 4-годишно дете, 5 во возрасна група од 45 до 54 години, три во групата од 55 до 64 години, двајца на возраст од 65 до 74 години и една постара од 75 години.
Еден од кластерите на коронавирус е во Марибор, каде што бројот на заразени здравствени работници во тамошната болница, во одделот за итни случаи, се зголеми од 8 на 11.