Словенија ги попушта мерките, по 100 евра бонови за сите полнолетни, по 50 за децата

Од понеделник, поради подобрата епидемиолошка состојба во Словенија, повторно е дозволено работење на сите продавници и услужни активности, со работа на ноќните клубови и дискотеките до полноќ, објави денеска словенечката влада.

Во исто време, услужните активности како фризерските и козметичките салони ќе треба да ги тестираат вработените за коронавирус на неделно ниво, а вработените во казината и гејмерските салони, саемски и конгресни активности и угостители, исто така, ќе ја поминат истата постапка.

Исто така, постои обврска само гостите кои биле вакцинирани, преболеле ковид или претходно биле тестирани да можат да учествуваат на поголеми настани, а истото се однесува на сите надворешни собири на повеќе од сто луѓе.

Покрај тоа, владата денеска по седницата објави дека го одобрила нацрт-законот за помош на економијата и туризмот „тешки“ 243,5 милиони евра и вклучува, меѓу другото, дистрибуција на нови бесплатни ваучери што можат да се потрошат во угостителството , туризам, спортски и културни настани.

Сите возрасни жители ќе добијат ваучер вреден 100 евра, а оние под 18 години ваучер вреден 50 евра, објави словенечката влада.

Во последните 24 часа, само 83 инфекции со коронавирус биле потврдени во Словенија, а ниту еден пациент со ковид-19 не починал, првпат по седум месеци.

Земјата во вторникот прогласи крај на епидемијата на ковид-19.

Северозападна Индија ја зафати топлотен бран, температурата во Њу Делхи достигна 47,1 степен

Топлотен бран зафати делови од северозападна Индија, а главниот град Њу Делхи е ставен во состојба на готовност поради опасно топло време.

Температурата во Њу Делхи достигна 47,1 степен Целзиусов, а блиските држави Пенџаб, Харајана и Раџастан исто така забележаа пораст на температурата што се очекува да се задржи во следните неколку дена.

Индискиот метеоролошки оддел ги предупреди луѓето да не излегуваат на Сонце во попладневните часови, да пијат многу вода и да носат соодветна облека. На ранливите лица, особено на постарите, им е препорачано да не излегуваат надвор.

Во април, мај и јуни секогаш има високи температури во поголемиот дел од Индија, но жештините станаа поинтензивни во текот на изминатата деценија./МИА

Усик стана првиот апсолутен светски шампион во тешка категорија во 21 век

Украинскиот боксер Олександар Усик го победи Британецот Тајсон Фјури во главната борба на боксерската вечер во Ријад и ја освои титулата апсолутен светски шампион во тешка категорија. 

Борбата траеше сите 12 рунди. Судиите со поделена одлука му ја доделија победата на Украинецот - 115:112, 113:114, 114:113.

Триесет и седумгодишниот Усик стана првиот неприкосновен светски шампион во тешка категорија по Ленокс Луис (41-2) во 2000 година и прв во ерата со четири појаси.

Претходно, во ерата на три појаси, само Ивандер Холифилд (44-10) беше апсолутен светски шампион во тешка категорија.

Сега украинскиот боксер има шест појаси: четири големи: ВБА (Супер), ВБЦ, ИБФ, ВБО и два помали: ИБО и Ринг.

За 35-годишниот Фјури ова беше прв пораз во кариерата. Пред оваа борба тој забележа 34 победи и една борба со негово учество заврши нерешено.

Усик сега има 22 победи во 22 борби./МИА

ИДФ ги повика Палестинците да ги евакуираат крајбрежните населби во северниот дел на Газа

Израелската армија ги повика Палестинците во крајбрежните населби во северниот дел на Газа да ја евакуираат областа додека ја продолжува операцијата во Џабалија.

Портпаролот на Израелските безбедносни сили (ИДФ) на арапски јазик, Авичај Адри, објави список на нови зони што треба да се евакуираат, а на палестинските цивили им беше кажано да се преселат во засолништа западно од градот Газа, пишува „Tајмс оф Израел“.

Минатиот викенд, ИДФ издаде предупредување за евакуација на градот Џабалија, пред да биде извршен нападот.

Оттогаш, армијата двапати ја прошири зоната за евакуација, а најновата најава ги вклучува областите Ал-Ататра и Ал-Карам во Појасот Газа. /МИА

притисни ентер