Словенија ги отвора вратите за странците: Пострашно од 2008, се зголемува бројот на работни дозволи

Ситуацијата со недостатокот на квалификувана работна сила во Словенија се влошила и изгледа пострашно отколку пред кризата во 2008 година.

Како што пренесува агенцијата СТА, во изминативе шест месеци скоро 50 отсто од работодавците се соочиле со недостаток на вработени, при што големите компании во тоа имаат удел од 70 проценти, пишува оваа агенција.

Според податоците на Заводот за вработување, недостатокот е најизразен во угостителството (69 насто), градежништво (62%), социјалната и здравствена заштита (62%) и во преработувачката индустрија (56%), се наведува во текстот.

Работодавците вработуваат странци за да ја ублажат ситуацијата, но и луѓе од поранешните југословенски републики има се помалку.

Словенечките организации на работодавците очекуваат од владата да ги забрза мерките за решавање на овој проблеми и да смислат стратегија за промовирање на економска миграција.

Генералниот секретар на Здружението на работодавци на Словенија, Јоже Смоле изјави дека вработувањето на странски работници е еден од клучните начини за решавање на ова прашање.

Според Заводот за вработување, бројот на работни дозволи е зголемен од 14.811 во 2015 година на 18.049 минатата година.

Овие податоци не ги вклучуваат и поединечните дозволи за престој, од кои од 1.180 издадени во 2015, во 2018 се зголемени на дури 20.889.

Во првите четири месеци оваа година 9.693 странци добиле дозвола за престој во Словенија.

Украина во војска ќе може да повикува и затвореници

Парламентот на Украина денеска гласаше за мерка со која се дозволува воена мобилизација на некои затвореници во замена за условно ослободување.

Повеќе од 26 месеци по почетокот на руската инвазија, Украина се обидува да го надополни недостигот од војници, што некои воени аналитичари го сметаат за најголем предизвик за Киев во борбата против многу поголемиот непријател.

Се очекува дека новата мерка ќе ги зајакне вооружените сили само за неколку од вкупно 20-те илјади затвореници, изјави пратеникот Дејвид Арахамиа.

Не се однесува на оние кои извршиле најтешки кривични дела – осудени за убиство со умисла на две или повеќе лица, силување, сексуално насилство, кривични дела против националната безбедност и тешки кривични дела за корупција.

„Не е тајна дека мобилизацискиот потенцијал на нашиот непријател е огромен, затоа мора да ги искористиме сите расположливи решенија за да се бориме како вооружена сила“, стои во белешката што ја придружува усвоената мерка. „Дел од тие луѓе се мотивирани патриотски граѓани кои се подготвени да се искупат пред општеството на бојното поле.“

Минатиот месец Украина ја намали возраста за мобилизација од 27 на 25 години и ги промени правилата за регрутирање цивили во армијата за да ја зајакне и да ги ротира војниците.

Владата, исто така, привремено ги суспендираше конзуларните услуги за работоспособните мажи кои живеат во странство, жалејќи се дека тие не и помагаат на нивната земја која се бори.

притисни ентер