Словенечкиот гудачки квартет „Дисонанс" и кларинетистот Дарко Брлек на „Охридско лето" - Канал 5

Словенечкиот гудачки квартет „Дисонанс" и кларинетистот Дарко Брлек на „Охридско лето"

Музичката програма на фестивалот „Охридско лето" продолжува со концертот на гудачкиот квартет „Дисонанс" од Словенија, со кларинетистот Дарко Брлек. Концертот ќе почне во 21 часот, во катедралната црква „Света Софија".

Словенечкиот гудачки квартет „Дисонанс" и кларинетистот Дарко Брлек на „Охридско лето"

Музичарите од гудачкиот квартет „Дисонанс", во состав: Јанез Подлесек – прва виолина, Матјаж Поровне – втора виолина, Оливер Диздаревиќ на виола и Клемен Хвала на виолончело, првпат се собрале поради изведба на дело за гудачки квартет од словенечкиот композитор Лојзе Лебич во 2014 година. Тоа било премиера на делото кое било напишано 30 години порано.

Изведбата на квартетот била одлично примена од стручната публика, а музичкиот критичар д-р Грегор Помпе за дневниот весник „Дневник" ќе напише: „овој ад-хок составен квартет за изведба на делото од Лебич беше вистинско изненадување. Станува збор за дело кое е бескомпромисно модерно, поради што веројатно досега не се нашле домашни музичари кои би го извеле, но затоа детерминираноста на младите музичари од Словенечката филхармонија длабоко навлезе во звучните каскади и придонесе кон возбудлива изведба. Би било навистина одлично кога овие музичари би креирале постојан ансамбл".

По ваквиот прием, членовите на „Дисонанс" навистина одлучиле да останат присутни на класичната музичка сцена, именувајќи го ансамблот со името на Моцартовиот гудачки квартет во C-dur, KV 465.

Од основањето до денес, квартетот „Дисонанс" настапува во концертното ателје на Сојузот на словенечките композитори, на Светските музички денови во 2015, на фестивалот „Собошки денови" во 2016, на фестивалот во Марибор, на интернационалното биенале за современа музика во Копер… Во соработка со италијанскиот кларинетист Микеле Марели квартетот настапил на летниот фестивал во Акви Терме, Алесандрија, во 2015 година, а го реализира и проектот „Деконструиран Моцарт" во рамките на интернационалниот циклус „Симфониски гласови" во Копер. Според членовите на ансамблот, името на квартетот ја отсликува нивната тенденција покрај класичната музичка литература, посветено да изведуваат и современа музика, особено напишана од словенечки композитори.

Дарко Брлек е генерален и уметнички директор на Интернационалниот фестивал во Љубљана. Во 1991 е најмлад именуван директор на Словенечката национална опера и балет во Љубљана, а само една година подоцна застанува на чело на „Љубљана фестивалот" како негов уметнички директор, функција која ја обединува со позицијата на генерален директор во 1995.

Како профилиран културен работник, Дарко Брлек е на бројни клучни културни позиции во Словенија. Меѓу другото, основач е на Културната комора на Словенија, а бил и дел од управните одбори на театарот во Марибор и на Аудиториумот во Порторож. Од 2005 до 2017 година е претседател на Еврпската асоцијација на фестивали, по што е прогласен за нејзин почесен член, а истовремено е и директор на Фестивалската академија за млади менаџери во културата која е иницијатива на Европската асоцијација на фестивали. За неговите залагања во културата добитнике на бројни државни награди и признанија меѓу кои и наградата „Отон Жупанчич"-највисока награда која ја доделува градот Љубљана за високи достигнувања во областа на уметноста и културата, а на 4 јули 2018 година Дарко Брлек беше одликуван со Орден за заслуги од Престседателот на Република Словенија за особен придонес во словенечката култура.

За Дарко Брлек културниот менаџмент е повеќе од професија, но тој истовремено активно се занимава со неговата прва љубов – музиката, настапувајќи како кларинетист во Словенија, но и на меѓународните концертни подиуми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најубавата жена во поранешна Југославија позираше во бикини (ФОТО)

Ана Сасо, поранешната Мис Југославија, објави нови фотографии од летниот одмор на својот Инстаграм профил.

Најубавата жена во поранешна Југославија позираше во бикини (ФОТО)

Фотографиите на кои 63-годишната позира во костим за капење привлекоа големо внимание.

Позираше на плажа

Сасо сподели неколку опуштени сцени од нејзиниот одмор, направени на плажа и карпи покрај морето. На некои фотографии таа носи класично црно бикини, додека на други позира во шарен дводелен костим за капење со портокалови детали.

Фотографиите ги воодушевија нејзините следбеници. „Најубавата“, „Незаменлива“ и „Кралица“, ѝ пишуваат. Ана Сасо стана позната со победата на натпреварот за Мис Југославија во 1982 година, а култната реклама за сокот Пипи ѝ донесе дополнителна популарност денес.

Приватен живот и трет брак

Покрај кариерата, нејзиниот приватен живот со години привлекува и внимание од јавноста. Таа ја пронајде среќата во третиот брак со хирургот Хрвоје Томасовиќ, со кого сега живее во Самобор. Двојката се венчала во тајност, а Сасо откри дека се венчала во 2021 година. Таа во неколку наврати изјавила дека била исполнета и задоволна во тој брак.

Пред Томасовиќ, Ана Сасо била во брак со покојниот сплитски угостител Ненад Бар Теклиќ. Нивниот брак траел приближно пет години. После тоа, се омажила за Игор Франчески, со кого исто така била во брак пет години.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Што ако ставите погрешно гориво во резервоарот?

Ставањето погрешно гориво во резервоарот е една од оние грешки што може да му се случат на секого.

Што ако ставите погрешно гориво во резервоарот?

Потребни се само замор, брзање или момент на невнимание, а последиците можат да се движат од релативно безопасни до многу скапи.

Најчеста грешка е налевањето бензин во дизел автомобил, а причината е едноставна: дизел „пиштолите“ на бензинските пумпи обично се пошироки од бензинските, па затоа е многу потешко да се направи спротивната грешка.

Ако веднаш сфатите што сте направиле, најважното правило е едноставно: не го палете автомобилот и не го вклучувајте контактот.

Зошто бензинот е проблем за дизел моторот?

Дизел горивото, покрај тоа што се користи за согорување, игра важна улога и во подмачкувањето на одредени делови од системот за вбризгување. Бензинот нема исти својства за подмачкување, па затоа неговото влегување во дизел системот може да предизвика проблеми со пумпата под висок притисок.

Ако моторот се запали, мешавина од бензин и дизел почнува да циркулира низ системот. Пумпата може да почне да работи со недоволно подмачкување, што доведува до абење на металните површини и формирање на мали метални струготини.

Проблемот е што овие струготини потоа можат да стигнат до системот за вбризгување и да ги оштетат млазниците. Кај современите дизел мотори, поправките можат да бидат многу скапи и да вклучуваат пумпа, млазници, цевки и други компоненти на системот за гориво.

Затоа, многу е подобро да се реши проблемот пред автомобилот дури и да ја напушти бензинската пумпа.

Што ако веќе сте наполниле бензин?

Ако ја забележите грешката додека сè уште полните гориво, веднаш застанете. Не обидувајте се да го „разредете“ бензинот со додавање дизел и да продолжете да возите, особено со модерни дизел мотори.

Потребно е да го испразните резервоарот и, доколку е потребно, да го испразните системот за гориво. Најбезбедно е да повикате помош на патот или услуга што се занимава со испумпување на неправилно наполнето гориво.

Исто така е важно да не го „вклучувате“ автомобилот. Кај некои автомобили, самото вклучување на контактот може да ја активира пумпата за гориво и да започне циркулација на погрешно гориво низ системот.

Ако веќе сте го запалиле автомобилот, не паничете, туку запрете го на безбедно место што е можно поскоро и исклучете го моторот. Колку подолго работи автомобилот и колку подолго возите, толку е поголема можноста горивото да поминало низ целиот систем за вбризгување.

Пет работи што треба да ги направите

1. Престанете со полнење гориво штом ќе ја забележите грешката.

2. Не го палете моторот и не го вклучувајте контактот.

3. Известете ги вработените во пумпата и, доколку е можно, поместете го автомобилот туркајќи го без да го запалите моторот.

4. Повикајте помош на патот или сервис кој може да го испразни и исчисти системот доколку е потребно.

5. Ако веќе сте возеле, веднаш запрете го автомобилот на безбедно место и исклучете го моторот.

Најважно е да реагирате брзо. Ако погрешно гориво остане во резервоарот и автомобилот не запали, проблемот обично се сведува на празнење и чистење на системот. Ако автомобилот запали и погрешно гориво почне да циркулира, потенцијалната сметка за поправка може да биде многу пати поголема.

Затоа, ако ви се случи ваква грешка, нема потреба од паника, но потребно е едно: не го палете автомобилот.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новото ажурирање на „Windows 11“ предизвикува хаос на компјутерите

Компанијата со седиште во Редмонд започна истрага за да идентификува и поправи проблем со неодамнешното ажурирање.

Новото ажурирање на „Windows 11“ предизвикува хаос на компјутерите

Според извештајот на „Windows Latest“, неодамнешното ажурирање на „Windows 11“ се чини дека предизвикува сериозни проблеми на некои компјутери. Ажурирањето предизвикува паѓање на игрите, грешки при најавување, проблеми со прикажување на екранот, паѓање на системот и друго.

Закрпата „KB5121003“ за „Windows 11“ беше задолжително ажурирање објавено на 11 август. Тоа беше главното безбедносно ажурирање на оперативниот систем за август и, како такво, поправи над 400 безбедносни недостатоци. Сепак, се чини дека воведе и голем број нови проблеми.

Ова е особено забележливо во гејмерската заедница. Има нагло зголемување на извештаите за неочекувани паѓања на игрите откако се инсталираше ажурирањето. „ARC Raiders“ и „The Finals“, обете од „Embark Games“, се чини дека се особено погодени. Се чини дека ажурирањето ја наруши компатибилноста со одреден драјвер.

„Embark“ работи на поправка за своите игри, иако не е дадена временска рамка. Во меѓувреме, им советува на корисниците да ја отворат командната линија на „Windows“ и да го оневозможат драјверот. Ова е подетално опишано во извештај од „PC World“. Исто така е можно целосно да се избрише закрпата во поставките за Историја на ажурирања. Сепак, ова би ги изложило корисниците на претходно споменатите безбедносни недостатоци.

„Microsoft“ одговори на проблемот, но сè уште не објави план за негово решавање. Компанијата започна истрага и ги охрабрува корисниците да го контактираат Центарот за повратни информации доколку се соочат со какви било тешкотии.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер