Хаос во Реал Мадрид: Жозе Мурињо одби да се појави на прес-конференцијата по понижувањето на Винисиус
1Хаос во Реал Мадрид: Жозе Мурињо одби да се појави на прес-конференцијата по понижувањето на Винисиус
3Видео: По ураганот, пристигнува нова закана за жителите на Флорида и Алабама : „Подгответе се за најлошото“
БалканСловенците денес на четири референдумиВо Словенија денеска се отворени избирачките места на кои граѓаните се изјаснуваат за четири референдумски прашања.Меѓу нив се укинувањето на задолжителната радиодифузна такса, ограничувањето на правото на глас на странските државјани на локалните избори и измените на законот за парламентарни истраги. Граѓаните можат да гласаат за едно или за повеќе од четирите прашања, но избирачкото место можат да го посетат само еднаш. Најголемо внимание привлекува законодавниот референдум за измените на законот за парламентарни истраги, усвоени од словенечкиот парламент на 26 мај. Граѓански организации, со поддршка од опозицијата, собрале 40.000 потписи за распишување на референдумот. Тие сметаат дека новите законски решенија ја намалуваат правната заштита на граѓаните и им даваат преголеми овластувања на политичарите за навлегување во приватноста. Критичарите предупредуваат дека измените би можеле да отворат простор за политички пресметки и злоупотреба на парламентарните истраги. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИтен апел од македонската амбасада: Внимателност за нашите државјани во Саудиска АрабијаПо нападот врз саудискиот аеродром во кој загинаа 12 лица, а над 300 беа повредени, македонската амбасада во Абу Даби го вклучи алармот.По нападот врз саудискиот аеродром во кој загинаа 12 лица, а над 300 беа повредени, македонската амбасада во Абу Даби го вклучи алармот- преку итно соопштение апелираат до сите наши државјани кои престојуваат во Саудиска Арабија да се максимално внимателни и да ги следат безбедносните протоколи. Во соопштението се потенцира строго да се почитуваат официјалните насоки од дирекцијата за цивилна заштита и министерството за внатрешни работи поради серијата ракетни напади и напади со беспилотни летала. Во клучните безбедносни препораки стои: -Штом се активира безбедносна вонредна тревога или сирена, веднаш влезете во затворен простор, избегнувајте јавни собири, воени објекти и пограничниот појас со Јемен, чувајте ги телефоните полни и погрижете се уредите да бидат чисти од какви било контроверзни содржини, строго е забрането фотографирање, снимање или споделување видеа од нападите.. Пишува во насоките од македонската амбасада, а за сите итни потреби и асистенција велат дека стојат на располагање преку нивниот контакт број. Оттаму посочуваат дека ситуацијата има сериозно влијание и на авиосообраќајот, па можни се чести вонредни одлужувања и затоа пред да тргнат кон аеродромот Крал Калид во Ријад, задолжително да се контактира авиокомпанијата за статусот на летот. Инаку јеменските бунтовници Хути кои имаат поддршка од Иран, повторно ги предупредија авиокомпаниите и патниците да не ги користат саудиските аеродроми, нагласувајќи дека нивната порака треба да се сфати сериозно. Меѓу 12мината кои загинаа во вчерашниот напад има и американски државјанин, што предизвика реакција од претседателот на САД Трамп кој најави дека се разгледува опцијата да се приклучат кон саудиските напади врз Хутите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГрадскиот воз станува секојдневие: Брза, евтина и удобна транспортна алтернативаДва месеца откако првата сирена на локомотивата го најави неговото враќање, градскиот воз полека, но сигурно станува дел од секојдневието на скопјани. За жителите кои живеат покрај железничката траса веќе станува и навика, оти велат е поинтересна и попрактична транспортна алтернатива. Дел од нив не паметат кога пред градскиот воз, последен пат се возеле на шини – патувањето велат е сосема поразлично, евтино, брзо и удобно, а притоа да не го изгубат целиот ден патувајќи... За други, пак, возот денеска беше можност за празнична прошетка, посета на пријатели или на некој од околните манастири. Велат, брзата железничка врска била мотив плус да излезат од дома и денот да го поминат поинаку. Најголема возбуда, очекувано, кај најмалите. И денеска забележавме родители кои ги носеа своите деца на возење со воз. За тинејџерите од Зелениково пак тој веќе е дел од секојдневнието, превоз до училиште, како и за почести прошетки. Во текот на денот оваа линија од Скопје до Зелениково, каде повратна карта е 70 денари ја користат околу 300 граѓани, половина од нив веќе имаат и месечни билети. Машиновозачите и кондуктерите велат дека интересот е се поголем. Железницата во земјава, како и во целиот свет велат треба да стане примарен, а не алтернативен транспорт. Граѓаните дополнително сметаат дека градскиот воз би бил уште покорисен со почести поаѓања и подобро усогласен возен ред. Предлагаат и воведување интегриран билет што би важел за целиот јавен превоз, што патувањето би им го направило поедноставно и попрактично. Сепак, железницата да стане уште попристапна и побезбедна, потребни се дополнителни инфраструктурни подобрувања, особено во однос на сообраќајната сигнализацвија и рампите на железничките премини. Градскиот воз почна да сообраќа на први септември, со почетокот на учебната година. На линијата Скопје – Зелениково има по осум поаѓања дневно во секој правец, а патувањето трае околу 25 минути. Оваа линија е првата од трите предвидени, односно втората траса ќе биде од Волково до Транспортен центар и третата од Илинден исто така до центарот на градот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУХМР: Следува период со променливо време, на планините се очекува и снег Завршија топлите и сончеви денови.. Дождливото и ветровито време ќе продолжи и во следните денови, а според прогнозата од синоптичарите, наскоро на повисоките планини ќе падне и снег. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook