Словачкиот амбасадор Маркуш: Продолжете со реформите првенствено за корист на самите граѓани - Канал 5

Словачкиот амбасадор Маркуш: Продолжете со реформите првенствено за корист на самите граѓани

Амбасадорот на Словачка во Македонија Хенрик Маркуш, денеска порача земјава како кандидат за влез во Европската Унија да продолжи да ги спроведува реформите првенствено за добробит на самите граѓани. 

Словачкиот амбасадор Маркуш: Продолжете со реформите првенствено за корист на самите граѓани

Тој го поздрави и, како што рече, заслужениот позитивен извештај на Европската комисија за напредокот на земјава постигнат во изминатите неколку месеци.

-Не треба да се опуштате, туку да направите поодлучни чекори кон членство во ЕУ. Вие како граѓани на земја кандидат во ЕУ треба да продолжите со реформите, првенствено за ваша добробит, отколку само заради самото членство. Без да се разбере суштината на оваа порака, ќе биде многу тешко да ги постигнете вашите евроинтеграциски аспирации, рече Маркуш на Втората сесија на Работната група 4 Правда, слобода и безбедност (Поглавје 24), на Националната конвенција на Европска Унија во Македонија (НКЕУ-МК).

Според него, иако постои, како што рече, нејасна ситуација дали отворањето на првите поглавја ќе се случи за време на германското претседателство со ЕУ, неопходно е да се продолжи со интензивниот процес за пристапување во ЕУ.

-Верувам дека во секој случај промената на менталитетот е неопходна. Не мислете дали отворањето на поглавјата ќе биде сега или подоцна, почнете со неопходната работа без размислување дали тоа ќе се одложи. Што поскоро продолжите со интензивниот процес на придружување кон ЕУ, полесно и побрзо ќе биде вашето пристапување во Унијата, подвлече Маркуш.

Посочи дека ја гледа Македонија како потенцијален лидер на евроинтегративните процеси во регионот.

-Целиот регион не е во најдобра форма. Како паралела на ова, во самата Унија амосферарта не е толку ентузијастичка за забрзан процес на проширување. Но од друга страна Унијата исто така има потреба од успех во регионот, оцени словачкиот амбасадор. Подвлече оти не гледа причина земјава да не биде лидер и позитивен пример во регионот.

-Зошто Македонија не би била лидер и позитивен пример да биде способна да продолжи побрзо отколу останатите во регионот. Не гледам причина вашата земја да не докаже дека е можен брз и суштински напредок. Ви препорачувам тоа да го направите без одложување, сега, истакна Маркуш, додавајќи дека Поглавјето 24, овојпат поврзано со Ковид пандемијата, е можност каде што може да се даде суштински придонес.

Потсети дека Словачка минатата недела даде донација на земјава со цел помош за справување со коронавирусот.

-Националната конвенција е долгорочен придонес на Словачка за вашите напори и е бидеме многу среќни тоа да го видиме како успешна приказна, првенствено во вашето придружување кон ЕУ, што е можно поскоро, заклучи словачкиот амбасадор на Втората сесија на Работната група 4 Правда, слобода и безбедност (Поглавје 24), на Националната конвенција на Европска Унија во Македонија (НКЕУ-МК). /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова: Српските граѓани покажаа демократска зрелост преку мирен трансфер на политичката власт

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го поздрави исходот од парламентарните избори во Србија.

Сиљановска-Давкова: Српските граѓани покажаа демократска зрелост преку мирен трансфер на политичката власт

Честитки за исходот од денешните избори во Србија! Српските граѓани покажаа демократска зрелост преку мирен трансфер на политичката власт“,напиша Сиљановска-Давкова на мрежата ИКС.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседателот на СДСМ Филипче упати честитки по големата победа во Србија

Претседателот на СДСМ, проф д-р Венко Филипче упати честитки до граѓаните на Србија по големата победа на изборите. 

Претседателот на СДСМ Филипче упати честитки по големата победа во Србија

„Честитки до граѓаните на Србија за големата, историска победа!

Како што најавивме, следува ослободување од криминалните структури на власта. Падна Орбан. Падна Вучиќ. Сите знаеме кој е следен.

Очекувам Србија и Македонија да градат најдобри можни односи, засновани на меѓусебно почитување и соработка.

На граѓаните на Македонија им порачувам дека нè чека борба, ни малку лесна, затоа што се бориме против остатокот од оваа криминална балканска група. “ стои во честитката на претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Студентите ја прославија победата во центарот на Белград

Веднаш по прогласувањето на победата, во центарот на Белград почна славењето, кое траење до доцна во ноќта. Таму беше и екипата на Канал 5 – новинарот Михаило Донев и снимателот Зоран Блажевски.

Студентите ја прославија победата во центарот на Белград

Каква беше синоќа атмосферата на улиците во главниот град на Србија и како е утринава се разотиде ли народот од улиците?

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер