Манасиевски: Ислам Абази го спаси Филипче, откако Вилма Русковска и Елизабета Јосифовска од СЈО со години го чуваа предметот во фиока
Лишено лице од беровско, управувал возило со 2,62 промили алкохол во организмот и предизвикал сообраќајна незгода
1Манасиевски: Ислам Абази го спаси Филипче, откако Вилма Русковска и Елизабета Јосифовска од СЈО со години го чуваа предметот во фиока
2Лишено лице од беровско, управувал возило со 2,62 промили алкохол во организмот и предизвикал сообраќајна незгода
3СВР Велес го расчисти случајот со уништување на урбаната опрема во дворот на основното училиште „Васил Главинов“ во Велес
ТенисСлоун Стивенс го освои трофејот во МајамиАмериканската тенисерка Слоун Стивенс триумфираше на Мастерсот во Мајами и стигна до втората голема титула во кариерата.Стивенс во Мајами дојде како 13 носителка на турнирот, но во финалето ја совлада Јелена Остапенко од Летонија со 2:0 во сетови (7:6, 6:1). Американката го доби првиот сет во тај-брејк со 7:6, но во вториот ја искористи слабата игра на својата противничка и славеше со убедливи 6:1. Стивенс на патот до титулата елиминираше четири тенисерки со грен-слем титули Гарбиње Мугуруза, Анџелике Кербер, Викторија Азаренка и Остапенко, која лани го освои Ролан Гарос.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМанасиевски: Ислам Абази го спаси Филипче, откако Вилма Русковска и Елизабета Јосифовска од СЈО со години го чуваа предметот во фиокаИслам Абази го спаси Филипче, откако Вилма Русковска и Елизабета Јосифовска од СЈО со години го чуваа предметот во фиока.Аргатот на Заев, Филипче и Ахмети, Ислам Абази шефот на ОЈО ГОКК, го затвори предметот за градењето на 19 модуларни болници во време на КОВИД кризата, од кои во една се запалија 14 наши сограѓани. Од 10 септември 2021 година, од кога е оформен предметот, до ден денешен, 20 август 2026 година, точно 5 години подоцна, ОЈО ГОКК предводенo од Абази, вели дека не постои основано сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувања при јавните набавки. Да потсетиме, за да бидат поставени модуларните болници, односно пред да се случи пожарот во модуларната болница каде што живи горат 14 наши сограѓани, Филипче и Зоран Заев наместо да ги подобрат стандардите на болниците, тогашното Министерството за транспорт и врски, по предлог на владата, го менува Законот за градење по итна постапка, со цел овој тип на објекти да ги преместат во урбана опрема за чие поставување и одобрение ќе издава МЗ или тогашниот министер, Венко Филипче. Што значи, Филипче е директно одговорен за поставување на модуларните болници, и секако за се што се случило по тоа. Дополнително, Филипче не потпишал минимум технички спецификации ниту пак направил елаборат за електрична енергија. Со тоа, Филипче е директниот виновник за пожарот во тетовската модуларна болница на 8 септември 2021 година. Исто така, да не заборавиме и дека објектот во Тетово бил поставен директно над резервоар на бензиска станица. Почитувани граѓани, Овој предмет го воделе прво Вилма Русковска, за потоа да оди во фиоките на обвинителката од СЈО, Елизабета Јосифовска и таму да фаќа прашина по фиоки, за на крај да оди кај трета обвинителка, која вели дека не постои основано сомнение за сторен криминал. Затоа и денес токму Филипче не даде коментар за одлуката на ОЈО ГОКК за затворање на предметот, која тој веќе однапред ја знаел, бидејќи бил известен. На само некој месец, од заминувањето од функцијата шеф на ОЈО ГОКК, аргатот Ислам Абази си ја одработува својата задача, и ги заштитува своите шефови. За крај, тоа што денес е затворена истрагата, не мора да значи дека утре нема да излезат нови докази и повторно да се отвори истата постапка, рече Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВтор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16Прскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање11:05Активни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
ЖивотНовак Ѓоковиќ: „Бев светски негативец, а немав никаква вина“ Легендарниот српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ проговори за тешкотиите низ кои мина во времето на корона во Австралија во текот на 2022 година. Тој детално го изнесе својот став за неправдата што го снајде. Најдобриот тенисер во историјата Србинот, Новак Ѓоковиќ, деновиве повторно е во центарот на вниманието на светската јавност но не поради резулати на тенискиот терен , причината за тоа е документарниот филм за еден од најдобриоте светски спортисти на сите времиња. Меѓу темите во филмот „Новак Ѓоковиќ: Зимски волк“ е и една од најбурните епизоди во неговата кариера. Српскиот тенисер беше депортиран од земјата во пресрет на Австралија опен во 2022 година, по неколкудневна правна и политичка драма, а сега откри како сето тоа влијаело врз него. Во споменатиот документарец, кој ќе се емитува на „Amazon Prime“, Ѓоковиќ тврди дека целиот случај немал никаква врска со здравствените прописи, туку дека бил главно политички мотивиран. „Во тениските кругови ме нарекуваа негативец повеќе од кога било претходно. Тогаш бев светски негативец.“ Новак пристигна во Австралија невакциниран против коронавирусот, поради што прво му беше поништена визата, а потоа, по одлуката на судот, мораше да ја напушти земјата. Особено го погоди фактот што, како што подоцна дознал, уште две лица – еден тенисер и еден тренер – влегле во Австралија врз основа на истото медицинско изземање. „Подоцна дознав дека уште две лица, еден играч и еден тренер, влегле во земјата врз основа на истото медицинско изземање. Значи, сè беше политички мотивирано.“ Славниот тенисер – како и секогаш, искрен – овојпат нагласи дека никогаш не сакал да биде претставуван како дел од движењето против вакцинацијата. „Тоа немаше никаква врска со медицината, ниту со што било друго. Сè беше политички мотивирано. Никогаш не реков дека сум против вакцините, ниту пак дека ги поддржувам.“ Тој додаде: „Дури и движењето против вакцинацијата ме сметаше за херој, а знаете дека никогаш не се поистоветував ниту со движењето против вакцинацијата, ниту со она за вакцинација, ниту со што било слично.“ Ѓоковиќ својот став го опиша како прашање на лична слобода. „Јас се залагам за слободата да одлучувате што ќе правите со своето тело.“ Неговиот случај предизвика огромно внимание во Австралија, особено поради строгите епидемиолошки мерки што важеа во тоа време. Граѓаните беа ограничени во поглед на голем број слободи, вклучително и патувањето, посетите на семејството и присуството на погреби, што дополнително ја поттикна контроверзноста околу доаѓањето на Ѓоковиќ. Австралиските власти тогаш тврдеа дека неговиот престој би можел да предизвика општествени тензии, додека Ѓоковиќ неколку години подоцна призна дека разбира зошто граѓаните биле револтирани. Сепак, и понатаму останува прашањето зошто токму српскиот тенисер го добил третманот што му бил приреден. „Австралија беше една од земјите со најстроги мерки и најдолг карантин. Знам дека не сакаа некој како мене – кој е познат во таа земја и за кого сите знаат дека не е вакциниран – да дојде, да одигра турнир, да остане еден месец или колку и да е, а потоа да си замине, додека луѓето од Австралија не можеа да се вратат дома и не им беше дозволено тоа.“ И покрај тоа што денес има повеќе разбирање за реакцијата на јавноста, Ѓоковиќ не смета дека тој требало да сноси одговорност за околностите што довеле до неговото протерување од земјата. „До одреден степен разбирам дека го чувствуваа тој притисок, но тоа не беше моја вина“, заклучи најдобриот и најтрофејниот светски тенисер во Истроијата, Ѓоковиќ. Тагови: Новак Ѓоковиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишено лице од беровско, управувал возило со 2,62 промили алкохол во организмот и предизвикал сообраќајна незгодаНа 19.08.2026 во 17:40 часот во Берово, полициски службеници од ОВР Берово го лишија од слобода Љ.М.(62) од с.Русиново, беровско. Претходно, тој со патничко возило „форд“, кое го управувал, удрил во паркирано патничко возило и во ограда од двор на куќа. При преземање мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,62 промили алкохол во крвта. Извршен е увид, за настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter