Следните денови се очекува средба Мицкоски-Таравари за иднината на АА во владата - Канал 5

Следните денови се очекува средба Мицкоски-Таравари за иднината на АА во владата

Коалицијата ВРЕДИ и официјално станува партија. Процесот на транформација, според најавите на Меџити ќе започне од следната недела. 

Следните денови се очекува средба Мицкоски-Таравари за иднината на АА во владата

Партијата ќе добие свое седиште и информативен центар, ќе има консолидирана структура и на изборите наесен ќе настапи со заеднички програма, кандидати за градоначалници и советнички листи, вели Меџити во Поткастот на порталот Телеграфи. Според него не е важно кој ќе биде лидер на партијата, целта е обеднување и подобра организација, а доправа ќе се одлучува и за имињата на кадидатите со кои ќе истрчаат на локалните избори.

„ Ги читам гласачите кои бараат спојување на ВЛЕН во еден субјект… Ниту сум тврдел, ниту тврдам дека сум лидер на ВЛЕН. Ме интересира концептот. Главната цел е обединување и подобра организација пред локалните избори. Не е важно кој ќе биде претседател туку мисијата и целта“– Изет Меџити, ВРЕДИ .

Транформацијата на Вреди од коалиција во партија, доаѓа по само неколку денови откако Алијанса на Таравари одлучи на локалните да настапи со свои советнички листи, што од Вреди го протолкуваа како негово самоисклучување од Коалицијата. Тараври во изјава за „Стадион“ вели дека повеќе не гледа простор за понатамошна соработка со Вреди и откри дека е во коминикација со лидерот на итегративците Ахмети и не ја исклучува можноста за соработка со ДУИ на вториот круг од локалните. Таравари вели и дека доправа ќе се одлчува дали ќе остане во Владата, а конечната одлука ќе се носи на средбата која очекува да ја има со премиерот Мицкоски.

„Со Ахмти не сум се сретнал, сум се слушнал по телефон. Начелно мислам дека треба да одиме сами, но не ја исклучувам можноста во втор круг некаде со ДУИ да се поддржуваме. Ние не сме родени во Влада. Ако сметат да бидеме во Влада ќе продолжиме, ако не ќе одиме во опозиција. Генерлно ние сме заинтересирани да продолжиме во Влада. Зависи од премиерот. – Арбен Таравари, Алијанса за Албанците.

Комуникацијата со Таравари ја потврди и Ахмети. Според него Тараври ја напуштил Вреди бидејќи сфатил дека позициите на Албанците во власта биле понижувачки.

„Како што изјави господинот Таравари, имав краток телефонски разговор и ништо повеќе. Како што изгледа од сите изветшаи кои стигнуваат кај мене, Таравари сфатил дека позициите на Албанците во Македонија е само како слуга и тоа што им кажува агата тоа го прават, се надевам дека и другите ќе сфатат“.– Али Ахмети, претседател на ДУИ.

Превирања во Вреди кои доведоа до напуштање на Коалицијата од страна на Таравари траеа подолг период. Дали и како поделбите во Вреди ќе се одрзат врз функционирањето на владината коалиција, ќе се знае по средбите на Мицкоски со раководството на Вреди и со Таравари, кои се очекува да се одржат деновиве.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Политиката на изолација на Мицкоски најдобро се гледа на граничниот премин

Додека Христијан Мицкоски со државниот авион (што веќе го третира како приватен) оди на своите екскурзии,  македонските граѓани со децата, стојат со саати под жешкото сонце на граничните премини.

СДСМ: Политиката на изолација на Мицкоски најдобро се гледа на граничниот премин

Колони од повеќе километри.

Чекање од 4, 6, понекогаш и 10 часа.

Луѓе што сакаат само да стигнат до море.

Ова е реалната слика на политиката што ја спроведува организираната криминална група ВМРО-ОКГ.

Половина од Владата и голем дел од функционерите на ВМРО имаат бугарски пасоши.

Нивните семејства имаат бугарски пасоши.

Имаат фирми во Бугарија.

Имаат европски документи.

Тие и нивните најблиски минуваат преку посебен - ЕУ премин.

Тие си обезбедија Европа за себе.

За граѓаните на Македонија не им е гајле.

Единствената нивна грижа е што во буџетот сѐ помалку има пари за нови криминални тендери.

Тоа е најголемата грижа на „тендер-патриотите“.

Додека народот стои во колона, тие летаат.

Додека децата седат во прегреани автомобили, тие уживаат во привилегиите што си ги обезбедија преку бугарските пасоши.

Ова е нивна политика - изолација за народот, Европа за себе.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Нов потпорен ѕид во градинката „Кочо Рацин", инвестиција од 5,99 милиони денари

Општина Центар информира дека во кругот на градинката „Кочо Рацин" се отстранува стариот потпорен ѕид и на негово место се гради нов со должина од 37,26 метри и висина од 3,6 метри.

Герасимовски: Нов потпорен ѕид во градинката „Кочо Рацин", инвестиција од 5,99 милиони денари

Станува збор за ѕид кој беше стар 25 години, кој сега ќе биде заменет со конструкција од армиран бетон, со темели пошироки од претходните.

„И ова лето вложуваме во воспитно-образовната инфраструктура. Во моментов се работи и на поставување нова енергетски ефикасна фасада на училиштето „Кирил и Методиј", следно е спортската сала во училиштето „Коле Неделковски" и „Гоце Делчев“, а во тек се и санации во ООУ „Димитар Миладинов", рече градоначалникот Герасимовски.

Изградбата на ѕидот се изведува по сите важечки стандарди, со посебно внимание на квалитетот на материјалот и техничката изведба. Проектот е вреден 5.992.394,00 денари и ќе биде целосно завршен во рок од еден месец.

Со оваа инвестиција, Општина Центар продолжува со континуираниот процес на подобрување на инфраструктурата во училишните и предучилишни установи на својата територија.

Со почит,

Одделение за односи со јавност

Општина Центар - Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Скопје има градоначалник на екскурзија - исто како и неговиот шеф!

Орце Ѓорѓиевски, еден од најблиските соработници на Мицкоски, исто така е на екскурзија.

СДСМ: Скопје има градоначалник на екскурзија - исто како и неговиот шеф!

Како што шефот ја води државата, како на екскурзија, така и Орце го води Скопје - место каде што главна активност се тендерите.

Сѐ уште нема одговор:

• Колку чинеше AI-решението за билбордот? (Веруваме дека е поскапо од вообичаено, бидејќи коњот на билбордот има пет нозе).

• Која фирма го работеше?

• Дали таа фирма има врска со Орце?

• Како е можно билборд што треба да го промовира Скопје повеќе да го промовира Белград и Храмот Свети Сава?

Нема одговор ни за водата.

Не знаеме што покажа дронот што од воздух ги испитуваше Лепенец и Вардар - кој ги загади реките?

Единствено што добија граѓаните од Орце е апел да си го чистат градот од ѓубре,

затоа што тој не е способен да го направи тоа.

Тоа е сѐ што доби Скопје од Орце Ѓорѓиевски: екскурзии, скапи AI-билборди со петножни коњи, промоција на Белград и апел граѓаните сами да си го чистат градот.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер